Мобилност Битола

Мобилност Битола Здружение на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен - www.mobilnostbitola.org.

На ден 10.12.1987 година по иницијатива на Организацијата на социјално-хуманитарните организации (СХО), во присуство на 20 делегати од кои најголемиот број беа од Центарот за социјални работи, органите на СХО, претседателот и секретарот на тогашниот Сојуз на здруженијата на телесни инвалиди на Македонија и неколку ентузијасти, се формира ЗТИЛ - Здружение на телесни инвалиди на Битола. Првите некол

ку месеци беа исполнети со барање на патишта за активирање на новото Здружение. Во тоа најголемо учество имаше нејзиниот претседател.

До средината на 1988 година, веќе се регистрирани првите членови меѓу кои Митко, Васко, Живко, Марко, Благоја и неколку други.До крајот на 1988 година се конституираа органите и беше свикано собрание. Со изминувањето на годините се зголемуваше и бројот на членовиа со тоа и кадровскиот потенцијал. Треба да се напомене дека освен редовни, уште во тој период беа доста активни и вонредни членови.

Во 1992 година на сеопшта иницијатива е формирано КУД Феникс кое својата активност покрај во рамките на Здружението ја пласираше и во рамките на Сојузот. Од триото Т ( Томче, Томе, Трендафил ) , Здружението се прошири со нови членови - Фанче, Диме, Соте, Николчо итн. Во 1997 година на редовното Собрание беше донесена одлука за проширување на дејствувањето на Здружениетово поширок регион, односно беа опфатени Преспанскиот и Демир Хисарскиот, а од 1998 година Здружението се преименува во МЗТИЛ - Меѓуопштинско здружение на телесно-инвалидизирани лица на општините Битола, Демир Хисар и Ресен. Со проширувањето на активноста во 1998 година, беше одржана и првата Средба на тема - Психолошки проблеми кај телесната инвалидност, со што започна нов начин на комуникација. После тоа се нижеа и успеси на сите полиња посебно на спортските терени. Овој тренд на активности со самото зголемување на членството кое сега брои околу 750 членови, се одеше со исто темпо во остварување на програмските и статутарни цели на Здружението на Сојузот.

„Мобилност Битола“ на 38. Спортски игри на „Мобилност Македонија“Од 11 до 14 јуни 2026 година, во Охрид и во Струга се о...
18/06/2026

„Мобилност Битола“ на 38. Спортски игри на „Мобилност Македонија“

Од 11 до 14 јуни 2026 година, во Охрид и во Струга се одржаа 38. Спортски игри на „Мобилност Македонија“, со меѓународно учество на екипи од повеќе балкански земји. Како и секогаш, „Мобилност Битола“ учествуваше со свои претставници, од кои шест од седумте директно пласирани и два старо-нови спортисти. Општиот впечаток е дека, и покрај логистиката на клубовите за спорт и рекреација на инвалиди на Р.С. Македонија, резултатите се на исто ниво или под очекуваното.

Генерално, сите шест спортисти се изборија за пласман за в година, а старо-новите кандидати беа под нивото за учество. Женскиот дел од екипата со два медала ја повтори минатогодишната позиција, а кај момците се измешаа медалите од „Мобилност“ и од ССРИ, имајќи предвид дека истите се членови и на „Мобилност Битола“ и на ССРИ. Сепак, важно е да се учествува и да се покаже успех, но и почит и одговорност.

Снимка од нашата тематската работилница „Едно е надеж, друго е очекување“, одржана на 27 мај 2026 година во спортската с...
10/06/2026

Снимка од нашата тематската работилница „Едно е надеж, друго е очекување“, одржана на 27 мај 2026 година во спортската сала на ЗИО.

Предавање на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, на работилницата на здружението Мобилност на тема: „Едно е надеж друго е очекување“, во салата ...

02/06/2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ за редовни термини во вторник и петок

Се известуваат членовите на МОБИЛНОСТ Битола дека редовните термини на здружението секој вторник и петок ќе започнуваат од 19.00 часот.

Овој распоред важи од денес, 2 јуни 2026 г.

