Комора на овластени архитекти и овластени инженери

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Комора на овластени архитекти и овластени инженери

Комора на овластени архитекти и овластени инженери Комората поседува јавни овластувања согласно легисла?

Комората на овластени архитекти и овластени инженери ги соединува сите инженерски професии во Република Северна Македонија. Таа е единствена инженерска Комора во Северна Македонија која поседува јавни овластувања согласно легислативата за издавање на овластувања на инженерите за нивно професионално работење. Комората исто така потврдува странски овластувања од странски инженери кои работат во Севе

рна Македонија. Комората ја сочинуваат 12 инженерски одделенија со вкупно 2600 активни членови од вкупно 6000 членови. Комората е полноправна членка на Европскиот Совет на Инженерски Комори (ECEC), дел од Светската Федерација на Инженерски Организации (WFEO).

🚀 КОАИ ЧЕКОРИ ВО ИДНИНАТА: Усвоена Стратегијата за дигитална трансформација 2026-2029! 🚀Управниот одбор на Комората на о...
28/05/2026

🚀 КОАИ ЧЕКОРИ ВО ИДНИНАТА: Усвоена Стратегијата за дигитална трансформација 2026-2029! 🚀

Управниот одбор на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) официјално ја усвои Стратегијата за дигитална трансформација!

Ова не е обичен ИТ-проект – ова е стратешка реформа која става крај на предолгите рачни процедури, скенирањето документи и административниот товар.

📍 Кои се придобивките од новата дигитална ера за КОАИ?

• Ефикасност на едно место: Комплетна дигитализација на процесите за нови овластувања, продолжувања и членства.
• Интегриран DMS и е-Архива: Безбедност, брзина и 100% дигитална следливост на секој документ.
• Е-Одлучување: Интранет платформи кои овозможуваат дигитални седници и брза работа на комисиите.
• Паметни решенија: Автоматски известувања за членарини и овластувања, онлајн плаќање и инстант генерирање потврди.

Целта е едноставна: максимална услужна ефикасност, нула изгубено време и целосна транспарентност!

🌐 Иднината е дигитална, а ние веќе чекориме во неа.

📌https://www.komoraoai.mk/informator/894-digitalna_transformacija.html

#КОАИ #ДигиталнаТрансформација #Инженери #Архитекти #Иновации

27/05/2026
Комората на овластени архитекти и овластени инженери успешно ја реализираше првата сесија од стручната обука на тема „FI...
22/05/2026

Комората на овластени архитекти и овластени инженери успешно ја реализираше првата сесија од стручната обука на тема „FIDIC 1999 vs FIDIC 2017 – клучни измени“, која се одржа на 20 мај 2026 година во просториите на Комората, како и онлајн преку платформата Microsoft Teams.

Обуката беше организирана во соработка со Одделението на градежни инженери при КОАИ и беше наменета за сите активни членови на Комората, како и за сите професионалци вклучени во реализација на градежни проекти.

Во рамки на првата сесија, учесниците имаа можност да се запознаат со клучните измени и дополнувања во изданијата FIDIC 2017 во однос на FIDIC 1999, како и со разликите во управувањето при примена на различни изданија на договори. Посебен акцент беше ставен на практичниот пристап при избор на соодветно FIDIC издание за конкретни проекти и правилната примена на процедурите предвидени во меѓународните стандардни форми на договори.

Предавач на обуката беше Влатко Михајлов, дипл. град. инж., кој преку стручна и практична презентација овозможи продлабочено разбирање на актуелните теми поврзани со FIDIC условите на договори.

Со оваа обука, Комората продолжува активно да придонесува кон унапредување на професионалните вештини и знаења во градежниот сектор, преку организирање на едукативни настани од значење за своите членови.

📢Напомена: следната втора сесија ќе се одржи на 11 јуни 2026

📌https://komoraoai.mk/informator/893-prva_sesija_fidic.html

🏛️ Претставници од Комората на овластени архитекти и овластени инженери, предводени од Претседателот м-р Дејан Метикош, ...
21/05/2026

🏛️ Претставници од Комората на овластени архитекти и овластени инженери, предводени од Претседателот м-р Дејан Метикош, присуствуваа на свеченото отворање на Меѓународниот конгрес „FROM RESEARCH TO APPLICATION“, кој се одржа на 20 мај 2026 година, во организација на Универзитетот во Тетово.

