МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА

МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА Македонска платформа против сиромаштија (МППС) е сојуз на здруженија на граѓани и поединци во Р. Македонија

Македонска платформа против сиромаштија (МППС) е сојуз на здруженија на граѓани и поединци кои се здружени со цел промoвирање на социјалната еднаквост и правда, партиципативната демократија и граѓанската солидарност.

МППС е непрофитна, непартиска и невладина организација. Процесот на основање и работа на МППС е поддржан од страна на Лудвиг Болцман Институтот за човекови права (БИМ-ФВ Скопје), пре

ку Австриската соработка за развој.

Цели на МППС се: активен ангажман во насока на намалување на сиромаштијата и елиминирање на социјалната исклученост, преку развивање на силна мрежа во борбата против сиромаштијата. Посебен нагласок е ставен на работата со сиромашните заедници, нивно зајакнување и вклучување на сиромашните, маргинализираните, ранливи и дискриминирани заедници во сите процеси и нивоа на одлучување кои нив ги засегаат. Своите цели МППС ги остварува преку:

застапување, лобирање и влијание врз јавните политики и стратегии од областа на социјалната заштита, здравствената заштита, вработувањето, социјалното вклучување, човековите права и недискриминацијата;
подигање на свеста за прашања поврзани со сиромаштијата;
спроведување на истражувања и анализи во полето на сиромаштијата, човековите права, социјалното вклучување, недискриминацијата, здравствената заштита, вработувањето, образованието, како и предлагање мерки за надминување на утврдените проблеми.

Македонските медиуми покажуваат сериозен интерес за новата ЕУ стратегија против сиромаштија. Во последното гостување на ...
14/05/2026

Македонските медиуми покажуваат сериозен интерес за новата ЕУ стратегија против сиромаштија. Во последното гостување на ТВ 24 претседателката на МППС имаше можност во детали да ги објасни можностите и придобивките од тој документ и како според него може да ја скицираме национална политика против сирмаштија, за нас, за дома.
Не радува и поддршката која ја покажуваат граѓанските организации кои работат на темата, но и граѓаните кои посакуваат подобар живот.

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

„Ние не смееме да бидеме изоставени од најважниот документ на ЕУ кој во фокусот го има искоренувањето на сиромаштијата! ...
06/05/2026

„Ние не смееме да бидеме изоставени од најважниот документ на ЕУ кој во фокусот го има искоренувањето на сиромаштијата! Граѓаните на овие земји не смеат да бидат оставени сами на себе да справуваат со предизвиците кои ги носи сиромаштијата! Мојот предлог е да се отиде и чекор понатаму, па оваа стратегија да биде видлива и препознаена и во процесот на пристап за земјите кандидатки“
„Процесите на пристап и преговори за членството во ЕУ треба да го земат овој документ во предвид иако нема да е обврзувачки за нив, но треба да им биде водич и монитор за земјите кандидатки, да се проверуваат што прават во насока на искоренување на сиромаштијата и да се насочуваат, но и поддржуваат како да постигнат повеќе“, нагласува Дуковска.
EAPN - European Anti Poverty Network
Влада на Република Северна Македонија
Delegation of the European Union to North Macedonia

Благодарни сме што ЕУ ја поддржува земјата на повеќе нивоа, главно економски и политички, но сега е време да им се помогне

Европската Унија на 6 мај ќе ја усвои првата сеопфатна Стратегија против сиромаштијата, документ што има за цел системск...
05/05/2026

Европската Унија на 6 мај ќе ја усвои првата сеопфатна Стратегија против сиромаштијата, документ што има за цел системско справување со сиромаштијата на ниво на целиот блок. Апелираме новата стратегија да ги опфати и земјите кандидати за членство, вклучително и Македонија. Сиромаштијата не познава граници и исклучувањето би го продлабочило јазот меѓу ЕУ и регионот.
На неодамнешен состанок во Брисел нашата Билјана Дуковска, потпретседателка на EAPN - European Anti Poverty Network заедно со своите колеги побараа поголемо учество на лицата кои живеат во сиромаштија во креирањето политики, зголемување на финансиската поддршка и подобра координација на мерките, со посебен акцент земјите кандидатки да не бидат изоставени.

