Vivid - Ekspresivna Art Terapija

Vivid - Ekspresivna Art Terapija Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Vivid - Ekspresivna Art Terapija, Community Center, Ulica Antonie Grubishikj 2, Skopje.

Студио за психологија и експресивни уметности основано од Ана Тодоровска, психолог, советник и практичар на експресивна арт терапија. 🎨 Индивидуални и групни средби, онлајн или во центарот на Скопје, населба Дебар Маало.

Сликање со кафе за себеспознавање ☕🪷 Во соработка со .o.a.s.nexus - благодарност за просторот и поддржувачката средина о...
12/05/2026

Сликање со кафе за себеспознавање ☕🪷
Во соработка со .o.a.s.nexus - благодарност за просторот и поддржувачката средина обезбедени да се случи едно тивко патување навнатре, а кафето да ја раскаже неговата приказна како природен и уметнички материјал ✨

Што ако твоите емоции можат да бидат пејзаж?🟣 Оваа експресивна работилница е процес на истражување на внатрешниот свет п...
11/05/2026

Што ако твоите емоции можат да бидат пејзаж?

🟣 Оваа експресивна работилница е процес на истражување на внатрешниот свет преку слика, збор и звук. Преку техниката на декалкоманија (случајни отпечатоци со боја), учесниците ќе создадат визуелни емоционални пејзажи што потоа се доразвиваат со звучен и поетски пејзаж.

🟣 За пристапот: експресивни уметности, интермодален пристап што ги користи различните уметнички медиуми како начини на истражување, изразување и разбирање на внатрешното искуство. Фокусот не е на добивање убав уметнички резултат, туку на процесот на создавање, па затоа, претходно искуство не е потребно.

🟣 Работилницата ја води Ана Тодоровска, лиценциран психолог, советник и практичар на експресивна арт терапија, автор на содржините и програмите на Вивид.

🟣 Локација: населба Дебар Маало, Скопје.
🟣 Котизација за учество со вклучени материјали:
- За членови на Вивид - 950 денари.
- За останати учесници - 1200 денари.
Пријави се во порака! 📩

*Сликата на објавата е дело на Макс Ернст, изработено со техниката декалкоманија, често користена од страна на надреалистите за создавање „случајни“ слики и намалување на свесната контрола.

Со голема радост ја најавуваме нашата нова континуирана програма:   🌿 ВИВИД ЗАЕДНИЦА 🌿 - годишно членство за луѓе кои са...
08/05/2026

Со голема радост ја најавуваме нашата нова континуирана програма: 🌿 ВИВИД ЗАЕДНИЦА 🌿 - годишно членство за луѓе кои сакаат креативна рефлексија и подлабока поврзаност со себе и со другите.

Ако ти се допаѓаат нашите активности, редовно учествуваш или допрва сакаш да се приклучиш и да ја поддржиш нашата визија, ова е за тебе!

Членовите на заедницата за возврат за поддршката добиваат:
🌿 месечна креативна / рефлексивна активност за самостојна работа
🌿 пристап до Вивид Заедница на Viber - простор за вмрежување и споделување
🌿 20% попуст на сите групни програми и работилници во текот на годината
🌿 предност при пријавување на програмите и настаните
🌿 повремени онлајн / во живо настани само за членови
🌿 споделување релевантни тематски содржини

Годишна членарина: 1800 денари (150 денари од месец).
Резонира со тебе? Ја чекаме твојата пријава! 💜

Вдиши, издиши и остави четката да раскаже приказна.Среда - ден за сосредоточување ☕️На оваа средба не учиме техника, тук...
21/04/2026

Вдиши, издиши и остави четката да раскаже приказна.
Среда - ден за сосредоточување ☕️

На оваа средба не учиме техника, туку присуство со себе - да се чуеме. Некаде меѓу мирисот на кафето и патот на четката, искуството добива форма. Со едноставен природен материјал – кафе – истражуваме што се појавува кога му дозволуваме на моментот да нè води. Од апстрактните облици на кафето ќе се роди приказна што чека да биде раскажана.

🎨 29 април | 18.00 - 20.00
📍 Вивид студио, Дебар Маало
👣 Не е потребно претходно искуство со цртање или сликање
🤎 Учество: 600 денари за членови / 750 денари за останати учесници

Пријави во порака.

