02/06/2026
🗣️Важно е процесите на застапување да се одвиваат координирано и во соработка со поголем број на граѓански организации, а се со цел гласот на граѓанските организации да биде што е можно посилен и помоќен
🗣️ Во нашиот нов подвиг посветен на дигиталната трансформација, а во рамките на проектот “Local Youth Digital Action Lab – From Clicks to Civic Change“, освен што на локално ниво ќе го зајакнуваме учеството на младите и граѓаните во локалните процеси на донесување на одлуки преку користење на дигитални алатки, ќе застапуваме и за промени кои што ќе ја унапредат дигитализацијата и дигиталната инклузија како на локално, така и на национално ниво
🗣️За таа цел, нашата извршна директорка учествуваше на првата средба со граѓански организации на која што се дискутираше за предизвиците кои што се клучни и приоритетни за надминување, а кои што ќе го подобрат граѓанското учество во процесите како на локално така и на национално ниво. Беа истакнати предизвици со учеството на младите во процесите, наставно-образовниот процес, развојот на општините кога е во прашање дигитализацијата, достапноста на онлајн алатките и услугите итн.
🗣️ Во следниот период ќе се изберат неколку клучни приоритети на чие што достигнување ќе се работи во рамките на Regional Support Mechanism EECA.
Оваа активност е поддржана во рамките на CIVICUS Digital Democracy Initiative (DDI).
Metamorphosis Foundation Hive Mind