Pro Local

Pro Local Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Pro Local, Non-Governmental Organization (NGO), Rade Iliev 5, Bitola.

Про Локал учествуваше на Работната средба на службениците за млади на локално ниво, организирана во рамки на проектот „М...
04/06/2026

Про Локал учествуваше на Работната средба на службениците за млади на локално ниво, организирана во рамки на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, посветена на Агендата „Млади, мир и безбедност“.

Во рамки на програмата, претседателката на Про Локал, Емилиa Ѓероска, се осврна на состојбите со имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики на локално ниво, како и на искуствата и достигнувањата на Регионалната платформа за млади како механизам за унапредување на младинското учество и меѓуопштинската соработка.

Во своето обраќање, таа ја нагласи важноста од доследна примена на законските механизми за младинско учество и потребата институциите активно да создаваат простор за дијалог и соработка со младите. Притоа, беше истакнато дека обврската за вклучување на младите во процесите на креирање политики и донесување одлуки не треба да биде оставена исклучиво на иницијативата на младите, туку претставува одговорност и на институциите кои треба навремено и суштински да ги вклучуваат во овие процеси.

Работната средба претставуваше значајна можност за размена на искуства и добри практики меѓу службениците за млади, институциите и организациите кои работат на унапредување на младинското учество и градење доверба помеѓу младите и институциите.

Про Локал останува посветен на создавање механизми кои ќе обезбедат младите да бидат препознаени како рамноправни партнери во развојот на локалните заедници и демократските процеси.

📌 Младински политики значат подобра иднина за младите – и затоа тие мора да бидат вклучени во одлучувањето.💡 Кога младит...
04/06/2026

📌 Младински политики значат подобра иднина за младите – и затоа тие мора да бидат вклучени во одлучувањето.

💡 Кога младите учествуваат, одлуките се подобри и поправедни.

Проектот „Младински политики по мерка на младите“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.


Civica Mobilitas
Embassy of Switzerland in North Macedonia

03/06/2026

🎥 Младинските политики директно влијаат врз секојдневието на младите – образованието, можностите, безбедноста и иднината.

Затоа е клучно младите да бидат активно вклучени во процесите на донесување одлуки.

💡 Кога младите учествуваат – политиките се појасни, поправедни и поефективни.

Проектот „Младински политики по мерка на младите“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.


Civica Mobilitas
Embassy of Switzerland in North Macedonia

📊 Младите од Долнени го кажаа своето мислење – и тоа се слуша!Во рамки на спроведена анкета меѓу учениците од Гимназијат...
03/06/2026

📊 Младите од Долнени го кажаа своето мислење – и тоа се слуша!

Во рамки на спроведена анкета меѓу учениците од Гимназијата во Житоше, во текот на месец мај, младите имаа можност директно да ги споделат своите ставови и приоритети за подобрување на условите во училиштето.

Според резултатите од анкетата, учениците се одлучија за подобрување на училишната безбедност преку поставување и унапредување на безбедносни елементи во училиштето, како мерка која директно придонесува за зголемување на сигурноста и заштитата во училишната средина.

Оваа иницијатива уште еднаш ја потврдува важноста на младинското учество во процесите на донесување одлуки, особено кога станува збор за прашања поврзани со безбедноста и квалитетот на образовната средина.

Кога младите се вклучени во одлучувањето, решенијата се порелевантни, поодржливи и насочени кон реалните потреби на заедницата.

Проектот „Младински политики по мерка на младите“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.


Civica Mobilitas
Embassy of Switzerland in North Macedonia

🔵 Со успешно реализираниот завршен настан во Офицерски дом – Битола, официјално беше заокружен проектот „Граѓански круго...
03/06/2026

🔵 Со успешно реализираниот завршен настан во Офицерски дом – Битола, официјално беше заокружен проектот „Граѓански кругови – од институционален молк до дијалог предводен од млади“.

🟠 Извршниот директор на МКЦ-Битола, Златко Талевски, истакна дека проектот овозможи воспоставување простор за отворен дијалог и соработка помеѓу младите и институциите, при што младинските идеи беа преточени во конкретни иницијативи и активности.

🟣 Претседателката на Про Локал, Емилиa Ѓероска, нагласи дека младите треба да бидат препознаени и вклучени како рамноправни партнери во процесите на креирање политики и развој на локалните заедници.

🔵 Во рамките на настанот беа презентирани резултатите од локалните демократски кругови, реализираните младински активности и препораките содржани во Регионалната политика за младинско вклучување (Regional Policy Paper), кои ги презентираше проектниот координатор од Про Локал, Рубин Николоски.

🟠 Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Новаци и претседател на Советот на Пелагонискиот плански регион, Стевче Стевановски, ја нагласи потребата младите да бидат активни и одговорни чинители во развојот на локалните заедници и во процесите што непосредно влијаат врз нивната иднина.

🟣 Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, се осврна на значењето од воспоставување механизми преку кои гласот на младите не само што ќе биде слушнат, туку и суштински интегриран во институционалните процеси.

