Инженерска институција на Македонија - Engineering Institution of Macedonia

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Инженерска институција на Македонија - Engineering Institution of Macedonia
Call Directions Website

Инженерска институција на Македонија - Engineering Institution of Macedonia ИМИ е единствена професионална и непрофитабилна организација што преку своите 17 здруженија ги обединува инженерите во нашата држава.

Вашата компетентност не познава граници.Вашето следно професионално искуство може да започне токму преку границите.Со EU...
07/11/2026

Вашата компетентност не познава граници.
Вашето следно професионално искуство може да започне токму преку границите.
Со EUR ING титулата, вашата инженерска компетентност добива европска видливост и признание.
Придружете се на заедницата од повеќе од 35.000 инженери со EUR ING титула, чија професионална компетентност е препознаена низ Европа.
Европското признание е следниот чекор во вашата кариера.
Препознаени. Почитувани. EUR ING.
#ИМИ

Вашата кариера заслужува европско признание.Вашето образование е инвестиција. Вашето искуство е вредност. Вашата компете...
06/11/2026

Вашата кариера заслужува европско признание.

Вашето образование е инвестиција. Вашето искуство е вредност. Вашата компетентност е вашата сила.

EUR ING титулата е можност да ја потврдите вашата професионална компетентност и да ја направите препознатлива низ Европа.

Тоа е повеќе од професионална титула – тоа е чекор кон нови можности, професионален развој и мобилност.

Вашата следна професионална можност започнува со EUR ING.

Препознаени. Почитувани. EUR ING.

#ИнженерскаИнституцијаНаМакедонија

Вашата компетентност – потврдена и признаенаСертификатот EUR ING е многу повеќе од обичен документ. Тој претставува знач...
06/11/2026

Вашата компетентност – потврдена и признаена
Сертификатот EUR ING е многу повеќе од обичен документ. Тој претставува значајно достигнување во вашата професионална кариера. Потврдува дека не поседувате само формални квалификации, туку и компетенции потврдени од ваши колеги инженери, како и посветеност на постојан професионален развој.
Без разлика дали сте го стекнале своето знаење преку традиционалниот образовен систем или преку долгогодишно практично искуство, EUR ING ви овозможува да го добиете професионалното признание што го заслужувате.
Нека вашето име биде препознаено низ Европа. Нека биде синоним за инженерска извонредност.

🤝 Инженерска институција на Македонија - Engineering Institution of Macedonia (ИМИ) потпиша договор за соработка со VDL ...
04/11/2026

🤝 Инженерска институција на Македонија - Engineering Institution of Macedonia (ИМИ) потпиша договор за соработка со VDL Bus Macedonia - ВДЛ Бус Македонија, со заедничка цел – унапредување на инженерската професија и поддршка на младите инженерски таленти.
Како единствена компанија во автомобилската индустрија со гордо инженерско наследство и експертиза во производството на патнички и двокатни автобуси од светски познатиот бренд Van Hool, веруваме дека врвните производи се резултат на знаење, иновации и посветени инженери.
Горди сме што со ова партнерство отвораме нови инженерски можности – преку размена на знаења и искуства, поврзување на академската заедница со индустријата, практична примена на инженерските вештини и создавање услови за професионален развој.

ИМИ на европска инженерска работилница во Белград – EUR INGНа 30 октомври 2026 година, во Белград, се одржа работилницат...
02/11/2026

ИМИ на европска инженерска работилница во Белград – EUR ING

На 30 октомври 2026 година, во Белград, се одржа работилницата EUR ING Evaluation & Assessment Workshop, наменета за претставници на инженерските организации од земјите на Јужна Европа, во организација на Engineers Europe и во соработка со Сојузот на инженери и техничари на Србија.

Работилницата беше посветена на постапките за евалуација и оценување на инженерите кои аплицираат за стекнување на престижната европска професионална титула EUR ING.

Преку предавања и практични дискусии со експерти од Холандија и Хрватска, учесниците се запознаа со европските критериуми, методологијата за процена на професионалните компетенции и искуства во спроведувањето на постапката за доделување на EUR ING-титулата.

За Инженерската институција на Македонија (ИМИ), учеството на вакви регионални и европски иницијативи е значајно за унапредување на националните капацитети за професионална евалуација, размена на знаења и искуства, како и за приближување на македонската инженерска професија до европските стандарди.

EUR ING-титулата претставува можност за поголема европска препознатливост на квалификациите и професионалните компетенции на инженерите, придонесувајќи кон нивната професионална мобилност и меѓународна соработка.

ИМИ продолжува активно да работи на поврзување на македонските инженери со европското инженерско семејство и на создавање нови можности за нивен професионален развој и афирмација.

Инженерска институција на Македонија – поддршка за младите инженери и одржливиот развојНа 14. студентска конференција за...
29/10/2026

Инженерска институција на Македонија – поддршка за младите инженери и одржливиот развој

На 14. студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој, одржана вчера, во име на Инженерската институција на Македонија се обрати претседателот, д-р Андреј Лепавцов.

