Регионален центар за одржлив развој - Гевгелија

  • Home
  • Macedonia
  • Gevgelija
  • Регионален центар за одржлив развој - Гевгелија

Регионален центар за одржлив развој - Гевгелија Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Регионален центар за одржлив развој - Гевгелија, Non-Governmental Organization (NGO), Маршал Тито бр. 60, Gevgelija.

🏆 Национално дебатно првенство 2026 🏆Во периодот од 8 до 10 мај во Скопје, на Правниот факултет „Јустинијан Први“, успеш...
12/05/2026

🏆 Национално дебатно првенство 2026 🏆

Во периодот од 8 до 10 мај во Скопје, на Правниот факултет „Јустинијан Први“, успешно се реализираше Националното дебатно првенство 2026, кое собра млади дебатери од целата држава во World Schools формат на македонски јазик. 🗣️

Членови од Локалниот дебатен клуб при Регионален центар за одржлив развој беа дел од овој значаен настан и достојно го претставија клубот.

Како дебатери учествуваа Живко Узунов, Магдалена Димова и Александра Митрова, додека во улога на судија учествуваше Марија Калинова. ⚖️

Првенството опфати 4 прелиминарни рунди, четвртфинале, полуфинале и финале, овозможувајќи им на учесниците да ги развиваат своите аргументациски, говорнички и критички вештини.

Им честитаме на сите учесници за покажаната посветеност, тимска работа и успешното претставување на нашиот клуб! 👏

🌱 РЕАЛИЗИРАНА ТРЕТА ЕКО АКЦИЈА! 🌍На ден (четврток), 30.04.2026 година, успешно се реализираше третата еко акција во рамк...
07/05/2026

🌱 РЕАЛИЗИРАНА ТРЕТА ЕКО АКЦИЈА! 🌍

На ден (четврток), 30.04.2026 година, успешно се реализираше третата еко акција во рамки на проектот „Еколошка свесност: Селектирај, Рециклирај, Реагирај“, што го спроведува Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија. ♻️

📍 Акцијата се одржа во парк Виолета.

🤝 Во акцијата активно учествуваа:
🔹 Матуранти од СОУ „Јосиф Јосифовски“

🧹 Акцијата се реализираше во соработка со СОУ „Јосиф Јосифовски“, јавното комунално претпријатие и локалниот инспекторат за животна средина.

💡 Ваквите активности имаат големо значење, бидејќи преку директно вклучување на граѓаните се подигнува свеста за правилно селектирање и одлагање на отпадот, што придонесува кон создавање одговорни навики и почиста животна средина.

👏 Благодарност до сите учесници кои со својот ангажман придонесоа за успешна реализација на акцијата!

📢 Проектот се реализира преку програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелената агенда за Западен Балкан“, кој го имплементираат Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, со финансиска поддршка од Европската Унија.

#ЕУсоТебе
#добровладеењезазеленаагенда

🌱 Трибина: „Зелена агенда – одржливи практики и управување со отпад на локално ниво“На 28 април 2026 година, во угостите...
04/05/2026

🌱 Трибина: „Зелена агенда – одржливи практики и управување со отпад на локално ниво“

На 28 април 2026 година, во угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, се одржа трибина посветена на одржливите решенија за управување со отпадот и улогата на локалните иницијативи во заштитата на животната средина.

🎤 На трибината говореа Бојан Трпески – Македонско здружение на млади правници, Вера Љатева – Државен инспекторат за животна средина (Вардарски и Југоисточен регион), Милица Аџигогова – Инспектор за животна средина при Општина Гевгелија и Филип Стојановски – Центар за климатски промени.

🗣️ Во рамки на дискусијата беа отворени повеќе клучни теми. Беше презентирана правната рамка за управување со отпад, со акцент на хиерархијата на отпадот, обврските на правните лица и општините, како и принципите на циркуларната економија. Се потенцираше потребата од унапредување на системот за наплата на услугите – од модел базиран на квадратура кон модел според количина (килограм/волумен) на создаден отпад, како и предизвиците во спроведувањето на законодавството и нискиот степен на селекција.

🤝 На настанот присуствуваа советници од Советот на Општина Гевгелија, претставници од ЈКПД „Комуналец“, како и претставници на граѓански организации, што придонесе за плодна дискусија и размена на идеи.

♻️ Активноста е дел од проектот „Еколошка свесност: Селектирај, Рециклирај, Реагирај“, кој го спроведува Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија.

📢 Проектот се реализира преку програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, кој го имплементираат Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, со финансиска поддршка од Европската унија.

#ЕУсоТебе #добровладеењезазеленаагенда

🌱 Трибина: „Зелена агенда – одржливи практики и управување со отпад на локално ниво“На 28 април 2026 година, во угостите...
04/05/2026

🌱 Трибина: „Зелена агенда – одржливи практики и управување со отпад на локално ниво“

На 28 април 2026 година, во угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, се одржа трибина посветена на одржливите решенија за управување со отпадот и улогата на локалните иницијативи во заштитата на животната средина.

🎤 На трибината говореа Бојан Трпески, Вера Љатева, Милица Аџигогова и Филип Стојановски.