Европската Унија на 6 мај ќе ја усвои првата сеопфатна Стратегија против сиромаштијата, документ што има за цел системско справување со сиромаштијата на ниво

Потсетете ги новинарите кои ги познавате или соработувате со нив дека имаат уште 2 дена да аплицират на конкурсот за дод...
30/03/2026

Потсетете ги новинарите кои ги познавате или соработувате со нив дека имаат уште 2 дена да аплицират на конкурсот за доделување на „Награди за новинари кои ги гледаат невидливите“.
- Рок за пријава до 31 март 2026.
- Новинарските дела треба да се направени меѓу 20 март 2025 и 16 март 2026
- Еден новинар - едно дело
- Немаме ограничување за формат и медиум
За учество ви е потребна апликацијата која може да се пополни на линкот https://forms.gle/t6iXHMgEf2b4SZan8. За сите прашања и детали поврзани со повикот бидете слободни да ни пишете на [email protected].

Драги новинари и соработници, веќе традиционално, го отвораме конкурсот за доделување на „Награди за новинари кои ги гле...
17/03/2026

Драги новинари и соработници, веќе традиционално, го отвораме конкурсот за доделување на „Награди за новинари кои ги гледаат невидливите“, ве покануваме да учествувате и да го споделите со вашите колеги.
- Рок за пријава до 31 март 2026.
- Новинарските дела треба да се направени меѓу 20 март 2025 и 16 март 2026
- Еден новинар - едно дело
- Немаме ограничување за формат и медиум
За учество ви е потребна апликацијата која може да се пополни на линкот https://forms.gle/t6iXHMgEf2b4SZan8. За сите прашања и детали поврзани со повикот бидете слободни да ни пишете на [email protected].

На денот на жените од руралните средини повторуваме дека тие носат голем товар, и од секојдневната работа, и од наметнат...
15/10/2025

На денот на жените од руралните средини повторуваме дека тие носат голем товар, и од секојдневната работа, и од наметнатите правила, и од системската невидливост. Нивното активно учество во креирањето политики е многу важно за намалување на сиромаштијата и обезбедување еднаков пристап до ресурси, можности и достоинствен живот.
Затоа за нас, оваа благодарница не е само знак на соработка – туку потврда дека заедно градиме општество во кое секој глас е слушнат, а секоја жена има можност да влијае на промените што ја прават нашата заедница поправедна и посилна. Оваа благодарница е признание за сите жени кои се охрабриле да зборуваат за системските и стуктурни неправди со кои се соочуваат и преку своето искуство да го менуваат светот на подобро.
Ние во МППС веруваме дека борбата против сиромаштијата е борба за еднаквост – и затоа ќе продолжиме да работиме заедно со вас, жените фармерки, активистки и лидери во заедниците, за да ја направиме оваа земја место каде трудот, гласот и визијата на жените се вистински вреднувани.
Нека овој ден биде потсетник дека промените започнуваат токму таму каде што жените се обединети и гласни.

23/09/2025
Со радост информираме дека Ана Арсеновска Зафирова, Гоше Николов, Емилија Бунтеска Нацоска, Кристијан Ландов, Љубица Ива...
18/07/2025

Со радост информираме дека Ана Арсеновска Зафирова, Гоше Николов, Емилија Бунтеска Нацоска, Кристијан Ландов, Љубица Иванова, Наташа Доковска и Слободан Иванов се добитници на наградата „Гласник на невидливите“ за 2025 година.
Секој нивни збор, фотографија и видео даваат надеж дека еден ден ова општество ќе биде подобро за сите нас.
Во следните денови во детали ќе ве информираме за нивните наградени стори.

„Гласник на невидливите“ осма година по ред 🥳🥳🥳 Во четврток, 17 јули, од 19.30 доделуваме награди со кои поддржуваме нов...
15/07/2025

„Гласник на невидливите“ осма година по ред 🥳🥳🥳
Во четврток, 17 јули, од 19.30 доделуваме награди со кои поддржуваме новинарско известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство.
Повелете во Собрание Бистро (во Градски Ѕид, зад Парламентот) да се дружиме и да им заблагодариме на новинарите што го зајакнуваат гласот на невидливите.
Напомена: Присуството на настанот е можно само со претходна најава на маил [email protected].

Address

Ulica Prizrenska Br. 50/2
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА:

Share