Triogy Racing MKD

Call Directions Contact the organization

Triogy Racing MKD Спортски клуб посветен на афирмација и промоција на триатлонот, особено во младинските категории.

Triogy Racing Skopje е основан од група ентузијасти и вљубеници во триатлонот.

Ние веруваме дека пливањето, возењето велосипед и трчањето се совршени активности за правилен ментален, физички и социјален развој кај сите луѓе, а особено кај децата.

Тренинзите ги води искусен и докажан тим, составен од лиценцирани триатлон тренери и професори по физичко образование.

Стоиме на располагање за сите информации и ве покануваме да дојдете и да погледнете како изгледаат нашите тренинзи или да ги донесете вашите деца да почувствуваат што значи да се биде дел од нашиот клуб.

Ветуваме многу забава, но и здрави навики кои ќе придонесат децата да израснат во храбри, самоуверени и посветени личности.

Youth Olympic Games Dakar 2026🇲🇰World Triathlon
05/11/2026

Youth Olympic Games Dakar 2026🇲🇰
World Triathlon

24. место на Младинските олимписки игри во Дакар! 🇲🇰Марио Брезовски го заврши својот олимписки настап.Одлично пливање, и...
05/11/2026

24. место на Младинските олимписки игри во Дакар! 🇲🇰

Марио Брезовски го заврши својот олимписки настап.
Одлично пливање, излез од вода во првата група и силен велосипедски дел, во кој остана со водечката група до самиот крај.
На спора и технички барана стаза, со трчање на песок, последниот дел од трката донесе дополнителен предизвик.

Марио, горди сме на патот што го изоди за да стигнеш до оваа сцена. Ова искуство е уште една важна лекција, уште еден чекор напред и основа за сè што допрва доаѓа.

Зад тебе сме, веруваме во тебе и продолжуваме заедно. Ова е само почеток! 🇲🇰

Неизмерно сме горди на Марио Брезовски. Првото дете од нашиот клуб и првиот македонски триатлонец кој се квалификуваше и...
05/11/2026

Неизмерно сме горди на Марио Брезовски. Првото дете од нашиот клуб и првиот македонски триатлонец кој се квалификуваше и настапи на Младинските олимписки игри.

Неговото 24. место во Дакар е резултат зад кој стојат години работа, дисциплина, одрекувања и многу посветеност.

Марио ги отвори вратите за идните генерации. Има деца во Триоги кои во тебе гледаат пример. Сега знаат дека и тие еден ден можат да бидат дел од ваква сцена.

Ти го направи првиот чекор, Марче.
Горди сме што твојот пат започна во Триоги!

А сега со 2013-2014 се спремаме за наредната младинска олимпијада! :)

Среќно Марче! ⭐️💙
04/11/2026

Среќно Марче! ⭐️💙

29/10/2026

Среќнооо Марчее! ⭐️💙

Газиии Марче❤️💛
22/10/2026

Газиии Марче❤️💛

🇲🇰 Запознајте ги младите надежи што ќе ги бранат македонските бои во Дакар 2026! 🌍🏆

Зад секој голем олимписки момент стојат години напорна работа, рани утрински тренинзи и дисциплина. За овие тројца млади спортисти, сонот станува реалност - тие се нашата гордост на Младинските олимписки игри!

🚴‍♂️ Марио Брезовски - Триатлон (спринт триатлон)
🏃‍♀️ Ева Митевска - Атлетика (100m)
🏊‍♂️ Петар Цеков - Пливање (400m / 800m)

Тие се идното лице на македонскиот спорт. Секој од нив ја претставува силата, истрајноста и пасијата на новата генерација спортисти. Ова е само почеток на нивната приказна! Ајде да им ја дадеме целата поддршка, да го запомниме нивниот труд и да им посакаме успех на патот кон олимписките височини! 🥇✨

Остави им поддршка во коментари! 👇🔥

#МОК

Пливањето е повеќе од спорт, тоа е животна вештина, сигурност во вода и здрави навики за цел живот. Во Триоги Рејсинг ги...
21/10/2026

Пливањето е повеќе од спорт, тоа е животна вештина, сигурност во вода и здрави навики за цел живот.

Во Триоги Рејсинг ги градиме првите пливачки вештини чекор по чекор!

📍 Базен, Партизан

📩 Пишете ни во порака за повеќе инфо и резервирајте го вашето место!

Благодарност до Ekipa.mk!
19/10/2026

Благодарност до Ekipa.mk!

Марио Брезовски ќе ја претставува нашата земја во триатлон на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал. По десет години посветеност на спортот, години

Денес на трката на 5 километри на  трчаа Сергеј, Јана, Михаил, Илина, Андреј и Мими. 💙Горди сме на секој нивен настап, н...
04/10/2026

Денес на трката на 5 километри на трчаа Сергеј, Јана, Михаил, Илина, Андреј и Мими. 💙

Горди сме на секој нивен настап, на трудот и желбата да бидат дел од вакви спортски предизвици.
За нас, секоја трка е ново искуство, нова мотивација и уште еден чекор напред.

28/09/2026

Address

Skopje
1000

Telephone

070333130

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Triogy Racing MKD posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Triogy Racing MKD:

Shortcuts

Share