Универзитет Трето доба

Универзитет Трето доба Автономна базирана на самопомош,која преку едукативни,културни и забавни активности ги оживотворува принципите на доживотно учење.

02/04/2026
26/03/2026

И З В Е С Т У В А Њ Е
Предавањето закажано за 27.03. - петок наместо на Филолошкиот факултет ќе се одржи во Домот на хуманитарните работи ,,Даре Џамбаз“, ул. ,,11. Октомври“ бр.42-а, во Малата сала на првиот кат.

Измената е со цел слушателите на предавањето да можат да го следат концертот на Ансамблот ,,Вања Лазарова“, кој ќе започне во 18:00 ч. во Големата сала во истиот дом.

Почитувани студенти,Во прилог програмата за нашите предавања во март и април 2026 година.Со почит,У3Д Скопје
10/03/2026

Почитувани студенти,

Во прилог програмата за нашите предавања во март и април 2026 година.

Со почит,
У3Д Скопје

26/02/2026

Почитувани,

Продолжуваме на 27 февруари 2026 г. - петок со почеток во 17:00 часот на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“ - Скопје.

Предавач: Драган Даниловски: ,,ОПШТЕСТВОТО И СЛУЧУВАЊАТА ВО НЕГО“

Со почит,
У3Д Скопје

18/01/2026

ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ САМИТЕ СЕБЕСИ

Според филозофската мисла пронајдена во малоазискиот град Делфи, од пред неколку илјади години, мисла која ја користел и Платон и Сократ, Аристотел и други и во денешно време.

Почитуван човеку, почитуван човече високo ценет, биди човек и остани и понатаму таков и живеј го животот таков според можностите, условите и околностите, но, сепак, остани
човек. Биди еднаков и праведен спрема сите, без разлика на вера, нација, религија, култура.
Постапувај еднакво и биди човек и мисли човечки, зошто си, сепак, човек, човечко суштество.
Почитувај ги сите како човечко суштество, со достоинство, а не како средство и предмети и биди човек, секогаш и секаде и понатаму издржи и во најтешки услови за живот, така што твоите дела после тоа, ќе бидат повеќе од закон и прифатени од сите човечки суштества подеднакво, без притисок, доброволно со задоволство.
Гледај ги луѓето како целина, во целина, а не како делови од делови, зошто човекот е целина, составена од Дух и тело, кои дејствуваат заедно, каде Духот владее со телото, со материјата и затоа кога го лечиме телото го лечиме и Духот, дејствуваат заедно и во добро и во лошо.
Времето поминато во создавање на огромни непотребни богаства, материјални, замени го во време за напредок и развој, за добро и опстанок, но, и покрај тоа, многу време вложено, остани човек, со сите човечки квалитети и способности, ќе бидеш задоволен и ти и другите.

Почитуван човеку, биди човек, зошто не е лесно да бидеш тоа во ова време, невреме, во различни страни на светов, се водат крвави војни, се краде, се лаже, се дрогираат, но, сепак и во вакви услови, остани човек, со достоинство и возвишено, ќе бидеш повеќе ценет и од сите. Настапувај секаде и понатаму да го прошируваш и секојдневно да го збогатуваш своето знаење и образование, зошто без тоа, како физички облечен во пристојно одело, ќе бидеш и гол и бос. Зошто сето тоа е процес, а не состојба, процес што се одвива цел живот, но, се
исплатува повеќекратно и затоа биди и остани човек и понатаму, како добар пример на останатите.

Почитуван човеку, знај дека постојаното обвразование и доживотно учење е светлина и топлина, и обратно, без тоа во мрак вечен и студ. Ваквото образование, постојаното, со топлина и светлина, ни го осветлува патот, најтемен и најмрачен, зошто тоа образованието ни ги проширува димензиите на свеста и самосвеста кон битието и битноста и самобитноста, имплементирајќи го сето тоа во едукативните и духовните вредности.
Народ кој има писмено образование, ги има со себе и во себе и Бог и природата и свеста и битието и среќата и активностите и етиката и верата и логосот и логиката и цивилизацијата и филозофијата, затоа, и поради тоа остани човек.

