Здружение на пензионери, Радовиш и Конче

Call Website

Здружение на пензионери, Радовиш и Конче Здружението на пензионерите на општините Радовиш и Конче е формирано во 1961 година. број 30820080000751.

Од формирањето до денес Здружението во континуитет се развива и остварува видливи резултати. Секоја генерација го дала својот придонес во доградбата на организацијата и во збогатувањето на програмските активности. Во здружението денес членуваат 3633 пензионери организирани во 9 ограноци од кои 5 во градот и 4 во рурални населени места. Во здружението членуваат на корисници на старосни, семејни, инвалидски, боречки и земјоделски пензии, кои се здружуваат заради заштита и унапредување на заедничките цели и интереси,остварување на правата од пензиското и инвалидско осигурување, за поквалитетна здравствена заштита, за унапредување на културните, спортските и хуманитарните потреби, организирање на одмор и рекреација, бањско-климатско лекување, давање помош и сместување во домови на незаштитените и материјално најзагрозените пензионери.
Здружението активно соработува со Сојузот, со сите општински здруженија, локалните самоуправи на општините Радовиш и Конче, Центарот за култура "Ацо Караманов", Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување, Центарот за социјални работи, Општинската организација на Црвен Крст, Здравствениот дом, Општинската организација на СБМ-Радовиш, Средното општинско училиште "Коста Сусинов"-Радовиш, Основното училиште КПМ, Полициската станица, Рудникот "Бучим", Локалните медиуми ТВ ЕМИ и ТВ КОБРА и други организации и институции кои имаат допирни точки со реализацијата на програмата на ЗП Радовиш и Конче.
Во состав на здружението работат 4 пензионерски клуба каде секојдневно стотина пензионери се дружат, гледаат ТВ, читат весник и играат домино, шах и табла.
Здружението располага со скромни финансиски средства, но со домаќинско работење и поголемо ангажирање на органите и телата успева успешно да ги реализира програмските активности. Здружението делува како самостојна, невладина и неполитичка организација, која во континуитет се развива остварувајќи траги во развојот на општината.
Основна карактеристика на здружението е масовноста во дружењето на отворен и затворен простор, како и јавност и отчетност во целокупната работа.
Здружението на пензионерите на општините Радовиш и Конче има својство на правно лице и на ден 18.03.2008 година е извршено упис во Централниот регистар на РМ, Регионална канцеларија Струмица под Дел.

02/11/2026
29/10/2026

И З В Е С Т У В А Њ Е
Се известуваат пензионерите запишани за манифестацијата " Ракијада"- Валандово на 31.10.2026год
нема да се реализира поради не доволен број на пријавени пензионери.
Парите уплатени може да се подигнат секој ден, почнувајки. од 02.11.2026 год. во здружението од 9 до 12 часот.

28/10/2026

🧠 СВЕТСКИ ДЕН НА МОЗОЧНИОТ УДАР – 29 ОКТОМВРИ

По повод Светскиот ден на мозочниот удар, ЈЗУ Здравствен дом Радовиш организира активности за подигнување на јавната свест за важноста на превенцијата, раното препознавање на симптомите и навременото лекување на мозочниот удар.

📍 Локација: Плоштад „Св. Спасо Радовишки“ – Радовиш
📅 Датум: 30 октомври (петок)
🕑 11:00 часот

Во рамки на активностите, сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност за бесплатно мерење на крвниот притисок и шеќерот во крвта со цел навремено препознавање на ризик-факторите и унапредување на здравствената превенција.

🧠 Мозочниот удар може да има сериозни последици, но навременото препознавање на симптомите и брзото реагирање можат да спасат живот.

Превенцијата спасува животи! Секое препознавање навреме е чекор кон подобро здравје.

28/10/2026

И З В Е С Т У В А Њ Е
Се известуваат пензионерите од општините Радовиш и Конче дека на ден 30.10.2026 год.
( петок) од 11 часот ке се мери крвен притисок и шекер бесплатно на плоштадот пред црквичката на св. Спас. Мерењето ке го врши стручна екипа од ЈЗУ Здравствен дом Радовиш, а по повод денот на заштита од мозочен удар.

https://www.facebook.com/share/p/19eeedacho/Се известуваат пензионерите од с.Јаргулица дека во просториите на училиштето...
28/10/2026

https://www.facebook.com/share/p/19eeedacho/
Се известуваат пензионерите од с.Јаргулица дека во просториите на училиштето ке се мери шекер и крвен притисок од 10 часот наутро на ден 29.10.2026 год.(четврток)

🏥 „Здравје за сите“ во с. Јаргулица

📅 29.10.2026 година (четврток)
🕙 Почеток: 10:00 часот

ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш ја продолжува реализацијата на програмата „Здравје за сите“, овојпат во село Јаргулица.

🩺 Целта на активноста е да се овозможи полесен пристап до здравствени услуги, навремено откривање на здравствени ризици и подигнување на свеста за значењето на редовните здравствени контроли и превенцијата.

🤝 Грижата за здравјето започнува со превенција, а здравствената заштита треба да биде достапна за сите!

21/10/2026

И З В Е С Т У В А Њ Е
Се известуваат пензионерите кои се запишуваат за одење во Смиљанци на 07.11.2026 год.тргнувањрто наместо во 10 часот како што е и објавено ке биде во 9 часот.

20/10/2026

Address

Улица "Свети Спасо Радовишки" бр. 70, Радовиш
Radovis
2024

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение на пензионери, Радовиш и Конче posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share