МОБИЛНОСТ Битола

„Едно е надеж, друго е очекување“ – тематска работилница на „Мобилност Битола“На 27 мај 2026 година, во спортската сала ...
28/05/2026

„Едно е надеж, друго е очекување“ – тематска работилница на „Мобилност Битола“

На 27 мај 2026 година, во спортската сала на ЗИО, „Мобилност Битола“ организираше тематска работилница насловена „Едно е надеж, друго е очекување“, на која присуствуваа четириесетина членови и пријатели на нашето здружение, како и гости од здруженијата од Штип, Кочани и од Куманово. Промотор и прв излагач на настанот беше претседателот на „Мобилност Битола“, прим. д-р Нико Јанков. Во своето излагање, покрај едно од повеќето размислувања што е надеж а што очекување, со сите параметри на спротивности, како позитивност-негативност, истрајност-откажување, визија-безидејност, тој ја дефинираше надежта како исконски порив за преживување и остварување на целите во животот, наспроти очекувањето како исход и материјализација на поривот од надежта. Тука би спаѓало и стопирање на неповолна состојба – процес, пребродување и прифаќање, помош од семејството и заедницата, реализација на прописи, перспектива во животот и тн.

На ова се надоврза вториот предавач на работилницата, Митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, инаку наш редовен и активен член. Од негов агол на перцепција на надежта и очекувањата, донекаде има совпаѓање, но и разлика во толкувањето дека многу важен фактор е духовноста, односно верата, така што на самото излагање се додаде и филозофско-теолошки пристап кој беше втемелен во основната замисла.

Низ дискусијата ставовите се вообличија во овој заеднички пристап кој ни е потребен во овој брановиден момент за лицата со инвалидност. Совладување на овие навистина сериозни и вознемирувачки размислувања до апатија, да не речеме егзистенцијална криза, која мораме да ја надминеме по секоја цена и со сите алатки што ни стојат на располагање.
Сѐ на сѐ, едно успешно дружење кое на крајот заврши со освежување со кафе и мала закуска. Благодарност до сите кои најмногу помогнаа во организацијата на настанот, особено на Дејан и Ивона. Активностите продолжуваат.

Тематска работилница на МОБИЛНОСТ БитолаНа 27 мај 2026 (среда) во спортската сала на ДХО (ЦСР), со почеток од 13.00 часо...
23/05/2026

Тематска работилница на МОБИЛНОСТ Битола

На 27 мај 2026 (среда) во спортската сала на ДХО (ЦСР), со почеток од 13.00 часот, Мобилност Битола организира работилница на тема "Едно е надеж, друго е очекување".

Се покануваат сите заинтересирани членови да присуствуваат на овој настан.

Мобилност Битола

Честитки за Дарко!
15/05/2026

Честитки за Дарко!

Битолчанецот Дарко Спировски освои трето место во фрлање на копје на отворено првенство на Србија во пара атлетика „Србија Опен 2026“, што се одржа во Крушевац.&nbs...

Управен Одбор на „Мобилност Битола“На 28 април 2026 година, со почеток во 17.00 часот во просториите на „Мобилност Битол...
04/05/2026

Управен Одбор на „Мобилност Битола“

На 28 април 2026 година, со почеток во 17.00 часот во просториите на „Мобилност Битола“ се одржа седница на Управниот одбор, со квалификувано мнозинство и во присуство на членови на Надзорниот одбор. Се разгледаа активностите меѓу две седници, вклучувајќи го Собранието и останатите настани што беа организирани во овој период, и беше заклучено дека насоките се добри и дека треба да се продолжи со исто темпо. Беше разгледан и финансискиот извештај за првите три месеци од 2026 ггодина, согласно одлуките на УО на „Мобилност Македонија“ за трошење на средствата од дотациите, режиски и други активности по програмата за работа.

Прво беа потврдени одлуки по електронски пат, а потоа беа донесени одлуки за расходување и отпишување на средства, за што беше формирана и работна група која ќе направи увид во сите три канцеларии и ќе отпише расходувани и непотребни средства, како и фукционални за кои би можеле да трошиме средства. Со увидот на работната група ќе се операционализираат одлуките.

Потоа се донесоа одлуки за организација на три работилници во универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, благодарение на сѐ поуспешната соработка со раководството и можноста за бесплатно користење на салата во оваа институција, која е една од најпристапните во Битола. Се разбира, на настаните ќе бидат поканети личности, здруженија и институции со коишто имаме плодна соработка.

Разгледани беа и други прашања од интерес на работата на здружението, особено што во овој период се зачленија околу 15 нови членови, а бројот на пасивни и заминати членови се ажурира тековно, еднаш годишно. Сѐ на сѐ, успешна седница со добри насоки на делување и поделени активности на сите присутни. Активностите продолжуваат.