🗣️ Во рамки на дискусијата беа отворени повеќе клучни теми. Беше презентирана правната рамка за управување со отпад, со акцент на хиерархијата на отпадот, обврските на правните лица и општините, како и принципите на циркуларната економија. Се потенцираше потребата од унапредување на системот за наплата на услугите – од модел базиран на квадратура кон модел според количина (килограм/волумен) на создаден отпад, како и предизвиците во спроведувањето на законодавството и нискиот степен на селекција.

Воедно, беше истакната улогата на инспекцискиот надзор и потребата од засилена контрола, но и континуирана едукација на правните субјекти и граѓаните за правилно постапување со отпадот. Се дискутираше и за локалните практики и предизвици во управувањето со комуналниот отпад, важноста на институционалната координација и поголемата вклученост на граѓаните.

Дополнително, беше нагласена поврзаноста помеѓу управувањето со отпадот и климатските промени, при што беа истакнати придобивките од примена на циркуларната економија и одржливите практики за намалување на негативното влијание врз животната средина.

🤝 На настанот присуствуваа советници од Советот на Општина Гевгелија, претставници од ЈКПД „Комуналец“, како и претставници на граѓански организации, што придонесе за плодна дискусија и размена на идеи.

♻️ Активноста е дел од проектот „Еколошка свесност: Селектирај, Рециклирај, Реагирај“, кој го спроведува Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија.

📢 Проектот се реализира преку програмата за подгрантирање во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, со финансиска поддршка од Европската унија.

#ЕУсоТебе #добровладеењезазеленаагенда

Трибина на тема„Зелена агенда – одржливи практики и управување со отпад на локално ниво“.📅 28.04.2026🕚 11:00 часот📍 Угос...
24/04/2026

Трибина на тема
„Зелена агенда – одржливи практики и управување со отпад на локално ниво“.
📅 28.04.2026
🕚 11:00 часот
📍 Угостителска сала, СОУ „Јосиф Јосифовски
Настанот има за цел да поттикне дискусија за современи и одржливи решенија во управувањето со отпадот, како и за значењето на локалните иницијативи во заштитата на животната средина.
Говорници според агендата:
Бојан Трпески – Македонско здружение на млади правници
Вера Љатева – Државен инспекторат за животна средина (Вардарски и Југоисточен регион)
Милица Аџигогова – Инспектор за животна средина при Општина Гевгелија
Филип Стојановски – Центар за климатски промени
Оваа активност се реализира во рамки на проектот „Еколошка Свесност: Селектирај, Рециклирај, Реагирај“, што го спроведува Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија.
📢 Проектот се реализира преку програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, кој го имплементираат Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, со финансиска поддршка од Европската унија.
#ЕУсоТебе #добровладеењезазеленаагенда

20/04/2026
🌱 РЕАЛИЗИРАНА ВТОРА ЕКО АКЦИЈА! 🌍На ден (Сабота) 18.04.2026 година успешно се реализираше втората еко акција во рамки на...
20/04/2026

🌱 РЕАЛИЗИРАНА ВТОРА ЕКО АКЦИЈА! 🌍

На ден (Сабота) 18.04.2026 година успешно се реализираше втората еко акција во рамки на проектот „Еколошка Свесност: Селектирај, Рециклирај, Реагирај“, што го спроведува Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија. ♻️

📍 Акцијата се одржа во рекреативниот парк Динќут, каде заеднички придонесовме кон почиста и уредена околина.

🤝 Во акцијата активно учествуваа:
🔹 Средношколци од СОУ „Јосиф Јосифовски“
🔹 Членови на планинарски клуб – Здружение Планинарски Спортски Клуб „Кожуф“

🧹 Акцијата се реализираше и во соработка со јавното комунално претпријатие и локалниот инспекторат за животна
💡 Ваквите активности имаат големо значење бидејќи преку директно вклучување на граѓаните се подигнува свеста за правилно селектирање и одлагање на отпадот, што придонесува кон создавање на одговорни навики и почиста животна средина.

👏 Благодарност до сите учесници кои со својот ангажман придонесоа за успешна реализација на акцијата!

📢 Проектот се реализира преку програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, кој го имплементираат Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, со финансиска поддршка од Европската унија.

#ЕУсоТебе
#добровладеењезазеленаагенда

🌱 ЕКО АКЦИЈА ЗА ЕКО СВЕСНОСТ 🌍Во рамки на проектот „Еколошка Свесност: Селектирај, Рециклирај, Реагирај“, што го спровед...
16/04/2026