🔵 Раководителот за култура при Германската амбасада во Скопје, Кевин Маас, ја истакна важноста од поддршка на иницијативи што придонесуваат за развој на демократска култура, дијалог и младинско учество како темел за одржливи и инклузивни заедници.

🟠 Раководителот на локалната канцеларија на RYCO во Скопје, Владимир Ѓорѓевски, истакна дека моделот на „локални демократски кругови“ претставува значајна алатка за зајакнување на довербата, соработката и директната комуникација помеѓу младите и институциите, создавајќи средина во која младите не се само учесници, туку и активни носители на општествени промени.

Активноста доби поддршка преку грантовата шема RYCOgnizing YPS, поддржана од Германската соработка и имплементирана од

27/05/2026
📢 Успешно реализиран онлајн настан – „Граѓански кругови“На 20 мај успешно го одржавме онлајн настанот за промоција на ре...
22/05/2026

📢 Успешно реализиран онлајн настан – „Граѓански кругови“

На 20 мај успешно го одржавме онлајн настанот за промоција на резултатите од проектот
„Граѓански кругови – од институционален молк до дијалог предводен од младите“ 💬

Во рамки на настанот ги презентиравме постигнатите резултати од проектот, кој ги опфати сите 9 општини во Пелагонискиот регион и создаде простор младите активно да учествуваат во креирањето на локалните политики.

💡 Дискутиравме и за:
✔️ можностите за репликација на овој модел во други региони
✔️ градење партнерства помеѓу младите и институциите
✔️ зајакнување на младинскиот глас во процесите на одлучување

Проектот беше реализиран од МКЦ-Битола во партнерство со Про Локал-Битола и општините од регионот, со цел да се поттикне отворен и конструктивен дијалог помеѓу младите и локалните власти.

🙏 Голема благодарност до сите учесници

Проектот е поддржан преку грант шемата на RYCOgnizing YPS, поддржана од Германската соработка и имплементирана од RYCO.

21/05/2026

Како изгледа кога еден младински центар навистина живее со младите? 🎥

Бевме во младинскиот центар во Кривогаштани - место каде што идеите, дружбата и иницијативите добиваат свој простор. 🤍

Низ овој мал vlog, ве носиме низ атмосферата, луѓето и енергијата што секојдневно се создава таму.
Затоа што младинските простори не се само објекти.
Туку места каде младите се чувствуваат слушнати, вклучени и мотивирани да создаваат. ✨

#МладинскиЦентар #Кривогаштани

Урбано Гнездо - Кривогаштани
Embassy of the Netherlands in North Macedonia

Младите сè погласни во креирањето политики – Пелагонија покажува како изгледа вистинско младинско учество 💬Регионалната ...
18/05/2026

Младите сè погласни во креирањето политики – Пелагонија покажува како изгледа вистинско младинско учество 💬

Регионалната платформа за млади (РПМ) продолжува да се зацврстува како клучен двигател на младинските политики и регионалната соработка во Пелагонискиот регион. На петтата седница во Битола, седум градоначалници, претставници на општини и граѓански организации се обединија околу заедничка цел – посилно младинско учество и развој.

💡 Платформата функционира како жив простор за дијалог, каде идеите на младите добиваат конкретна форма преку иницијативи и политики – дел од нив веќе се развиваат и независно од проектната поддршка, што ја потврдува нејзината одржливост.

🎭 Во фокусот беа културата и туризмот – области со голем потенцијал, но и потреба од подобра промоција, дигитална видливост и заеднички пристап.

📊 Еден од најзначајните моменти беше иницијативата за воведување буџетска ставка „МЛАДИ“ – конкретен чекор кон системски промени што доаѓаат директно од младите.

РПМ сè повеќе се позиционира како пример за суштинско младинско учество – каде гласот на младите не само што се слуша, туку и влијае.

Активностите се реализираат во рамки на проектот „Младински политики по мерка на младите“, со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата „Цивика мобилитас“.

Civica Mobilitas
Embassy of Switzerland in North Macedonia

💭 6 настани. 100+ млади. Безброј моменти што вредат.Во текот на активностите посветени на менталното здравје, заедно со ...
15/05/2026

💭 6 настани. 100+ млади. Безброј моменти што вредат.

Во текот на активностите посветени на менталното здравје, заедно со средните училишта од Битола, создадовме безбеден простор за учење, дружење и поддршка 💙

👉 Игравме тенис и зборувавме за мааната и моќта на спортот
👉 Споделувавме моменти со повозрасните во домот „Свети Спас“ во Кравари
👉 Креиравме, готвевме, слушавме музика и се поврзувавме

Секој настан беше приказна сам за себе – но заедно создадоа едно силно искуство што потсетува колку е важно да се грижиме за себе и за другите.

✨ Менталното здравје е патување – а најубаво е кога не си сам на него.

Проектот „Младински политики по мерка на младите“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.


Civica Mobilitas
Embassy of Switzerland in North Macedonia

Address

Rade Iliev 5
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38971307301

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Pro Local posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Pro Local:

Share