18/08/2026
НОВА МОЖНОСТ ЗА АКТИВНО СТАРЕЕЊЕ ВО ОПШТИНА ПЛАСНИЦА ❤️
Со особена радост споделуваме дека на 17.08.2026 година беше потпишан Договор за грант за развој на социјална услуга – „Центар за дневен престој за стари лица со активно стареење“, во рамки на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги.
Договорот е склучен помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, Општина Пласница и Здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи ЖРТВА Охрид.
За нас ова претставува голема чест, но и одговорност, бидејќи добиваме можност да придонесеме кон развојот на нова и значајна социјална услуга во Општина Пласница.
Центарот за дневен престој ќе биде место за:
• дружење и социјална поврзаност
• активност и учество во заедницата
• поддршка и грижа
• достоинствено и активно стареење
Нашата визија е стареењето да не значи изолираност, туку можност за активен, исполнет и достоинствен живот, во кој секој повозрасен човек е важен и активен член на заедницата.
Упатуваме искрена благодарност до Министерството за социјална политика, демографија и млади, Општина Пласница и Проектната единица за довербата, поддршката и професионалноста во целиот процес.
Вашата доверба за нас е мотив, но и обврска да дадеме сè од себе оваа можност да ја претвориме во квалитетна, достапна и одржлива социјална услуга.
Продолжуваме посветено и одговорно, со заедничка цел да градиме заедница во која секоја возраст има свое место, значење и достоинство.
#СеГрижиме