Народ кој нема писмено образование, живее во мрак и при светлина и топлина, и обратно, народ кој има образование е и воспитан и може во најтешки услови и најголеми трагедии и несреќи и хаос, ќе дејствува смирено и со мудрост, да излезе лесно и навреме од тој хаос и безредие, што значи ќе остави светли и проодни патишта за нашите идни генерации.
Не заборави почитуван човеку дека човековата историја како и образование, се процеси кои се одвивале во минатото, во сегашноста и ќе се одвиваат и во нашата иднина, процеси преку кои и со кои, човештвото прави морален и духовен прогрес, го збогатува и унапредува сопственото самозапознавање и самосвеста за националната припадност за својата држава и народ, како и за своето сопстевено самосознание и самосвест.
Време е, почитуван човеку, високо ценет, да ти заблагодариме за тоа што нас нѐ сослуша и го прифати целото кажано, но, на крајот Ве потсетуваме почитуван Човеку, секогаш, откако ќе се запознаете самите себеси да работите и живеете умерено. Со една умерена мисла и вера за сѐ во животот, умерено спиење, работење, јадење, комуникација. Умерено движење, што значи, ни многу напред, ни многу назад, зошто ќе се изгубите и во време и во простор, во однос на групата со која сте тргнале на пат, со одреден мотив и одредена цел.
За да биде успешно во било кој поглед едно општество, неопходно потребно, како потсетник филозофската мисла ,,Запознајте се самите себеси“ да биде ставена во голема
форма, како реклама пред секои главни влезови и порти во градот, како и пред сите установи во градот. Судот, просветата, војската, милицијата, здравството и пред Собранието и обвинителството.
Така било направено пред десетици илјади години, пред повеќе градови во малоазискиот дел, посебно во градот Делфи, кој служи како пример за тоа време, а тоа важи и за денес и за секогаш во иднина.

Скопје, 18.01.2026 година

Универзитет ,,ТРЕТО ДОБА-Скопје“
Бранко Коцески

18/11/2025
28/10/2025

На Универзитетот ,,ТРЕТО ДОБА“ на 31. октомври - петок гостува ЕМИНА НУРЕДИНОВСКА со свое предавање: ,,РАСПОСТРАНЕТОСТА НА КОРУПЦИЈАТА КАКО НАШЕ НАЈГОЛЕМО ЗЛО“.

Секогаш со почеток во 17,00 часот на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“ - Скопје.

16/10/2025

Предавањето на д-р Оливија Констанца - Курјак, лекар во
Поликлиниката ,,Манолеви“: ,,ЗДРАВ НАЧИН НА ИСХРАНА ЗА
ДОБРО ЗДРАВЈЕ ВО ТРЕТО ДОБА“ кое требаше да се одржи на
10 октомври, а кои беше одложено поради болест, ќе се одржи
на 17 октомври 2025 година.

Терминот и местото остануваат исти.

Универзитет Трето доба-Скопје

Почитувани студенти, Во прилог програмата за октомври 2025 година:3. октомври: Проф. д-р Светлана Трбојевиќ, продекан на...
21/09/2025

Почитувани студенти,

Во прилог програмата за октомври 2025 година:

3. октомври: Проф. д-р Светлана Трбојевиќ, продекан на Филозовски факултет: ,,ПЕНЗИОНЕРИТЕ КАКО ДЕЛ ОД ОПШТЕСТВОТО И НИВНАТА ВКЛУЧЕСНОСТ ВО НЕГО“;

10. октомври: д-р Оливија Констанца - Курјак, лекар во Поликлиниката ,,Манолеви“: ,,ЗДРАВ НАЧИН НА ИСХРАНА ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ ВО ТРЕТО ДОБА“;

17. октомври: Бранко Коцевски, педагог, автор на шест авторски труда и две граматики за основно обаразование: ,,10-ТЕ ЦИВИЛИЗАЦИИ ШТО ГО ПРОМЕНИЈА СВЕТОТ И НАЧИНОТ НА ЖИВЕЕЊЕ НА ИНДО-ЕВРОПСКИТЕ НАРОДИ“;

24. октомври: Катарина Синадиновска: ,,ВЛИЈАНИЕРО ВРЗ МЕДИУМИТЕ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ВО ОПШТЕСТВОТО“ И
31. октомври: Емина Нурединовска: ,,РАСПОСТРАНЕТОСТА НА КОРУПЦИЈАТА КАКО НАШЕ НАЈГОЛЕМО ЗЛО“.

СО ПОЧЕТОК ВО 17:00 ЧАСОТ НА ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ ,,БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ - СКОПЈЕ

Почитувани студенти,Почнуваме  со предавања,  разговори  и дружење.-  5.  септември: Јелена  Павловска  и  адвокат Зоран...
03/09/2025

Почитувани студенти,

Почнуваме со предавања, разговори и дружење.

