30/07/2026
Во рамки на програмските активности за општествена одговорнодт ДПТУ,,Бучим,,ДООЕЛ Радовиш организираше еднодневна посета на Манастирот ,СвСтефан,,во Општина Конче за корисниците на Дневниот центар Порака - Радовиш.
Со обезбеден превоз и ручек од нивна страна корисниците заедно со родителите имаа можност да го посетат манастирот,,Св.Стефан,,и да бидат пречекани од отец Гоце Младеновски кој ни ја опиша историјата на овој манастир стар 600 години рестарвиран во меѓувреме но е гордост за жителите на општина Конче и пошироко.
Корисниците си запалија свеќа за здравје и потоа во дворот на манастирот уживаа во прекрасната природа и чист воздух.
Голема благодарност до отец Гоце за неговото внимание кон корисниците за прекрасните подароци и особена радост за идните соработки и дружења и надвор од манастирскиот комплекс во активности каде дирекно ќе бидат вклучени и корисниците.
Ги поздравуваме и раководниот тим на Рудникот БУЧИМ за реализираната прошетка и нивна грижа за оваа категорија на граѓани.