Macedonian Human Rights Movement of New York and New Jersey

Directions Contact the organization

Macedonian Human Rights Movement of New York and New Jersey MHRMOFNYNJ founded in early 1990’s, on March 30, 1991, was officially established and began to function under the rules of its statute and the Laws of USA.

https://www.facebook.com/share/p/1EvEheLmcn/
10/30/2026

https://www.facebook.com/share/p/1EvEheLmcn/

Зошто Македонија никогаш нема да влезе во Унијата ако не го откаже вториот протокол?

29.10.2026
Ако малку подлабоко се анализираат политиките на Брисел, во сите овие 35 години, јасно ќе се види дека Унијата нема намера да ја прими Македонија! Преговарачката рамка е главен доказ дека тоа е точно. Со неа, Македонија нема никогаш ни да се приближи до Брисел, камоли да стане членка. А рамката, воопшто не е случајна. Ако некој мисли дека таа е скроена (само!) врз бугарски историски синдроми – длабоко се лаже. Да потсетиме – таа беше подметната како „француски предлог“. А Париз воопшто не крие дека стои зад рамката, која е и тотално – нелегална. Претходно, како претседавачи со ЕУ, слично се однесуваа и Германија и Португалија, што е веќе некаков консензус против Македонија.
Причините за таквата политика на ЕУ воопшто не се случајни: влеземе ли во ЕУ како Македонци, дефинитивно се затвора „македонското прашање“. Тоа би била симболична, ама и трајна потврда од 27 европски држави дека има одвоен македонски народ, има автохтон македонски јазик…, што никој потоа нема да може да ги негира. Тоа е суштината зошто се спречува нашето членство.
По прогласувањето независна македонска држава, клучната намера на главниот меѓународен фактор беше, и сѐ уште е, дефинитивно затворање на „македонското прашање“ – ама со бришење на Македонците, а не со нивно прифаќање! По распадот на СФРЈ, токму заради реализација на таа цел, бевме секојдневно исправени пред голготи: непризнавање, блокади, ултиматуми, уцени… Таквото сценарио беше замислено во Вашингтон, а Брисел целосно го поддржува(ше). Врз основа на таа намера е и сегашното финале: со агресивен притисок наместо во ЕУ – Македонците да бидат побугарени! Во дипломатијата и политиката, ништо не е случајно.
Во истиот контекст, Брисел никогаш не користи термин „македонски народ“, да не зборуваме за „Македонци“, а изразот „македонски јазик“ максимално го одбегнува. Ги наведувам и нивните последни изјави, кои се добра потврда за ова.
Пред некој ден во Скопје, Фон дер Лајен во лице ни плесна – „Ние ќе ѝ посакаме добредојде на (С.) Македонија со нејзиниот идентитет (?!?) и со нејзиниот јазик. Веруваме дека македонската култура и македонскиот јазик може да ја направат нашата унија побогата“. Барем засега, јазикот, културата, црквата, Владата… не можат да ги игнорираат како македонски, ама „македонски народ“ и „Македонци“ – можат! И тоа апсолутно не е случајно. Нивната пракса, пак – ние ја толерираме? Зошто? Од каде сега, за Урсула, и Македонија има – идентитет?! Во Скопје, порано ни велеа – „вашата земја“, за да не ја користат референцата од ООН, со што ќе го кршеа нашиот устав! Фон дер Лајен ни рече и дека сме биле – „земја што си стои на зборот“. Тоа е остро предупредување – да не помислуваме на откажување на капитулантските обврски, кои се резултат на класични предавства. Нејзе, тоа ѝ е секако добро познато. Но таа и нѐ пофали – „Преспанскиот договор беше момент на вистинска политичка храброст…“! Таа добро знае дека и фашистичка Франција, на маршал Петен, била исто така – „момент на вистинска политичка храброст“! Арно ама предавничка, како и во Нивици!

