СОС Детско село

Call Directions Website Contact the organization

СОС Детско село Ние цврсто веруваме дека ниту едно дете не треба да расте само!

Понекогаш поддршката започнува со една навремена информација. 💙Во изминатите 25 години, здруженијата, организациите и ме...
26/10/2026

Понекогаш поддршката започнува со една навремена информација. 💙

Во изминатите 25 години, здруженијата, организациите и медиумите беа важен дел од нашата мисија помагајќи нашите пораки и услуги да стигнат до повеќе деца, млади и семејства, а темите за кои се залагаме да добијат поголема видливост во јавноста.

На јубилејот им оддадовме признание за соработката, поддршката и придонесот гласот на СОС Детско село да се слушне подалеку.

Благодариме што ни помагате важните пораки да стигнат таму каде што се најпотребни. 💙
Заедно менуваме животи.

23/10/2026
21/10/2026

25 години СОС Детско село. 💙

Повеќе од 6.090 променети животи. Илјадници приказни за поддршка, сигурност, нови почетоци и можности.

Зад секоја бројка стои човек. Зад секоја приказна – живот што добил поинаква насока.

25 години МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ. И продолжуваме. 💙

Зад секое дете, млад човек или семејство кое успеало да продолжи напред, стои цела мрежа од луѓе и партнери кои во висти...
19/10/2026

Зад секое дете, млад човек или семејство кое успеало да продолжи напред, стои цела мрежа од луѓе и партнери кои во вистинскиот момент направиле нешто важно. 💙

Во изминатите 25 години, институциите и амбасадите беа важен дел од таа мрежа, преку стратешко партнерство, долгогодишна соработка и придонес кон развојот на СОС Детско село и унапредувањето на системот на социјална заштита.

На јубилејот им оддадовме признание за довербата, партнерството и придонесот што низ годините го создававме заедно.

Благодариме за довербата, поддршката и партнерството.
Заедно менуваме животи. 💙

15/10/2026

Зад мисијата на СОС Детско село стојат луѓе кои со своето знаење, искуство и лична посветеност придонесуваат таа да се развива и да создава трајни промени во животот на децата и семејствата. 💙

Д-р Зорица Силјановска, Наташа Мијат Крстевска и Сузана Андреев, членки на Управниот одбор на СОС Детско село, споделуваат што за нив значи припадноста кон СОС семејството, што ги мотивира и кои искуства оставиле најсилна трага во нивниот ангажман.

Нивните одговори се лични, искрени и различни, но во секој од нив се препознава истата определба – секое дете да расте опкружено со грижа, сигурност и поддршка.

Погледнете го видеото. 💙

Луѓето што ја поставија основата на една 25 годишна приказна 💙Една организација не се создава само со идеја. За да трае ...
09/10/2026

Луѓето што ја поставија основата на една 25 годишна приказна 💙

Една организација не се создава само со идеја. За да трае 25 години, потребни се луѓе кои ќе поверуваат во неа уште кога сè е на почеток, ќе преземат одговорност, ќе носат важни одлуки и ќе останат верни на вредностите низ годините.

На јубилејот, претседателот на Управниот одбор на СОС Детско село, д-р Александар Трајковски, им ги врачи Јубилејните плакети на луѓето кои во различни периоди го основале, воделе и развивале СОС Детско село.

Со особена благодарност и почит им оддадовме признание на Лилјана Кимова, постхумно на Илија Рајчановски, Владанка Давковска, д-р Иван Двојаков, Зорица Серафимовска Арсовска, постхумно на Славица Спироска, Сузана Андреев и проф. д-р Иван Трајков.
Некои од нив беа тука кога СОС Детско село беше само идеја што требаше да стане реалност. Други ја презедоа одговорноста во различни периоди од неговиот развој, градејќи институција, отворајќи нови патишта, внесувајќи знаење, искуство и човечност.
Нивниот придонес не останува само дел од историјата на организацијата. Тој е вграден во нејзините вредности, во начинот на кој работиме денес и во секој следен чекор што го правиме за децата и семејствата.

25 години подоцна, им благодариме на оние што го започнаа патот, на оние што го продолжија и на сите што ја носеа мисијата со одговорност низ годините.
А денес, таа одговорност продолжува да се пренесува понатаму. 💙

Aleksandar Trajkovski Zorica Serafimovska Arsovska Ivan Trajkov

25 години променети животи. 25 години луѓе, компании и институции кои веруваат дека заедно можеме повеќе. ❤️На нашата ју...
08/10/2026

25 години променети животи. 25 години луѓе, компании и институции кои веруваат дека заедно можеме повеќе. ❤️

На нашата јубилејна прослава им оддадовме посебно признание на компаниите кои низ годините беа дел од приказната на СОС Детско село и со својата поддршка, доверба и подготвеност да застанат зад нашата мисија.

Секое признание е повеќе од плакета. Тоа е благодарност за партнерството, за довербата и за сите моменти во кои заедно придонесовме за подобар живот и иднина за децата, младите и семејствата кои ги поддржуваме.

Ви благодариме што сте дел од нашите 25 години.
25 години се зад нас. Но, потребата сè уште постои. Затоа, продолжуваме заедно- во следните 25 години. ❤️

Alkaloid AD Skopje ОКТА GD Granit AD Skopje DHL Express Macedonia Makstil / Макстил NLB Banka Skopje МАКЕДОНИЈА осигурување Виена Иншуренс Груп Vitaminka VERO marketi Пакомак Пивара Скопје / Pivara Skopje Halkbank AD Skopje

25 години. Повеќе од 6.090 променети животи. 💙Со јубилејна вечер во Македонскиот народен театар, под покровителство на п...
07/10/2026

25 години. Повеќе од 6.090 променети животи. 💙

Со јубилејна вечер во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, одбележавме 25 години СОС Детско село Македонија.

„Домот не е само куќа ниту покрив над главата, туку место во кое ги учиме лекциите за блискост, припадност и доверба“, порача претседателката Сиљановска-Давкова, нагласувајќи ја важноста на вложувањето во децата и нивната иднина.

За патот изминат во овие 25 години зборуваше и националната директорка Јулијана Накова Гапо: „Зад секоја од тие бројки има нечие име, нечие детство, нечија борба и нечија шанса животот да тргне во поинаква насока.“

Јубилејната вечер беше посветена на сите луѓе кои ја граделе оваа приказна – децата, младите и семејствата, згрижувачите и вработените, партнерите, донаторите и пријателите на СОС Детско село.

Благодарни за изминатите 25 години, продолжуваме понатаму.

25 години МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ. 💙

🇲🇰 Утре повторно навиваме за Македонија! ⚽❤️Македонската фудбалска репрезентација ја пречекува Шкотска во вториот домаше...
02/10/2026

🇲🇰 Утре повторно навиваме за Македонија! ⚽❤️

Македонската фудбалска репрезентација ја пречекува Шкотска во вториот домашен натпревар од Лигата на нации.

И овој натпревар има дополнително значење – дел од средствата ќе бидат наменети за поддршка на децата и младите поддржани од СОС Детско село. 💙

⚽ Македонија – Шкотска
📅 3 октомври | 20:45
📍 Национална арена „Тодор Проески“

Утре навиваме за Македонија и за уште една победа што значи повеќе. 🇲🇰

Address

Ристо Шишков бр. 31
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Telephone

38923290556

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СОС Детско село posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to СОС Детско село:

Shortcuts

Share

Nearby non profit organizations