Како признание за поддршката на конференцијата, на ИМИ му беше доделена благодарница.

ИМИ континуирано ги поддржува студентските иницијативи, развојот на младите инженери и активностите што придонесуваат за унапредување на енергетската ефикасност и одржливиот развој.

Инвестирањето во младите инженери е инвестирање во одржлива иднина!

🌟 Поддршка за младите инженери – инвестиција во иднинатаБлагодариме на Министерката за енергетика, рударство и минерални...
23/09/2026

🌟 Поддршка за младите инженери – инвестиција во иднината

Благодариме на Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска за поканата, за искрената поддршка и за вниманието што им го посвети на младите добитници на „Инженерски прстен“. 👏

За нас, како Инженерска институција на Македонија, особено значи кога институциите го препознаваат знаењето, трудот, иновативноста и потенцијалот на младите инженери и создаваат простор нивните идеи да бидат слушнати.

„Инженерскиот прстен“ веќе 23 години ги поврзува извонредните млади инженери со инженерската професија и со иднината на нашата земја. 🎓

Им благодариме на Министерката и на Министерството за отвореноста и подготвеноста за дијалог и соработка со младите инженери.

На годинешните добитници им посакуваме храброст да истражуваат, да создаваат, да иновираат и своето знаење да го претворат во идеи и решенија што ќе придонесуваат за развојот на Македонија.

Знаењето е нивната сила. Иднината е нивна. А наша заедничка задача е да им создадеме можности.

„Инженерски прстен 2026“ за 14 најдобри дипломирани инженериПретседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска...
04/09/2026

„Инженерски прстен 2026“ за 14 најдобри дипломирани инженери

Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, денес им го додели признанието „Инженерски прстен 2026“ на 14 најуспешни дипломирани инженери од инженерските факултети во рамките на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот во Тетово.
Свечената церемонија се одржа на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, во Охрид, со обраќања на д-р Андреј Лепавцов, претседател на Инженерската институција на Македонија, м-р Дејан Метикош, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, и на претседателката Гордана Силјановска-Давкова. По доделувањето на прстените, во име на наградените се обрати Стефан Спасов, еден од годинешните добитници на Инженерски прстен.
Добитници на „Инженерски прстен 2026“
Од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје признанието годинава го добија:
Марта Митева – Архитектонски факултет,
Антонио Томески – Градежен факултет,
Јане Коцески – Машински факултет,
Мила Саздова – Технолошко-металуршки факултет,
Огнен Пендаровски – Факултет за електротехника и информациски технологии,
Марија Симоновска – Факултет за земјоделски науки и храна,
Никола Петровски – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство,
Михаил Трајков – Природно-математички факултет,
Мила Чолакоска – Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер.
Од Универзитетот во Тетово признанието го доби
Арбана Касами – Факултет за применети науки.
Од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола наградени се
Стефана Димитриеска – Технички факултет,
Симеон Наловски – Факултет за информатички и компјутерски технологии.
Од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип носители на признанието се
Стефан Спасов – Факултет за природни и технички науки,
Тамара Атанасова – Факултет за информатика.
Сите наградени се номинирани од своите факултети и верификувани од Комисијата за верификација, согласно Правилникот за наградување на најдобрите дипломирани инженери со признанието „Инженерски прстен“, со просек на студирање од 9,15 до 10,00.
Претседателката Силјановска-Давкова, како покровителка на манифестацијата која веќе две децении ги афирмира знаењето и извонредноста во инженерската професија, во своето обраќање ја истакна врската меѓу вреднувањето на најдобрите млади кадри и развојот на државата:
„Најдобрите и најуспешните студенти во инженерските науки не персонифицираат само исклучителен индивидуален, личен академски успех, туку се непроценлив социјален капитал на државата. Способноста да ги задржиме најдобрите и да им овозможиме својата иднина да ја градат дома е суштинско прашање, од чиј брз и точен одговор ќе зависат економската конкурентност и долгорочниот развој на македонската држава.“
Потсетувајќи дека од пронајдоците на Леонардо да Винчи, преку изумите на Никола Тесла, до денес инженерскиот ум е еден од најсилните цивилизациски двигатели, претседателката оцени дека преку инженерството научната мисла добива апликативна општествена верификација. Според неа, инженерството најбрзо се развива во средини што знаат како да ги почитуваат знаењето и стручноста, па создавањето услови младите инженери својот талент и креативен потенцијал да ги реализираат во татковината е стратегиска цел од која зависат развојот и опстанокот на државата.
Претседателот на Инженерската институција на Македонија, д-р Андреј Лепавцов, ја поврза годинешната церемонија со одбележувањето на 35 години од независноста на државата и им се обрати на добитниците со апел да ја градат својата кариера во земјата:
„Искушението да ги однесете вашите огромни таленти во странство е реално, а глобалниот пазар агресивно бара умови како вашите. Но, јас стојам овде денес за да упатам еден клучен апел: останете во земјата. На Македонија ѝ сте потребни.“
Лепавцов посочи дека следната фаза од развојот бара системска отпорност и наведе проекти за кои е потребен домашен инженерски кадар – завршување на патните и железничките врски на Коридорите 8 и 10, реверзибилната хидроелектрана Чебрен и нови гасни интерконектори, реконструкција и изградба на системите за водоснабдување, пречистување на отпадни води и наводнување, како и дата-центри подготвени за вештачка интелигенција. „Вистинската независност не е само политички статус; таа се гради преку економска сила и технолошка самоодржливост“, оцени тој, нагласувајќи дека инженерскиот прстен претставува круг на одговорност и потсетник да се создава безбедно и да се иновира етички.
Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, м-р Дејан Метикош, во своето обраќање ја нагласи одговорноста што ја носи инженерската професија:
„Секој мост што го проектираме, секоја зграда што ја создаваме, секој пат, систем, енергетска или технолошка инфраструктура што ја развиваме – останува зад нас како сведоштво за нашето знаење, професионалност и однос кон општеството.“
Метикош истакна дека дипломата не е крај, туку почеток на професионалното учење, во време кога дигитализацијата, вештачката интелигенција, BIM технологиите и новите материјали целосно го менуваат начинот на кој работат инженерите. Порачувајќи им на добитниците прстенот да го гледаат како обврска кон професијата, тој додаде дека младите инженери не смеат да се гледаат само како иднина – „тие се наша сегашност“ – и дека на институциите, коморите и универзитетите им претстои заедничка задача да создадат средина во која најдобрите млади луѓе ќе сакаат да останат и да создаваат во Македонија.
Признанието „Инженерски прстен“ секоја година го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на претседателот на државата, на најдобрите дипломирани инженери од сите државни универзитети во земјата.