Марта Кос, комесарката за проширување, пак, нѐ уверува: „Многу земји имаат заедничка историја. Добро е што се признава тоа, но да гледаме кон иднината…“! И, се разбира, не кажа кои земји? На пример, дали нејзината Словенија има заедничка историја со Италија, која окупираше нејзини делови? Си играат мајтап со нас, што друго? Деновиве, таа надмено ни соопшти дека мораме да го менуваме Уставот ако сакаме во ЕУ. А не може да не ѝ биде јасно дека, прво, ЕУ не може да поставува ултиматум за промена на нечиј устав по барање на земја членка. Второ, дека тој ултиматум се базира на обврска произлезена од обичен записник, со кој Унијата нема никаква врска, и во никој случај не може да се повикува на него. И, трето и клучно, тој записник е од повеќе аспекти нелегален, што секако ѝ е добро познато и на Марта.
Овие примери само потврдуваат дека Брисел има детално разработена стратегија за Македонија, со цел по секоја цена да го спречи нејзиниот прием. И тераат по свое, оти ние немаме стратегија за спротивставување. Профитираат од сите наши предавства наметнати од нив. Нѐ третираат понижувачки и нѐ држат на недостижна дистанца. А, ние?
Има уште нешто исклучително важно, што за нас не е ниту тема. И Софија и Атина нема никогаш да дозволат да влеземе во ЕУ! Чиста лага е нивното постојано повторување дека нѐ поддржуваат! Софија го стави тоа дури и во договорот за (не)пријателство. И двете држави прават сѐ, ама ќе прават уште повеќе, се разбира под маса – за да го спречат нашиот прием. Македонци во ЕУ е последното што го сакаат тие. Впрочем, Македонија не е проблем, ама беше прекрстена токму заради разнебитување на Македонците.
Ако ние влеземе во ЕУ како Македонци, Софија и Атина веќе нема да можат да го игнорираат нашето постоење и паѓаат во вода нивните вековни политики. А главните експонирани фактори што отворено го негираат тоа – се токму тие! Другите се кријат. Втората многу важна причина – се македонските малцинства кај нив. Влеземе ли во ЕУ, директно се обединува историскиот македонски простор. Вардар, Егеј и Пирин ќе бидат повторно заедно. Тоа ќе отвори широки можности за непречено развивање на македонизмот секаде каде што се Македонците и тешко ќе се попречува тоа.
Слободно може да се заклучи дека нема теоретска шанса Бугарија и Грција во ЕУ да прифатат – Македонци, македонски јазик…! За реализација на таа задача, сега е нагласено ангажирана Софија, а порано беше Атина. По распадот на Југославија, Бугарија и Грција непрекинато многу блиску се координираат против Македонија и Македонците. Најнов доказ за тоа се моштите на цар Самуил. Воопшто не е наивно што тоа се случи токму сега. Очигледно, оценките се дека кругот дефинитивно се затвора. И ќе се затвори, ако ние дозволиме! Пред дваесет години, британски експерт за Балканот, кој неколку години живееше и во Скопје, по посета на Атина, ми рече – изненадени се зошто Софија одложува и не се вклучува поагресивно против Македонија. Вклучувањето можеби малку доцнеше, ама жестоко следуваше.

