16/09/2026
https://www.facebook.com/share/1GrLjd8gaY/
❗Додека нашиот ултиматум кон Владата се уште тече - тие продолжуваат со ноншалантното однесување!
🛑По тешко извојуваното право на екологистите, Г1 тешка индустрија да нема во радиус од 5км до населено место или заштитено подрачје - контра ударот на Владата е укинувањето на ЗАБРАНАТА за реконструкција на истата, иако може се наоѓа во радиусот од 5км!
👉Наместо да постапат по нашиот ултиматум – иако рокот сè уште не е истечен (29 септември!), и конечно да почнат да ги решаваат проблемите со потенцијалните загадувачи, тие предлагаат закон со кој се укинува тешко изборената, ПОСТОЕЧКА забрана за Г1 тешката индустрија, која се наоѓа во радиус од 5 километри од населено место, да врши реконструкција на своите капацитети!
❗Со бришењето на само еден збор (Иако нивното образложение е: (цит.) „Изменувањето има за цел прецизирање на опфатот на активностите на кои се однесува конкретната законска одредба и усогласување на терминологијата со останатите одредби од Законот за животната средина“) отвараат можност НЕ САМО за реконструкција, туку и за проширување на постоечките капацитети – и тоа во близина на населени места, каде секое зголемување на индустрискиот капацитет може да значи и дополнителен ризик за животната средина и здравјето на локалното население!
‼️Додека, бараме државна заштита, одговорност и решавање на проблемите, од нивна страна добиваме нови законски решенија кои отвораат врата за токму она од кое граѓаните со години се обидуваат да се заштитат!
✅**Толку за слухот и грижата за граѓаните и животната средина!
⚠️Рокот е до 29-ти Септември! За останатото, вие си знаете!