05/06/2026
🌲 5 ЈУНИ - СВЕТСКИ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 🌲
За извидниците, животната средина не е само место за активности, кампување и авантури туку е и наш дом, учител и наша инспирација.
Светскиот ден на животната средина нѐ потсетува дека секој од нас има одговорност да придонесе кон зачувување на природните богатства и создавање подобра иднина за генерациите што доаѓаат. Грижата за животната средина не започнува со големи проекти, туку со секојдневни постапки, свесни избори и почит кон сѐ околу нас.
Преку извидничката програма, младите учат да живеат во склад со природата, да ја разбираат нејзината вредност и активно да придонесуваат за нејзина заштита. Од еколошки акции и пошумувања, до едукација за одржлив начин на живот, извидниците секојдневно покажуваат дека малите чекори можат да создадат големи промени.
Во изминативе години преку најразлични проекти, а особено преку програмата на Боренка, илјадници деца и млади се вклучија во активности за пошумување, едукација и грижа за шумските екосистеми.
👏 По повод денот, им оддаваме признание на сите извидници, волонтери, партнери и граѓани кои со својата посветеност придонесуваат за почиста, поздрава и позелена средина.
Да продолжиме да ја чуваме природата не само денес, туку секој ден, затоа што иднината што ја градиме зависи од одлуките што ги носиме денес.
🌍 Да го оставиме светот барем малку подобар отколку што сме го нашле.