На 4 септември 2026 ќе се додели признанието „Инженерски прстен“ 2026На 4 септември 2026 година, со почеток во 11:00 час...
10/08/2026

На 4 септември 2026 ќе се додели признанието „Инженерски прстен“ 2026

На 4 септември 2026 година, со почеток во 11:00 часот, на платото пред црквата „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, ќе се одржи свеченото доделување на признанието „Инженерски прстен“ 2026.

На свеченоста ќе се обратат:

Претседателката на РС Македонија – Гордана Сиљановска-Давкова,

Претседателот на Инженерската институција на Македонија – Андреј Лепавцов,

Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери – Дејан Метикош.

Ова значајно признание, кое се доделува на најуспешните дипломирани инженери, и годинава, по 23 пат, ќе биде врачено на 14 млади инженери, кои со своите исклучителни резултати во текот на студирањето се издвоиле како најдобри претставници на своите генерации.

Добитници на признанието „Инженерски прстен“ 2026 се:

Марта Митева – Архитектонски факултет, Универзитет Св. „Кирил и Методиј” во Скопје
Антонио Томески – Градежен факултет, Универзитет Св. „Кирил и Методиј” во Скопје
Јане Коцески – Машински факултет, Универзитет Св. „Кирил и Методиј” во Скопје
Мила Саздова – Технолошко-металуршки факултет, Универзитет Св. „Кирил и Методиј” во Скопје
Огнен Пендаровски – Факултет за електротехника и информациски технологии, Универзитет Св. „Кирил и Методиј” во Скопје
Марија Симоновска – Факултет за земјоделски науки и храна, Универзитет Св. „Кирил и Методиј” во Скопје
Никола Петровски – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Универзитет Св. „Кирил и Методиј” во Скопје
Михаил Трајков – Природно-математички факултет, Универзитет Св.„Кирил и Методиј” во Скопје
Мила Чолакоска – Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Универзитет Св.„Кирил и Методиј” во Скопје
Стефана Димитриеска – Технички факултет – Битола, Универзитет Св. „Климент Охридски“ Битола
Симеон Наловски – Факултет за информатички и компјутерски технологии – Битола, Универзитет Св. „Климент Охридски“ Битола
Стефан Спасов – Факултет за природни и технички науки, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Тамара Атанасова – Факултет за информатика, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Арбана Касами – Факултет за применети науки: Архитектура, Сообраќаен инженер со транспорт, Универзитет во Тетово.
„Инженерски прстен“ е признание кое го афирмира знаењето, стручноста и посветеноста на младите инженери и претставува поттик за нивниот понатамошен професионален развој и придонес во инженерската професија и во општеството.

Свеченото доделување во Охрид ќе биде можност да им се оддаде признание на најуспешните млади инженери и да се одбележи нивниот значаен успех, како и почетокот на нивниот професионален пат.

10/07/2026

Address

Dame Gruev 14 A
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Инженерска институција на Македонија - Engineering Institution of Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share