Бугарија нема никогаш да прифати одложена промена на нашиот устав бидејќи нема намера да нѐ „пушти“ во Унијата. Тоа значи дека променетиот устав нема никогаш да стане оперативен. Софија, ама и Брисел…, се одлучни дека Македонци не можат да влезат во ЕУ. Од друга страна, и во Бугарија, ама и пошироко, се свесни дека и ние нема никогаш да се согласиме дека сме „Бугари по род“, со јазик што е бугарски дијалект… Поминаа времињата кога тоа беше можно.
Чинам дека сега е појасно зошто Унијата целосно ја поддржува Софија? Зад нашето побугарување стојат клучни фактори, а реализацијата на планот, без Бугарите во Уставот, очигледно ќе биде исклучително отежната. Ова е нов аларм за нас: ако не ги поставиме односите на реципрочна основа – Бугари кај нас, ама и Македонци кај нив, лошо ни се пишува.
Картите сега се во рацете на Софија, иако и Атина ќе прави многубројни проблеми во преговарачкиот процес, ако некогаш го започнеме. Тоа отворено го најави нивната претседателка, на средбата со Пендаровски. Објективно, Софија сега нема простор за какви било отстапки од своите максималистички цели, веќе вградени во рамката, ниту пак можност да ја менува неа. Затоа, сегашните контакти со Бугарија се само наше ново понижување и – губење време. Ако остане рамката, а немаат никакво влијание врз неа, дури и нешто да понудат, сѐ ќе биде џабе! Во рамката се сите идни протоколи и, ако ги нема – по автоматизам се прекинуваат и преговорите.
Одбивањето на Софија, пак, на нашиот акциски план за малцинствата е – добро испланирано! Таков план нема ниту за една друга земја и за нас е измислен, како дополнителна уцена за промена на Уставот! Како може да „помине“ таков план во Софија без да внесеме непостојни „Бугари“ во него? Планот ќе се прифати само по промената на Уставот! Преговори на таа тема се – бесмислени. Ќе ни држат лекции, Брисел ќе стимулира… бидејќи проблемот е кај нив, а Софија е само непосреден повод. Нѐ прават недоветни, што друго?
Ако сакаме да успееме, на вистината мора да ѝ погледнеме во очи, иако не е розова. Ако продолжиме како досега, нема никаде да стигнеме. Пресвртот мора да започне со откажување на вториот протокол, а да продолжи со постепено ама интензивно деконтаминирање на тешко загадениот политички терен. Приоритет мора да има средувањето на односите со Бугарија, а потоа со другите.

Без тоа, нема да има не само членство во ЕУ туку и Македонци. Предизвикот е огромен ама, сепак – сѐ зависи од нас! Ќе успееме само ако знаеме што сакаме, со соодветна стратегија и потпомогнати од странски експерти. Ултиматумот за Уставот, и преговарачката рамка, кои се нашите гробари, може да се срушат само со поништување на вториот протокол. Друг излез Македонија – нема. Патоказ од Брисел, нема да добиеме. Пореален од овој – тешко дека има! Да не забораваме, ЕУ и Софија ги бранат своите интереси. Ние мораме да ги браниме нашите.
Фактот што Унијата нема да се шири уште долго е поволен за нас. Имаме време да се избориме за нашите права и да си ги отвориме сопствените перспективи. Без тоа, сите трубења околу Унијата ќе бидат чиста лага и непотребно губење време и енергија. Народот мора да ја знае вистината ако сакаме да ни верува и да нѐ поддржува.

П.С. Подетално за нелегалноста на преговарачката рамката има во – „Дали Фон дер Лајен ги призна грешките на Унијата?“ Текстот е од истиот автор и го има на интернет.

Пишува Ристо НИКОВСКИ
НМ - Нова Македонија

Remember this face, the fighter for Macedonian people in the Agean part of Macedonia, that was given to Greece in 1913 w...
10/20/2026

Remember this face, the fighter for Macedonian people in the Agean part of Macedonia, that was given to Greece in 1913 with the Bucharest Treaty.
https://www.facebook.com/share/p/1CUL685Gwk/

Отец Никодим Царкњаз докажен борец за Македонштината во Егејот

This is the one, entitled to be Bulgaria's true represent of their history! Father of Bulgaria, Han Asparuch.
10/19/2026

This is the one, entitled to be Bulgaria's true represent of their history! Father of Bulgaria, Han Asparuch.