„Мобилност Битола“ во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола по повод Светскиот ден на книгата и авторското правоНа 23 апри...
24/04/2026

„Мобилност Битола“ во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола по повод Светскиот ден на книгата и авторското право

На 23 април 2026 година, по повод Светскиот ден на книгата и авторското право, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола организираше пригодна манифестација на која присуствуваа и претставници на „Мобилност Битола“. Пред самиот почеток на настанот, претседателот прим. д-р Нико Јанков и членката на УО, авторка и поетеса м-р Биљана Тодоровска имаа срдечен и плодотворен разговор со директорката на библиотеката м-р Емилија Стефановска-Давкова, со обостран договор за континутитет на нашата соработка и пријателство, учество во проекти и работилници, со користење на салата и опремата, како и други погодности за нашите членови без надомест.

Отворајќи ја манифестацијата, директорката во кратки црти го истакна значењето на книгата и авторското право, а потоа потоа актерката Јулијана Мирчевска од Народниот театар – Битола ѝ даде глас на светската и македонската порака за 23 април. На самиот крај на манифестацијата, директорката на сите учесници им подари по една книга, а на дамите и по еден црвен трендафил.

Во оваа пригода, уште еднаш изразуваме благодарност до НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола за континуираната досегашна и идна соработка, и се надеваме дека истата ќе продолжи во позитивна насока. Активностите продолжуваат.

Комисија за одмори на „Мобилност Битола“По завршувањето на Конкурсот за одмори, кој беше отворен од 1 до 15 април 2026 г...
16/04/2026

Комисија за одмори на „Мобилност Битола“

По завршувањето на Конкурсот за одмори, кој беше отворен од 1 до 15 април 2026 година, на 16 април во просториите на „Мобилност Битола“ се состана Комисијата за одмори составена од Антонио Јолевски и Стеван Цветановски, додека Фанче Георгиевска беше оправдано отустна. Во присуство на претседателот прим. д-р Нико Јанков и секретарот Митко Фидановски, Комисијата ги испочитува сите правила и утврди дека има доволен број на пријавени, но помалку од бројот на расположливи места во двете смени кои се предвидени за нашите членови.

Од тој аспект, Комисијата зазеде став дека има услови сите барања да бидат одобрени, така што ниту еден од пријавените кандидати не беше одбиен. Резултатите се прикачени на огласната табла во здружението и истите се објавени како фотографии во оваа објава.

Мобилност Битола

„Мобилност Битола“ во Советот за социјална заштита на Општина БитолаНа 14 април 2026 година, Општинскиот совет за соција...
16/04/2026

„Мобилност Битола“ во Советот за социјална заштита на Општина Битола

На 14 април 2026 година, Општинскиот совет за социјална заштита на Општина Битола ја одржа својата конститутивна седница, започнувајќи ја работата на третиот состав на Советот, во насока на зајакнување на локалниот систем на социјална поддршка. „Мобилност Битола“ за своја претставничка ја делегираше нашата членка Биљана Тодоровска, а на седницата за секретар беше избрана Симона Јовеска, советничка за социјални услуги за ранливи групи во Општина Битола, која исто така е членка на „Мобилност Битола“. За претседавач беше избрана советничката во Советот на Општина Битола Марина Крстиќ, а за заменик претседавач советничката во Советот на Општина Битола Софија Ристевска-Петрушева.

Во фокусот на дискусијата беше улогата на Советот како координативно тело кое ги обединува институциите, граѓанските организации и локалната самоуправа во креирање на ефективни решенија за ранливите категории граѓани. Се дискутираше и за актуелните состојби на локално ниво, а истакната беше неопходноста од развој на нови и иновативни социјални услуги, како и подобро искористување на постојните ресурси, преку меѓусекторска соработка и партнерства.
Советот ќе се фокусира на конкретни мерки насочени, меѓу другото, кон подобрување на положбата на лицата со попреченост, со посебен акцент на пристапност, инклузија и рана поддршка, а ќе делува како платформа за дијалог, координација и иницирање на решенија, со цел градење на поотпорен и инклузивен локален систем.

Им посакуваме успешна и плодотворна работа на сите членови на Советот за социјална заштита на Општина Битола, и веруваме дека придонесот на нашата делегатка Биљана ќе биде исто толку успешен и плодотворен, во насока на подобрување на условите за остварување и нашите статутарни и програмски цели.

Фотографии преземени од Општина Битола

Address

Населба Карпош ББ (ЦСР, ДХО)
Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Мобилност Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share