GEG North Macedonia

GEG North Macedonia Global Engineer Girls (GEG) е меѓународна филантропска иницијатива која има за цел да ја инспирира идната генерација на жени инженери.

Почетокот на GEG е поттикнат од културата на Групацијата на компании ,,Лимак” и нејзиниот претседател, Ебру Оздемир, длабоката лична посветеност за подобрување на застапеноста на жените во ,,STEM”. GEG е предводник на Фондацијата ,,Лимак” и Групацијата на компании ,,Лимак” која им обезбедува на девојките и жените можности за образование, менторство и кариера во Турција, Северна Македонија, Косово,

Кувајт и пошироко.

Активностите на GEG се фокусираат на зголемување на бројот на жени инженери, зголемување на бројот на дипломирани жени во инженерските области и затворање на родовиот јаз во платите. За да ги постигне овие цели, GEG развива партнерства со меѓународни и локални организации и образовни институции.

Преку своите тековни и идни иницијативи, GEG го менува начинот на кој машките колеги, работодавците, деловните партнери и соработниците гледаат на жените инженери. GEG не само што ги поттикнува своите учесници, туку им помага и на нивните семејства, работодавци и заедници. Патувањето на GEG е патување со инспирација, инклузивност, иновации и трајно, одржливо влијание. Тоа е заедница која продолжува да цвета преку своите заеднички вредности, нејзиното инспиративно лидерство и нејзината посветеност на засилувањето на девојките и жените, без оглед на нивното потекло.

Денес го одбележуваме Светскиот ден на животната средина, глобален потсетник дека грижата за природата не е избор, туку ...
05/06/2026

Денес го одбележуваме Светскиот ден на животната средина, глобален потсетник дека грижата за природата не е избор, туку одговорност. Климатските промени, загадувањето, исчезнувањето на видови, ова не се далечни проблеми. Тие се случуваат сега, овде, околу нас.

Но добрата вест е дека промената исто така почнува сега, овде, со нас. Во секоја одлука за купување, во секое патување, во секој разговор што го водиме. Малите чекори, кога ги прават многу луѓе, стануваат движење.

Дали знаевте дека борбата за еднаквост на жените во СТЕМ повеќе не е само прашање на човекови права, туку и на чиста еко...
04/06/2026

Дали знаевте дека борбата за еднаквост на жените во СТЕМ повеќе не е само прашање на човекови права, туку и на чиста економија? 📈

Најновиот извештај на UNESCO објавен минатиот месец открива дека секое зголемување на јавните инвестиции во високо СТЕМ образование за жени за само 10%, директно го зголемува националниот БДП за дури 12.8%!

И покрај ова, реалноста покажува дека жените сè уште сочинуваат само 1 од 3 истражувачи на глобално ниво.

Затоа, UNESCO започнува масовна иницијатива за системски реформи кои ќе им овозможат на младите научнички полесен пристап до патенти, финансирање и лидерски позиции.

👇 Означете во коментар некоја девојка или жена која ве инспирира со својот ум и љубов кон науката!

#СТЕМновости

Денес го одбележуваме Денот на свесноста за вештачка интелигенција и нема подобар момент од овој за да зборуваме за тоа ...
04/06/2026

Денес го одбележуваме Денот на свесноста за вештачка интелигенција и нема подобар момент од овој за да зборуваме за тоа колку е важно жените да бидат дел од оваа револуција.

Вештачката интелигенција ја обликува медицината, образованието, уметноста, науката. Таа е во алатките што ги користиме, во одлуките што се носат, во системите кои го дефинираат светот околу нас.

Честит Курбан Бајрам! Нека овој празник ви донесе радост, сила и благослов во секој чекор!✨
27/05/2026

Честит Курбан Бајрам! Нека овој празник ви донесе радост, сила и благослов во секој чекор!✨

Колку пати сме се повлекле само затоа што не сме биле сигурни дека ќе биде совршено? Решма го основа Girls Who Code и сф...
22/05/2026

Колку пати сме се повлекле само затоа што не сме биле сигурни дека ќе биде совршено? Решма го основа Girls Who Code и сфати дека проблемот никогаш не била способноста туку тоа што од мали не учат да бидеме совршени, наместо храбри.

Храброста не значи да не се плашиш. Значи да продолжиш и покрај стравот. 💫

Родена во богато британско семејство, од неа се очекувало едно - да седи дома. Наместо тоа, таа заминала на фронт.За вре...
20/05/2026

Родена во богато британско семејство, од неа се очекувало едно - да седи дома. Наместо тоа, таа заминала на фронт.

За време на Кримската војна, Флоренс пристигнала во британските болници во Турција и затекнала хаос , валкани простории, недостаток на лекови, голем број смртни случаи. Таа воведела строги хигиенски мерки и бројките почнале да паѓаат. Ноќе обиколувала низ ходниците со фенер во рака, грижејќи се за секој ранет. Оттаму се здобива и со надимокот кој го носи до ден денес - Дамата со фенерот.

Но приказната не завршува таму. По враќањето во Британија, Флоренс ги земала податоците, ги претворала во графикони и ги однела пред власта за да докаже дека хигиената убива повеќе луѓе отколку куршумите. Таа беше медицинска сестра, реформаторка и пионерка во визуелизацијата на податоци - сето тоа 1800-тите.

Во 1860 година основала прва школа за медицински сестри во Лондон, која го постави темелот на современата медицинска нега.

#ЖенитевоСТЕМ

Наша препорака книга за овој месец: Broad BandЗнаете ли кој го изгради интернетот? Broad Band од Claire L. Evans одговар...
18/05/2026

Наша препорака книга за овој месец: Broad Band

Знаете ли кој го изгради интернетот? Broad Band од Claire L. Evans одговара на тоа прашање на начин на кој историјата досега не го правела.

Преку приказните на програмерки, визионарки и пионерки, Evans ни открива дека зад дигиталниот свет во кој живееме денес стојат жени чии имиња речиси никој не ги знае. Жени кои пишувале код, градиле системи и замислувале иднина додека светот ги игнорирал.

Денес го одбележуваме Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество! На овој ден, ја прославуваме моќта ...
17/05/2026

Денес го одбележуваме Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество!

На овој ден, ја прославуваме моќта на технологијата која нè поврзува, ги урива границите и создава нови можности за развој.

GEG North Macedonia им овозможува на студентките во STEM да растат, учат и напредуваат во својата кариера преку менторст...
14/05/2026

GEG North Macedonia им овозможува на студентките во STEM да растат, учат и напредуваат во својата кариера преку менторства, обуки за меки и дигитални вештини, практична настава и можности за вработување.

Создаваме заедница каде знаењето, поддршката и можностите одат заедно. 💡

Заследи го нашиот профил и стани дел од GEG North Macedonia.

When women in STEM find each other, something powerful happens - one gathering, countless connections, and a community t...
12/05/2026

When women in STEM find each other, something powerful happens - one gathering, countless connections, and a community that feels like home.

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when GEG North Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to GEG North Macedonia:

Share