🌱 ЕКО АКЦИЈА ЗА ЕКО СВЕСНОСТ 🌍
Во рамки на проектот „Еколошка Свесност: Селектирај, Рециклирај, Реагирај“, што го спроведува Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија, во рамки на планираните проектни активности за подигнување на јавната свест и поттикнување на правилно селектирање и одлагање на отпадот, организираме еко акција. ♻️
📍 Оваа акција е втора од вкупно трите планирани еко акции во рамки на проектот.
📅 Акцијата ќе се одржи во Сабота (18.04.2026) со почеток во 11:00 часот.
📍 Место на акцијата:
🔹 Рекреативен парк Динќут
🤝 Во акцијата ќе бидат вклучени и млади волонтери од Црвен крст, Локалниот инспекторат за животна средина, волонтери од Атлетски клуб „7-ми Ноември“, волонтери од Точак клуб Гевгелија, како и членови од Планинарскиот спортски клуб „Кожуф“, кои ќе дадат поддршка во реализацијата на активностите.
🧹 Во рамки на акцијата:
✔️ Ќе се чистат критични точки во градот
✔️ Активностите ќе се спроведуваат во соработка со јавните комунални служби
✔️ Ќе придонесеме кон почиста и поздрава средина за сите
💡 Кога граѓаните директно се вклучуваат во активности за чистење, тие развиваат поголема свесност за проблемот со отпадот и неговото влијание врз животната средина. Ова придонесува кон позитивна промена на ставовите и навиките, поттикнувајќи одговорно однесување како правилно одлагање и селектирање на отпадот.
📢 Ги повикуваме сите жители на Гевгелија да ни се приклучат!
📢 Проектот се реализира преку програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, кој го имплементираат Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, со финансиска поддршка од Европската унија.
#ЕУсоТебе
#добровладеењезазеленаагенда

🌱 УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ЕКО АКЦИЈА! 🌍На ден 28.03.2026 година успешно се реализираше првата еко акција во рамки на проекто...
30/03/2026

🌱 УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ЕКО АКЦИЈА! 🌍

На ден 28.03.2026 година успешно се реализираше првата еко акција во рамки на проектот „Еколошка Свесност: Селектирај, Рециклирај, Реагирај“, што го спроведува Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија. ♻️

📍 Акцијата се одржа на просторот околу атлетската патека во близина на касарната, каде заеднички придонесовме кон почиста и уредена околина.

🤝 Во акцијата активно учествуваа:
🔹 Млади волонтери од Црвен крст
🔹 Волонтери од Атлетски клуб „7-ми Ноември“
🔹 Локалниот инспекторат за животна средина
🔹 Членови на планинарски клуб – Здружение Планинарски Спортски Клуб „Кожуф“

🧹 Акцијата се реализираше и во соработка со јавното комунално претпријатие.

🧹 Во рамки на акцијата беа исчистени повеќе критични точки, при што се отстрани значителна количина на отпад.

💡 Ваквите активности имаат големо значење бидејќи преку директно вклучување на граѓаните се подигнува свеста за правилно селектирање и одлагање на отпадот, што придонесува кон создавање на одговорни навики и почиста животна средина.

👏 Благодарност до сите учесници кои со својот ангажман придонесоа за успешна реализација на акцијата!

📢 Проектот се реализира преку програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, кој го имплементираат Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, со финансиска поддршка од Европската унија.

#ЕУсоТебе
#добровладеењезазеленаагенда

🌱 **ЕКО АКЦИЈА ЗА ЕКО СВЕСНОСТ** 🌍Во рамки на проектот **„Еколошка Свесност: Селектирај, Рециклирај, Реагирај“**, што го...
25/03/2026

🌱 **ЕКО АКЦИЈА ЗА ЕКО СВЕСНОСТ** 🌍

Во рамки на проектот **„Еколошка Свесност: Селектирај, Рециклирај, Реагирај“**, што го спроведува Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија, во рамки на планираните проектни активности за подигнување на јавната свест и поттикнување на правилно селектирање и одлагање на отпадот, организираме еко акција. ♻️

📍 Оваа акција е една од вкупно трите планирани еко акции во рамки на проектот.
📅 Акцијата ќе се одржи во сабота (28.03.2025) со почеток во 11:00 часот.

📍 Место на акцијата:
🔹 Просторот околу атлетската патека која се наоѓа близу касараната.

🤝 Во акцијата ќе бидат вклучени и млади волонтери од Црвен крст, Локалниот инспекторат за животна средина, како и волонтери од Атлетски клуб „7-ми Ноември“, кои ќе дадат поддршка во реализацијата на активностите.

🧹 Во рамки на акцијата:
✔️ Ќе се чистат критични точки во градот
✔️ Активностите ќе се спроведуваат во соработка со јавните комунални служби
✔️ Ќе придонесеме кон почиста и поздрава средина за сите

💡 Кога граѓаните директно се вклучуваат во активности за чистење, тие развиваат поголема свесност за проблемот со отпадот и неговото влијание врз животната средина. Ова придонесува кон позитивна промена на ставовите и навиките, поттикнувајќи одговорно однесување како правилно одлагање и селектирање на отпадот.

📢 Ги повикуваме сите жители на Гевгелија да ни се приклучат на првата еколошка акција!

📢 Проектот се реализира преку програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, кој го имплементираат Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, со финансиска поддршка од Европската унија.

#ЕУсоТебе
#добровладеењезазеленаагенда

Address

Маршал Тито бр. 60
Gevgelija
1480

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

0038934218935

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Регионален центар за одржлив развој - Гевгелија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Регионален центар за одржлив развој - Гевгелија:

Share