✨ Настанот свечено го отвори Ректорот проф. д-р Јусуф Зејнели. Овој Конгрес претставува клучна платформа за поврзување на научните истражувања со нивната директна примена во праксата – концепт кој е од суштинско значење за развојот и модернизацијата на инженерската и архитектонската професија. 📐🏗️

🤝 Посебна благодарност упатуваме до Деканот, проф. д-р Енис Јакупи, за официјалната покана и за неговата лична посветеност. Од голема важност е заедничкиот континуиран дијалог и обостраната заложба за продлабочување на соработката помеѓу двете институции, што директно ќе придонесе во интерес на развојот, унапредувањето и поддршката на архитектите и инженерите.

🚀 Присуството на Комората ја потврдува цврстата посветеност за поддршка на академските иницијативи, зајакнувањето на регионалната соработка и континуираната размена на знаења и искуства меѓу науката и индустријата. 🌿💻

📌https://komoraoai.mk/informator/892-kongres_vo_tetovo.html

#КОАИ #УниверзитетВоТетово #Инженерство #Архитектура #Соработка

На 19 мај 2026 година, во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржа комерцијалната п...
20/05/2026

На 19 мај 2026 година, во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржа комерцијалната презентација на MAPEI на тема „Хидроизолација на подземни структури како проектантска стратегија“.

Предавањето го одржа инж. Фади Саламат од MAPEI, кој пред присутните архитекти, инженери и професионалци од градежниот сектор ги презентираше современите пристапи и технички решенија во областа на хидроизолацијата на подземни конструкции.

Во рамки на настанот беа споделени практични искуства, инженерски пристапи и решенија поврзани со проектирањето и изведбата на хидроизолациони системи, по што следуваше интерактивна дискусија и вмрежување помеѓу присутните.

📌https://komoraoai.mk/informator/891-prezentacija_mapei.html

⚙️ Запознајте ги предавачите на Првата годишна средба на Машински инженери!---------------------------------------------...
19/05/2026

⚙️ Запознајте ги предавачите на Првата годишна средба на Машински инженери!
-----------------------------------------------
Со големо задоволство Ви ги претставуваме врвните експерти од академската и професионалната заедница кои ќе бидат клучниот дел од програмата на „Денови на Машински Инженери 2026“.
-----------------------------------------------
Преку своите предавања, тие ќе ја преточат главната тема на настанот – „Знаењето како темел, реализација како цел“ – споделувајќи искуства, современи трендови и практични примени во машинската индустрија.
-----------------------------------------------
📌 Нашите еминентни предавачи:
проф. д-р Виктор Гаврилоски (Машински факултет - Скопје)
проф. д-р Дарко Бабунски (Машински факултет - Скопје)
проф. д-р Владимир Мијаковски (Технички факултет - Битола)
проф. д-р Бојан Јованоски (Машински факултет - Скопје)
-----------------------------------------------
Ова е ретка можност на едно место да слушнете за најновите технолошки достигнувања, да размените идеи и да се поврзете со колеги од целиот сектор.
-----------------------------------------------
🗓️ 5 Јуни, 2026 година, со почеток во 10:00 часот 📍Винарија Тиквеш, Кавадарци
-----------------------------------------------
🏢 Организатор: Комора на овластени архитекти и овластени инженери, Одделение на машински инженери
-----------------------------------------------
🎟️ Обезбедете го вашето место навреме! Капацитетот е ограничен.
Регистрирајте се на следниот линк:
🔗 https://lnkd.in/dRVTzarv
-----------------------------------------------
📖 Комплетната агенда за настанот можете да ја погледнете преку соодветниот QR код на визуелот.
-----------------------------------------------
Се гледаме во Кавадарци на Денот посветен на инженерската извонредност!

