Екотуризам Охрид / Ecotourism Ohrid

Екотуризам Охрид / Ecotourism Ohrid Здружение за зачувување и истражување на животната средина: Охрид / Дебрца

Екотуризам 2016 ги сподели своите искуства и активности за прогласување заштитено подрачје на форумот „Дијалог за иднина...
11/06/2026

Екотуризам 2016 ги сподели своите искуства и активности за прогласување заштитено подрачје на форумот „Дијалог за иднината на Кожуф“, кој се одржа на 10 јуни во Народен театар Гевгелија.

Овој настан отвори важен разговор за едно од највредните природни богатства во регионот – планината Кожуф. Се зборуваше за нејзините природни и пејзажни вредности, богатството на биодиверзитетот, како и за значењето и придобивките од воспоставување заштитено подрачје.

Форумот се организираше во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда на локално ниво“. Проектот се спроведува од страна на 🌱 Центар за климатски промени / Center for Climate Change во соработка со: National Roma Centrum ,Foundation for Local and IT Development- Gevgelija, Eco Action Tetovo, Регионално географско друштво „ГЕОСФЕРА“ - Битола,Eco-Green Movement, Berovo, Екотуризам Охрид / Ecotourism Ohrid и Младинска организација Креактив.

🤝 Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas

Embassy of Switzerland in North Macedonia

ℹ️ Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Центарот за климатски промени и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

🌍 #центарзаклиматскипромени 🌱 #зазб ♻️ #зеленаагенда 🌿

Дел од тимот од ЕКОТУРИЗАМ 2016, изминатиов период учествуваше во истражувачки активности за летечките цицачи - лилјацит...
26/05/2026

Дел од тимот од ЕКОТУРИЗАМ 2016, изминатиов период учествуваше во истражувачки активности за летечките цицачи - лилјаците. Недопрената природа во Дебрца крие уште многу тајни...

Денес на Белчишко Блато (Сини Вирој) и Центарот за посетители во с. Белчишта ги едуциравме учениците од ООУ Григор Прлич...
15/05/2026

Денес на Белчишко Блато (Сини Вирој) и Центарот за посетители во с. Белчишта ги едуциравме учениците од ООУ Григор Прличев Охрид и ООУ Живко Чинго, Велгошти. Учениците учеа директно од природата за нашето растително и животинско разнообразие. Нивните најдобри фотографии наскоро ќе бидат споделени со сите љубители на природата

Вчера во Охрид го одржавме регионалниот форум за југозападен регион посветен на улогата на институциите и локалните заед...
29/04/2026

Вчера во Охрид го одржавме регионалниот форум за југозападен регион посветен на улогата на институциите и локалните заедници во мониторингот на биодиверзитетот и спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан ♻️🌱

Во рамки на форумот, со над 40 учесници се отворија клучни прашања поврзани со состојбата на биодиверзитетот во земјата 🐾, потребата од систематско следење 📊 и важноста на координирана акција 🤝 помеѓу националните институции, општините и управувачите со заштитени подрачја 🏞️.

На настанот беа презентирани актуелните состојби и главните предизвици поврзани со мониторингот на биодиверзитетот во Македонија 🇲🇰, при што посебен акцент беше ставен на улогата на заштитените подрачја и локалните заедници во процесите на собирање и управување со податоци 📍📈. Дополнително, беше истакната потребата од поефикасна и координирана соработка меѓу институциите на локално и национално ниво 🏛️, како и значењето на усогласувањето со европските стандарди 🇪🇺 и обврските што произлегуваат од Зелената агенда 🌿.

🔎✨ Клучни заклучоци од настанот:
✔️ Потребно е воспоставување функционален и координиран систем за мониторинг на биодиверзитетот 📊🌱
✔️ Недостатокот на податоци и капацитети останува значаен предизвик ⚠️
✔️ Општините имаат клучна улога во процесот преку локално собирање на податоци и имплементација на мерки 🏘️📍
✔️ Зајакнувањето на институционалната соработка е неопходно за постигнување на националните и европските цели 🤝🇪🇺
✔️ Размената на знаења и добри практики придонесува кон поефикасни решенија 🌐💡

🌱 Форумот ја потенцираше важноста од интегриран пристап и континуирана соработка меѓу сите релевантни чинители, со цел заштита на природното богатство 🌳🐾 и унапредување на процесот на зелена транзиција во земјата ♻️.

📌 Регионалниот форум се спроведе во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда на локално ниво“ 🌍.

Проектот се спроведува од страна на Центар за климатски промени / Center for Climate Change во соработка со: National Roma Centrum, Foundation for Local and IT Development- Gevgelija, Eco Action Tetovo, Регионално географско друштво „ГЕОСФЕРА“ - Битола, Eco-Green Movement, Berovo , Екотуризам Охрид / Ecotourism Ohrid иМладинска организација Креактив 🤝🌿.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија 🇨🇭 преку програмата Civica Mobilitas .

Embassy of Switzerland in North Macedonia 🇨🇭

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Центарот за климатски промени и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

#ЦентарЗаКлиматскиПромени #ЗАЗБ #ЗеленаАгенда 🌿

Екотуризам 2016 беше учесник на работилница „EU4Green Biodiversity“, во Подгорица на 15–16 април, која обедини експерти ...
22/04/2026

Екотуризам 2016 беше учесник на работилница „EU4Green Biodiversity“, во Подгорица на 15–16 април, која обедини експерти и официјални претставници од шесте економии на Западен Балкан (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија), во дводневна интензивна размена посветена на заштитата на биодиверзитетот.
Во текот на работилницата, учесниците активно работеа на изработка на национални патокази за имплементација на Директивите на ЕУ за природата и Регулативата за инвазивни туѓи видови — значаен чекор кон усогласување со Зелената агенда на ЕУ.