Детали од денешниот хаос 🫟
19/04/2026

Детали од денешниот хаос 🫟

На втората средба "Небулози" црпевме инспирација од егзистенцијализмот и теоријата на апсурдот, па се родија песни, раск...
18/04/2026

На втората средба "Небулози" црпевме инспирација од егзистенцијализмот и теоријата на апсурдот, па се родија песни, раскази, колажи, алтернативни реалности... збор по збор - смисла.
Експресивното пишување како алатка за менување перспективи, празнење на умот, подобар контакт со себе, па и живеење три животи одеднаш! 🧚

Слој по слој... создаваме бесмисла. Особено ако сакаш да живееш под конец, страв ти е да згрешиш, сите алишта ти се испр...
15/04/2026

Слој по слој... создаваме бесмисла.
Особено ако сакаш да живееш под конец, страв ти е да згрешиш, сите алишта ти се испрани, имаш високи стандарди за себе и задачите на списокот ти се штиклирани, добредојде!

Тука „убавото“ не е цел. Оваа работилница е дозвола за несовршеност, неред, слобода, спонтаност, да се пуштиш во слободно истражување. Не очекуваме да направиш добро дело, напротив, што погрдо - тоа подобро!

Работиме со повеќе слоеви и различни материјали, а низ секој слој одново ќе се сретнуваме со себе. Работилницата ја води Ана Тодоровска, психолог и практичар на експресивна арт терапија.

🍭 Котизација: 900 денари (сите материјали се вклучени)
🍭 Локација: населба Дебар Маало, Скопје
📩 Пријава во порака.

Оваа сабота го истражувавме чувството на внатрешна пролет преку движење, слика, текст 🌷 Секоја сезона носи своја енергиј...
05/04/2026

Оваа сабота го истражувавме чувството на внатрешна пролет преку движење, слика, текст 🌷 Секоја сезона носи своја енергија и предизвици, а пролетта ја носи темата на раст и обнова.

Благодарност до за просторот и поддршката за настанот да се реализира.

Влегуваме во четвртиот месец од оваа година, со пролетна енергија, раздвижување и динамични работилници 🧚 Најава за прва...
30/03/2026

Влегуваме во четвртиот месец од оваа година, со пролетна енергија, раздвижување и динамични работилници 🧚 Најава за првата половина на април:

🔸 Внатрешна пролет: интермодална работилница
Што во мене е подготвено да расцути?

Работилница инспирирана од циклусите во природата, премин кон пролетта и обнова во природата. Преку водено движење, работа со бои, метафори и зборови ќе ја следиме внатрешната виталност - ќе истражуваме каде чувствуваме живот, што нè храни и што сакаме во нас да расте во наредниот период.
Пријава и детали: https://forms.gle/4AJ5UcmYYfMkHAzo6

🔸 „Небулози“ е 8 неделна програма за личен развој со експресивно пишување и одмотување на мислите во комбинација со други модалитети на израз (фотографија, цртање, сликање и сл.). Програмата предвидува вкупно 30 часа групна работа во комбинација со самостојни задачи и е наменета за возрасни лица. Имаме уште некое место, рокот за пријава е 1 април.
Пријава и детали: https://forms.gle/U58HRekRR6e7htWV6

🔸 Водена имагинација: Водената имагинација е повеќе од техника за релаксација, таа е простор да се слушнеме себеси преку слика и активација на сите сетила, да си дадеме можност за артикулација на внатрешното искуство на начин кој можеби не можеме да го опишеме со зборови. Патуваме на заеднички места, простори, можни и невозможни. Пријава во порака.

🔸 Хаос: работилница каде што ништо не е под конец, дозвола за грда уметност, дојди и направи неред. Тука „убавото“ не е цел. Ова е простор за ослободување од перфекционизам, за експериментирање без правила и за дозволување на спонтаното да излезе на површина. Ќе работиме со различни материјали и со сласт ќе правиме грешки. Пријава во порака.

Последен повик за овој брод! Останува уште некое место, рокот за пријава е 01.04.2026! 👇 https://forms.gle/MvT5t237F9hG3...
30/03/2026

Последен повик за овој брод! Останува уште некое место, рокот за пријава е 01.04.2026! 👇 https://forms.gle/MvT5t237F9hG3WHK8

🔸 Одврзуваме мисли преку смисла и бесмисла, пишан збор, слика, игра
🔸 Работиме во саботи, од 12.00 до 15.00 часот
🔸 Пишуваме за јасност, свесност и поддршка во мала група

Работилниците ги води Ана Тодоровска, лиценциран психолог и практичар на експресивна арт терапија со повеќегодишно искуство во работа со групи и психосоцијална поддршка, авторка на содржините и програмите на Вивид студио за психологија и експресивни уметности, авторка на стихозбирката „Антисвет“ (2025).

Address

Ulica Antonie Grubishikj 2
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Vivid - Ekspresivna Art Terapija posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Vivid - Ekspresivna Art Terapija:

Share