23/09/2025
Според историските податоци пред 82 години на овој ден започнало со работа првото училиште на Македонски јазик во далечната 1943 година, со одржување на првиот час на македонски јазик во слободната територија на Македонија во село Подвис Кичевско од страна на учителот Василко Ристески на 23 септември 1943 година. Покрај сите напори и вложувања на НВО Центар за помош и интегрирање на недоволно развиените и развиените подрачја во граѓанското општество Кичево и реализација на проектот "Заштита и ревитализација на првото училиште на македонски јазик за време на НОВ како недвижно културно наследство" во 2013 година и влегувањето на училиштето во програмата на државата за заштита на културното наследство,ништо не се направи и за жал овој историски споменик кој е темел за Македонија и Македонскиот народ ,заборавено и оставено на забот на времето се претвора во руина.Срам за сите надлежни институции во оваа држава.