15/06/2026
По повод Светскиот ден за заштита на животната средина, во МКЦ беше отворена изложбата „РЕ-Арт циркуларна уметност“, која преку креативноста на младите испрати силна порака за реупотребата, одржливоста и грижата за животната средина. ♻️🌍🌿
Особена чест ни беше присуството на амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, како и големиот интерес од посетители од различни генерации, кои заедно покажаа дека еколошката свест не познава возрасни граници.
Во рамки на настанот беа доделени благодарници на училиштата кои активно учествуваа во реализацијата на проектот и придонесоа за неговиот успех.
Доколку не успеавте да ја посетите изложбата на денот на отворањето, истата ќе биде достапна за посетители во МКЦ до крајот на месецот.
Ве покануваме да ги погледнете делата создадени од електронски отпад и да ја доживеете приказната за тоа како отпадот може да добие нов живот преку уметноста.
Фондација Берта Додевска Скопје Foundation Berta Кочо Рацин Скопје Центар