- 5. септември: Јелена Павловска и адвокат Зоран Петковиќ - Бакли: ,,Љубовната поезија и животните поуки од Дневникот на мојата баба Нена“;

- 12. септември: дипл. ел. инж - електроника Панче Атанасовски, претседател на НВО ,,ЕКОИНКЛУЗИВНОСТ“: ,,СОВРЕМЕНИ МОЖНОСТИ ЗА ЗАШТЕДИ НА ЕНЕРГИЈА ВО ДОМАЌИНСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА“;

- 19. септември: Генерал Илија Николовски, претседател на Партијата на пензионерите: ,,МЕСТОТО И УЛОГАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ И НИВНАТА ВКЛУЧЕСНОСТ ВО ОПШТЕСТВЕНИОТ ЖИВОТ“ и

- 26. септември: проф. д-р Добре Јовановски, главен инженер во ,,ГОДЕЛ“, директор на Институт во ,,BASF“, генерален директор на ,,ЧИК“, пензионер: ,,ПАТОТ ДО УСПЕХОД - ОД ЗРЗЕ ДО КИНЕСКИОТ ЅИД“ - Успеход е плод на секојдневни мали победи, дисциплина и истрајност. Радувај се на успесите, но и учи од неуспесите.

Со почеток во 17:00 часот на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“ - Скопје

04/06/2025

Објава на Katarina Sinadinovska

Пред некое време добив покана да предавам за улогата на медиумите во демократијата и борбата со лажните вести на Универзитетот “Трето доба”, кој постои веќе 25 години во рамките на УКИМ, а каде нашите повозрасни сограѓани имаат дебати, едукативни предавања, но и многу заедничка дружба во пензионерските денови.
Докажани и истакнати во своите професии, со врвно образование, овие студенти - пензионери ме ставија во ситуација крајно нетипична за мене - да имам трема и да се сомневам дали ќе одговорам на задачата, дали јас ќе бидам достојна ним да им предавам.

Во петокот се одржа првото предавање и за мене тоа беше непроценливо искуство од повеќе аспекти.

Тремата ја снема во првиот момент - бев пречекана со многу ведрина, поддршка и пофалби за мојата досегашна работа, а богами и со цвеќе 😊

Предавањето беше едно од најдинамичните што сум ги имала, со многу отворена дискусија, извонредни прашања и коментари и споделување на знаења.

Но, она што ме трогна, она што ми го допре срцето и што со денови еве ме остави во мисла е самата енергија во таа предавална.
Овие наши сограѓани (дел се на фотографијата), од кои некои од нив се во своите деведесетти години, не само што толку одговорно и суштински се имаа подготвено за самата дискусија, туку дијалогот и со мене и меѓусебно се одвиваше на ниво одамна недостижно за македонскиот јавен дискурс.

Културата на говор, етиката во комуникацијата, прекрасниот македонски јазик, почитта кон соговорникот и кога се нема исто мислење, внимателното и активно слушање - тоа што таму го видов е тоа за што јас со години се борам на јавната сцена.

Нашите сограѓани од таа возраст тоа го применуваа најприродно, без никаков напор, сведочејќи за едно друго време, каде можеби недостасувале многу работи - но не и културата, манирите и воспитувањето.
Јас не сум носталгичен тип, уште помалку конзервативен.

Но, во петокот не можев, а да не се запрашам - дали голем дел од состојбите во светот денес не се должат на изместувањето на овие столбови.
Конечно - дијалогот, кога е навистина дијалог, разбирачката и меѓусебната почит, танцот на различните мислења, интелектуалната подготовка пред една дебата, капацитетот за да се прими ново знаење, за да се отвори нов видик, стручноста како императив - па што е сето тоа, ако не демократијата во суштина!?

И кога тоа ќе се подрие, драги мои, нема вештачка интелигенција што ќе може да ја одржи структурата, а камоли да го заштити богатството внатре.

Имајте го ова на ум!
Драги мои студенти!
Ви благодарам!
Ви се поклонувам на енергијата, на умот, на волјата за учење и на сето она што вие сте!
Да сте ми живи и здрави!
И - ве поздравувам до октомври ♥️

Address

Str. Angel Dimovski 4
Skopje
1103

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Универзитет Трето доба posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Универзитет Трето доба:

Share