29/09/2026
На саемот на еко бизниcи, ќе имате можност да се запознаете и со Природна Козметика - BIM, бренд за 100% природна и висококвалитетна нега. Нивната мисија е секој човек да се чувствува уверено и задоволно со својот изглед.🥰
Лосионот во тврда форма е направен од комбинација од масло од сладок бадем, пчелин восок и шеа путер, а е создаден да ја негува кожата и да ѝ подари мекост, мазност и природен сјај. Етерични масла со антибактериско дејство ги негуваат сетилата за мирис.👃
Рачно изработените сапуни се направени со природни состојки и имаат неодоливи мириси. 😊 Тие нежно ја чистат кожата без да ја сушат, благодарение на природните масла и билки кои ја хранат и ја оставаат мека, свежа и балансирана.
Целта на БИМ е да се ужива во процесот, промената и истражувањето. Баш како природата, без отпор, само љубов за сè што следи. ⛰️