18/05/2026
По повод 18 Мај - МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МУЗЕИТЕ 2026, ве известуваме дека Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија подготви заедничка изложба на детски цртежи со НГО Хавер Србија | Haver Srbija.
Оваа година темата е: „Музеите што го обединуваат поделениот свет“. Повеќе од 45 години, Меѓународниот ден на музеите (International Museum Day - IMD) се слави на 18 Мај. Секоја година, IMD мобилизира илјадници музеи ширум светот. Во 2026 година, IMD ќе ги истражува „Музеите што го обединуваат поделениот свет“, фокусирајќи се на тоа како музеите можат да дејствуваат како мостови преку културните, социјалните и геополитичките поделби, поттикнувајќи дијалог, разбирање, инклузија и мир во и меѓу заедниците ширум светот.
Оваа година Меморијалниот центар и Хавер Србија, заеднички премостуваат секаков вид поделби, испраќајќи силна порака преку детски ликовни творби, дека планетата Земја треба да е мирно и убаво место за живеење за сите деца. Изразувајќи ги историските случувања низ призмата на нивните детски очи, апелираат за мир и заедништво, инклузија и разбирање, благосостојба и дијалог.
Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, на вториот спрат (изложбен дел) е поставена заедничката изложба од 78 ликовни творби, 65 од Македонија и 13 од Србија. Оваа заедничка изложба е составена од два проекта, едниот е „Холокаустот низ призмата на детските очи“, а другиот „Холокауст - култура сечања, Саша и Горјана Ајзинберг“.
Влезот за оваа изложба е слободен. Изложбата ќе трае до крајот на јуни.
Оваа изложба овозможува визуелен приказ кој ја одразува темата на поврзување и единство. Клучниот визуелен дел ќе ја нагласи идејата за мостови - симболични и реални - што обединуваат различни култури, перспективи и заедници. Сето тоа низ призмата на детските размислувања, сознанија и пораки.