28/01/2026
Која е улогата на месните заедници(МЗ) во локалниот развој?
Месните Заедници(МЗ) не се само формална институција, тие се срцето на локалната демократија и клучот за одржлив развој на нашите општини. Во многу европски земји, како Австрија, Германија, Чешка и Хрватска, месните заедници се законски признати, избирани или назначени, и имаат свои надлежности и дел од буџетот за локални активности. Тие ги претставуваат интересите на граѓаните, учествуваат во планирањето и управувањето со јавните услуги, и се мостот помеѓу општината и локалното население.
Во Северна Македонија, Месните заедници се укинати и нивната улога е минимизирана. Без нив, граѓаните се одалечени од процесот на донесување одлуки, особено во руралните средини, а локалниот развој и превенцијата од ризици, инфраструктурни проблеми, стануваат многу потешки.
За да имаме поотпорни, побезбедни и развиени заедници, мора да ја враќаме и зајакнуваме улогата на Месните Заедници (МЗ). Тие се таа врска што го прави развојот вистински локален, а граѓаните вистински партнери во својата средина.