#ДеновиНаМашинскиИнженери #МашинскиИнженери #КомораОАИ #Предавачи2026

На 12 мај 2026 во Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржа презентацијата на тема „Одржливост кај ...
18/05/2026

На 12 мај 2026 во Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржа презентацијата на тема „Одржливост кај старите и новите градби, со новата генерација системи за обвивка на зградата“, реализирана во соработка со компанијата Алуконигштал Schüco.

Презентацијата ја одржа Ивана Цимешиќ, магистер по архитектура од Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија во Софија, која како дел од тимот на АЛУКОНИГШТАЛ од 2018 година активно работи на имплементација на современи фасадни системи и одржливи решенија во градежништвото.

Во рамки на презентацијата беа презентирани најновите светски трендови и иновативни системи за фасадни обвивки, со акцент на подобрување на енергетската ефикасност, одржливоста и адаптацијата на објектите кон современите климатски и еколошки предизвици. Присутните имаа можност да се запознаат со современи технички решенија и практични примери од областа на одржливото градење.

📌https://www.komoraoai.mk/informator/889-prezentacija_schuco.html

⚡ **3ти Денови на електро инженери** ⚡Одделението за електротехника при **Комората на овластени архитекти и овластени ин...
15/05/2026

⚡ **3ти Денови на електро инженери** ⚡

Одделението за електротехника при **Комората на овластени архитекти и овластени инженери** Ве поканува да бидете дел од годинешното издание на **3ти Денови на електро инженери**, кое ќе се одржи на **17 и 18 септември 2026 година** во **Holiday Inn, Скопје**.

Настанот претставува уникатна можност за размена на знаења, искуства и идеи меѓу професионалците од областа на електротехниката, преку стручни предавања, дискусии и можности за поврзување со колеги од целата земја и регионот.

Со особена чест и задоволство Ве покануваме да бидете дел од овој значаен годишен настан за електроинженерската фела.

📍 **Holiday Inn, Скопје**
📅 **17–18 септември 2026**

#ДеновиНаЕлектроИнженери #ЕлектроИнженери #Комора #Електротехника #Инженерство

На 14 мај 2026 година, се одржа тематска презентација на тема „Национални стандарди во електроенергетика (ИСРСМ ТК 31 и ...
15/05/2026

На 14 мај 2026 година, се одржа тематска презентација на тема „Национални стандарди во електроенергетика (ИСРСМ ТК 31 и ИСРСМ ТК 32) – придобивки и практични примери“, организирана како резултат на соработка на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) и Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ).

Настанот беше наменет за информирање и унапредување на знаењата на деловните субјекти и инженерите кои работат во областа на електричното осветление и електроенергетските постројки, со акцент на примената на националните и европските стандарди во пракса.

На тематската презентација се обратија претседателот на КОАИ, м-р Дејан Метикош , и директорот на ИСРСМ, Газменд Алиу, кои ја истакнаа важноста на стандардизацијата и нејзината улога во развојот на современи, безбедни и ефикасни инженерски решенија.

📌https://www.komoraoai.mk/informator/888-tematska_prezentacija.html

Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери се одржа Националниот информативен ден за програмата LIFE, со уч...
14/05/2026

Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери се одржа Националниот информативен ден за програмата LIFE, со учество на над 70 претставници од државни институции, општини, универзитети, граѓански организации и приватниот сектор.

Настанот се фокусираше на новите повици за проекти, можностите за финансирање, критериумите и постапките за аплицирање, како и подготовката на квалитетни проекти во областа на животната средина, климатските промени и транзицијата кон чиста енергија.

Настанот е дел од проектот eHUB4LIFE, во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Министерството за животна средина и просторно планирање, со цел зајакнување на националните капацитети за успешна апликација во програмата LIFE.

📌https://komoraoai.mk/informator/887-nacionalen_informativen_den.html

Address

Улица Партизански одреди бр. 29 (ТЦ Буњаковец, кат 2)
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:00
Tuesday 08:30 - 16:00
Wednesday 08:30 - 16:00
Thursday 08:30 - 16:00
Friday 08:30 - 16:00

Telephone

+38923222356

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Комора на овластени архитекти и овластени инженери posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Комора на овластени архитекти и овластени инженери:

Share