14/03/2026
🌾🌳Здружението „Здрава Еко Долина денеска беше на терен и се вклучи во акцијата за пошумување која беше организирана во Радовиш во близина на Штурово, локација на Планината Плачковица која беше зафатена со пожар во 2024 година.
🗣️ Пошумувањето го организираше ЈП Македонски Шуми и е од програмата за проширена репродукција на ЈП Македонски Шуми и МЗШВ, на околу 10 хектари површина - истакна Директорот на ЈП Македонски Шуми Здравко Трајанов, а на оваа голема акција учествуваа голем број на граѓани и гостите-вработените во Агенцијата за финансиска поддршка заедно со Директорката Даниела Иротова Лазарева, а ќе се пошумува и во наредните денови каде што е планирано на локациите по минатогогодишните пожари кои ја зафатија нашата општина истакна Заменик директорот Кире Михаилов, со автохтони садници кои се од расадниците на ЈП Македонски Шуми рече Директорот на ЈП Македонски Шуми ПЕ Радовиш Дончо Сарамандов.