08/02/2023
Харе Кришна Македонија Ве поканува на уште едно духовно и весело дружење во просториите на КРУГ 2 следната сабота 18.02.2023, со многу пеење, танц и спиритуалност преточена преку мисли, зборови, песна/мантра и превкусна веганска храна, се` за доброто на душата на едно место :)
Во рамките на неговата балканска турнеја, нe посетува Bhakti Ananda Tirtha Swami инспиративен предавач, учител, филозоф и монах, кој ќе одржи интересно предавање.
Bhakti Ananda Tirtha Swami (Мате Радовчиќ): Монах и учител во традицијата на Бхакти јогата, од 1995 година живее посветен живот на монах, патувачки проповедник кој промовира духовни вредности и едноставен и природен начин на живот. Долги години живеел во Америка, а со текот на годините основал и водел различни духовни заедници, фарми, бил предавач и издавач на списанија, одржал преку 200 предавања на американските колеџи, популарен предавач на меѓурелигиски собири и модерни платформи за изложби за филозофски и животни прашања.
Ве покануваме да ни се придружите на ова интересно предавање!
Организатор: ВВЗ ИСКОН Македонија
Локација: HUB-Krugdva
Ул. "Миле Поп Јорданов", бр 11/1
Бројот на присутни е ограничен ве молиме вашето присуство да го пријавите со резервација на телефон 070310301 најдоцна до 17.02.23.
Ве очекуваме!