Варна добива нов споменик на хан Аспарух: македонската јавност реагира со иронија
„Конечно нешто што на Бугарија реално ѝ личи. Браво!“

Во средината на октомври 2026 година рeонската управа на варненскиот кварт Аспарухово објави дека Министерството за култура конечно го одобрило поставувањето на споменик на хан Аспарух на коњ. Монументот, висок над пет метри и излиен од бронза, треба да се постави до крајот на годината во непосредна близина на пешачката пасарела спроти зградата на реонското кметство. Идејата не е нова – првите најави датираат уште од август 2025 година, кога се зборуваше за привремено поставување на кружниот тек пред кметството, бидејќи планираниот меморијален комплекс во паркот „Аспарухов вал“ заглави во процедурите за детален урбанистички план.
Скулптор е доц. Николај Нинов, роден 1973 година, дипломец на Великотрновскиот универзитет кај Величко Минеков (авторот на монументалниот споменик на Аспарух во Добрич од 1981 година) и Константин Денев. Нинов предава на Варненскиот слободен универзитет и во последните години работел статуи на Трифон Иванов и на Кирил и Методиј. Архитектонскиот проект го потпишува арх. Стојан Петков, општински советник. Бронзот, според медиумските извештаи, бил излиен уште пред конечното одобрување од Министерството, што укажува дека иницијаторите работеле со извесна сигурност дека дозволата ќе стигне.
Финансирањето е целосно приватно. Зад проектот стои здружението „Тук ще бъде България“, регистрирано во август 2024 година во Варна од финансистите Светозар и Марија Гигови. Ова е нивниот прв проект. Досега се собрани над 75.000 евра од донации, но сè уште недостигаат средства за транспорт, монтажа и осветлување. Меѓу донаторите се и поранешниот районски кмет Јордан Николов и други локални деловни луѓе. Кметот Ивајло Маринов ја претстави иницијативата како чекор кон зачувување на историската меморија на кварталот што го носи името на ханот.

Во бугарската јавност најавата помина главно позитивно, како израз на родољубие без товар врз буџетот. Сепак, не поминала без забелешки. Експертскиот совет за естетика на урбаната средина при Општина Варна претходно го отфрлил проектот за поголем комплекс, а директорот на дирекциите за култура предупредувал дека монументалната скулптура лесно може да премине во кич или имитација ако не ја оценуваат професионалци. Визуелизациите што се појавија на социјалните мрежи покажуваат фигура на статуата на коњ чии пропорции и изработка кај дел од набљудувачите предизвикаа скептицизам – оттука и ироничните коментари што брзо се шират надвор од бугарските граници.

Од македонска страна реакцијата е предвидлива и длабоко вкоренета во постојните историски спорови. Коментарите не се задржуваат само на естетскиот квалитет. Тие го поврзуваат новиот споменик со бугарските претензии врз средновековните фигури што Македонија ги доживува како дел од сопственото наследство – пред сè Цар Самоил. Фразите од типот „Гоце и Аспарух не одат заедно“ или алузиите на „коренот“ не се случајни. Тие се дел од долгогодишната тензија во која секој нов бугарски монумент на средновековен владетел се чита како продолжение на наративот што го оспорува македонскиот идентитет. Бугарските одговори, пак, често се сведуваат на контрапретензии – „по Самуил, Гоце ќе си го вратиме“.

Меѓутоа, покрај критичките тонови, се појавува и една поширока, иронично-позитивна струја во македонските коментари. Многумина ја поздравуваат иницијативата токму затоа што, според нив, конечно се прави нешто што „реално ѝ личи на Бугарија“. Тие истакнуваат дека ако Аспарух е „нивниот“ основач, тогаш логично е во секој бугарски град да се подигне споменик на него – не само во Варна, туку и во Софија, Пловдив, Бургас и насекаде каде што се тврди дека започнува „бугарската држава“. На тој начин, велат, ќе се види јасно од каде потекнуваат претензиите и колку се одржливи.

Позитивните забелешки одат во насока дека ваквите споменици се корисни токму за да се демистифицира бугарскиот наратив: кога секој град ќе има свој „Аспарух на коњ“, ќе стане уште посмешно негирањето на македонскиот идентитет, јазик и историја од страна на Софија. „Нека градат, нека поставуваат – колку повеќе, толку појасно ќе биде од каде им е коренот“, пишуваат некои, додавајќи дека естетиката на монументот само ја засилува таа слика.