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Општина Дебрца и ЕКОТУРИЗАМ 2016,Охрид, денеска...
07/04/2026

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Општина Дебрца и ЕКОТУРИЗАМ 2016,Охрид, денеска ја отвори јавната расправа по Нацрт-законот за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.

Јавната расправа се одржа во просториите на Општина Дебрца и претставува значаен чекор во процесот на институционална заштита на едно од посебно вредните природни подрачја во државата, преку утврдување на категоријата на заштита, границите и зоните на идниот парк на природа.

На отворањето се обратија претставници од МЖСПП, како и градоначалникот на Општина Дебрца Златко Сиљаноски, при што беше нагласена важноста од заедничкото делување на институциите на државно и локално ниво, експертската јавност и локалната заедница во процесот на заштита и одржливо управување со природните ресурси.

Во рамки на расправата беа презентирани природните вредности на Белчишко Блато, предложената категоризација на заштита, како и предлог-границите и зоните, додека претставници од МЖСПП ја образложија постапката за прогласување на подрачјето и содржината на Нацрт-законот. Претставник од Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“, Ѓоко Зороски, ги презентираше природните вредности и значењето на подрачјето од аспект на биодиверзитетот и неговата заштита.

Настанот овозможи отворена дискусија со сите засегнати страни, со цел прибирање на мислења, коментари и предлози кои ќе придонесат кон квалитетно финализирање на законското решение.

Ги повикуваме сите заинтересирани страни активно да се вклучат во процесот, при што коментари и сугестии по Нацрт-законот може да се достават во рок од 10 дена по одржување на јавната расправа

Покана до јавноста:Ве покануваме да присуствувате на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за ...
03/04/2026

Покана до јавноста:

Ве покануваме да присуствувате на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV - Парк на природа.
Јавната расправа ќе биде организирана на 7 април 2026 г. (вторник), со почеток во 11:00 - 13:15 часот во сала за состаноци во општина Дебрца, с. Белчишта
Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV - Парк на природа е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).

Го одбележавме Светскиот ден на водите - 22 март. Изминативе денови дел од нашиот тим изврши акции за чистење од отпад н...
22/03/2026

Го одбележавме Светскиот ден на водите - 22 март. Изминативе денови дел од нашиот тим изврши акции за чистење од отпад на дел од р. Сатеска кај с. Ботун, општина Дебрца, поголем дел од текот на р. Летница (Сушица), кај с. Рамне и дел од текот на р. Чардачница и патот до црква Св. Богородица кај с. Велгошти. Собравме околу 150 kg најразновиден отпад во кој доминира пластиката. Дел од ПЕТ амбалажата ја одложивме во садови за селекција. Но, она што нѐ загрижува е фрлените амбалажи од опасни хербициди на сите три реки, како и филтри за масло за камиони. Сите тие се исклучително отровни отпади по живиот свет, кој за жал стигнува во Охридското Езеро. Се наметнуваат неколку заклучоци, односно барања до надлежните органи кои се ургентни и тоа:
- вработување водостопански инспектор за подрачјето на Охрид и поширокиот регион
- вработување поголем број комунални редари со секојдневни патроли покрај речните водотеци
- организирање пунктови за собирање амбалажа од опасен отпад
- поставување видео-надзор на дел од излетничките места покрај водотеците и езерото
Во спротивно ни се заканува неизбежна опасност од присуство на тн. микропластика во водите и храната која ја јадеме, како и намалување на популациите на риби и птици.

Активноста е во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда на локално ниво“. Проектот се спроведува од страна нa Центар за климатски промени/Center for Climate Change во соработка со: National Roma Centrum , Foundation for Local and IT Development- Gevgelija ,Eco Action Tetovo , Регионално географско друштво „ГЕОСФЕРА“ - Битола , Eco-Green Movement, Berovo , Екотуризам Охрид / Ecotourism Ohrid и Младинска организација Креактив.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas
Embassy of Switzerland in North Macedonia
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Центарот за климатски промени и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
#центарзаклиматскипромени #зазб #зеленаагенда

21/03/2026

Го одбележуваме Светскиот ден на шумите - 21 март. А шумите како дел од биодиверзитетот се еден од столбовите на Зелената Агенда. Во Белчишко Блато се наоѓа најголемата евлова шума во Македонија со површина од 31 хектар. Таа е столб на екосистемот, складира големи количества јаглерод и е заштитник од климатските промени. Евловата шума ќе биде дел од строго заштитената зона на блатото кое за скоро ќе биде прогласено за заштитено подрачје.

Активноста е во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда на локално ниво“. Проектот се спроведува од страна на Центар за климатски промени/Center for Climate Changeво соработка со: National Roma Centrum , Foundation for Local and IT Development- Gevgelija , Eco Action Tetovo , Регионално географско друштво „ГЕОСФЕРА“ - Битола , Eco-Green Movement, Berovo, Екотуризам Охрид / Ecotourism Ohrid и Младинска организација Креактив.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas
Embassy of Switzerland in North Macedonia

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Центарот за климатски промени и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
#центарзаклиматскипромени #зазб #зеленаагенда

Денешна заедничка осмомартовска акција: нов дрворед на дел од ул. Партизанска и нови дрва  во холандскиот парк
08/03/2026

Денешна заедничка осмомартовска акција: нов дрворед на дел од ул. Партизанска и нови дрва во холандскиот парк

Address

Ohrid
6000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Екотуризам Охрид / Ecotourism Ohrid posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Екотуризам Охрид / Ecotourism Ohrid:

Share