23/06/2026
„Улогата на татко, за мене, претставува најголема одговорност, но и најголема радост и животна смисла”, вели Маријан Лакс, стручен соработник во Фармахем, една од компаниите вклучени во програмата „Проширување на изборот” што ја спроведува UNFPA North Macedonia во соработка со Konekt и финансиска поддршка на Austrian Development Agency.
Соработката со приватниот сектор за промоција на работни места што се прилагодени на семејствата може да донесе значителни подобрувања во родовата еднаквост и да им користи и на компаниите и на вработените.
Во неделата на одбележување на Денот на таткото ја јакнеме свеста за овие политики што претставуваат моќни алатки за менување на дискриминаторските родови норми и прераспределба на неплатената работа за грижа.
Целта е и мажите и жените да ги остварат своите амбиции во кариерата и плановите за основање или проширување на семејството. Овие политики овозможуваат:
🔹Подобра репутација и конкурентност
🔹Помало отсуство од работа, помала флуктуација на кадар, како и пониски трошоци поврзани со здравјето и регрутирањето
🔹Поголемо задржување на вработените жени особено на вработените мајки кои се враќаат на работа по породилно отсуство
🔹Поинклузивна и порамноправна работна сила
🔹Поиновативни, попродуктивни и попрофитабилни компании.
Прочитајте повеќе на 👉 https://eeca.unfpa.org/en/expanding-choices
UN_MK
UNFPA Eastern Europe & Central Asia