Хан Аспарух е владетел на Прабугарите од 7 век чие пристигнување во Мизија и основањето на Дунавска Бугарија во 681 година е факт во историските извори. Тоа е дел од бугарската државна традиција и нема никаква врска со македонската историја. Македонскиот народ има сопствен континуитет што се темели на Самуиловото царство со центар во Охрид и Преспа, на Охридската архиепископија, на средновековните македонски земји и на Илинденската традиција. Бугарските обиди да ги присвојат овие периоди, да ги прогласат за „бугарски“ и да го негираат постоењето на македонската нација, јазик и државност пред 1944 година се политички, а не историски засновани. Нема заедничка историја што би ја оправдувала таквата претензија – има само соседност и подоцнежни политички амбиции.

Бугарската политика со децении го негира македонскиот идентитет како вештачки создаден, го третира македонскиот јазик како дијалект и инсистира на ревизија на учебниците. Ова негирање се претвори во отворен притисок по 2019 година, кога Софија го блокираше отворањето на преговорите за членство во Европската унија и постави услови што директно го засегаат македонскиот јазик, историја и Устав. Договорот за добрососедство од 2017 година, наместо да ги смири односите, стана инструмент преку кој се формализираа барањата за „заедничка историја“ што во суштина значи прифаќање на бугарскиот наратив. За македонската страна тоа не е добрососедство, туку обид за негирање на сопствената државност и континуитет.

Во тој контекст, приватните иницијативи како варненскиот споменик не се изолирани локални проекти. Тие ја засилуваат симболичката присутност на наративот што ја третира средновековната балканска историја како ексклузивно бугарска. Постарите споменици на Аспарух во Варна – бистата од 1935 година и „Аспаруховиот воин“ на валот – веќе постојат и се дел од бугарската локална меморија. Новиот монумент не пополнува никаква празнина во македонската историја, бидејќи Аспарух не е дел од неа. Тој само ја прави повидлива разликата меѓу двата наративи: едниот што гради споменици на сопствениот основач, и другиот што со политички средства се обидува да го присвои туѓото минато.

Бугарија има право да си подигнува споменици на Аспарух колку сака и каде сака. Тоа не ја прави македонската историја бугарска, ниту го прави македонскиот јазик дијалект. Кога секој бугарски град ќе има свој „Аспарух на коњ“, а Софија и понатаму ќе инсистира дека Македонија нема сопствен континуитет, негирањето станува уште посмешно и понеодржливо. Македонија нема потреба да влегува во трка за споменици. Доволно е да ја брани сопствената историска вистина – Самуиловото царство, Охридската традиција и Илинденската државност – без диктати и без илузии дека некој надворешен договор ќе го замени тоа што е утврдено со факти.

Извори и линкови:
Нова Варна – „Във Варна ще има паметник на хан Аспарух“
Радио Варна – До края на годината в „Аспарухово“ поставят паметника на хан Аспарух
Plovdiv24 – Министерството на културата каза „да“ на монумента на хан Аспарух

Види Види

10/19/2026

Охи македонски пасош во Македонија – да во Швајцарија: Драган Стоиловски го откри апсурдот, а народот бара поништување на нелегалната промена на името

Бојкотот беше победа на Македонците – промената на името нелегална, референдумот пропадна, а изродите мора во затвор!

Драган Стоиловски, Македонец кој живее во Швајцарија, го сподели своето искуство кое јасно го покажува длабокиот проблем со идентитетот и документите во нашата земја.
По успешен викенд во Македонија – исполнет со убави спомени, Трката во Скопје и фудбалски натпревар – дојде горчливиот момент на аеродромот „Филип Втори“.

Горд што сеуште го поседува македонскиот пасош (не северниот), Драган го покажал на службениците за излез. Одговорот бил негативен: „Не важи, момче, овој пасош. Имаме нов ‘наш’ северен што треба да го користиме.“ И покрај тоа што пасошот е временски валиден и без проблем се користи во странство, службениците инсистирале. Само откако покажал лична карта од ЕУ, му било дозволено да ја напушти земјата.

Два часа подоцна, во Базел, истиот македонски пасош – без никаков проблем – бил прифатен. Швајцарската пасошка контрола го скенирала и го пуштила внатре.
„Кој кого прави сега будала во оваа ‘наша држава’?“ прашува Драган.
„Важи или не важи македонскиот пасош на Република Македонија? До кога ќе ги трпиме северните елементи и власти во северната изладена и цементирана творба? Македонија на Македонците!“

Оваа приказна не е изолиран случај. Таа е јасен доказ за тоа како институциите во Македонија ги понижуваат сопствените граѓани кои одбиваат да го прифатат наметнатиот „северен“ идентитет. Додека надвор од земјата македонскиот документ функционира нормално, дома се создава вештачка пречка што ги тера луѓето да се чувствуваат како странци во својата татковина.

Драган заслужува целосна поддршка. Тој не само што го зачувал македонскиот пасош, туку и јавно ја кажал вистината. Неговата одлучност е пример за сите што се уште се борат за вистинскиот идентитет. Позитивно е што има Македонци како него кои не се откажуваат и ја изнесуваат реалноста пред јавноста – токму такви сведоштва се потребни за да се разбуди совеста.

Институциите, пак, мораат да одговорат. Наместо да ги штитат правата на граѓаните и да го почитуваат историскиот идентитет, тие создаваат хаос и дискриминација кон оние што не сакаат да го прифатат променетото име. Ова не е прашање на администрација – ова е прашање на достоинство. Кога сопствената држава го отфрла валидниот македонски пасош, а странска земја го прифаќа без проблем, тогаш е јасно дека проблемот е дома.

Заклучокот е едноставен: Македонија мора да остане Македонија. Граѓаните како Драган Стоиловски го покажуваат патот – со достоинство, со истрајност и со јасен став. Време е институциите да престанат да ги мачат сопствените луѓе и да ја почитуваат вистинската македонска реалност.

Но оваа ситуација не е случајна. Таа е директна последица од нелегалната промена на името што беше спроведена против јасно изразената волја на македонскиот народ. Референдумот во 2018 година беше неуспешен – излезноста беше само околу 37 проценти, далеку под потребниот праг од 50 проценти. Бојкотот беше голема победа на Македонците! Народот јасно покажа дека не сака промена на името, идентитетот и историјата и не сака влез во ЕУ и НАТО. Сепак, поради силни надворешни и внатрешни притисоци, процесот продолжи.

Сето тоа почна со Шарената револуција, монтирани материјали од прислушкувани разговори, уцени преку СЈО и доаѓањето на власт на Зоран Заев и СДСМ. Со закани, уцени и спротивно на волјата на граѓаните, тие ја спроведоа промената.
Народот јасно си кажа на референдумот – не сакаме „Северна“! Затоа денес бараме да се поништи тоа што беше нелегално. Името мора да го вратиме! Вистината мора да излезе на виделина, а изродите што го предадоа македонскиот идентитет – во затвор. Уставобранителите мора веднаш да се пуштат!Македонија на Македонците – и никој нема право да ни го одземе името!

Види Види..... https://x.com/1VidiVidi/status/2111129715654500867

10/09/2026

Кои се и какви се Бугарите кон Македонија и Македонците, не од сега туку од секогаш. Само еднаш, не цела година, ја прифатиле вистината

https://www.facebook.com/share/p/18sxzLDRyg/

Address

1050 Pompton Avenue
Cedar Grove, NJ
07009

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Macedonian Human Rights Movement of New York and New Jersey posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Macedonian Human Rights Movement of New York and New Jersey:

Shortcuts

Share