NGO Semper - Bitola

NGO Semper - Bitola SEMPER - Association FOR EQUAL OPPORTUNITIES SEMPER is non government, non party and non profitable organization.

Association FOR EQUAL OPPORTUNITIES SEMPER is non government, non party and non profitable organization founded on 21.06.2002. By the decision of the Ministry of labor and social politics it has been registered since July 2005 in The Register of Civil Communities from the field of social protection
There are 60 members in SEMPER, 11 of which are active and are with different professions (social workers, pedagogues, teachers, doctors, psychologists, dialectologists, lawyers, engineers)

📌Здружението за еднакви можности СЕМПЕР на 05.09.2023 год. во х.Милениум Битола ја реализира и последната трета обука на...
06/09/2023

📌Здружението за еднакви можности СЕМПЕР на 05.09.2023 год. во х.Милениум Битола ја реализира и последната трета обука на тема: „ Родово базирано и семејно насилство и одржливост на специјализираните сервиси за помош и поддршка на жените жртви на насилство“ за претставниците од Комисиите за еднакви можности помеѓу мажите и жените и Општинските совети за социјална заштита од Пелагонискиот регион.

📌На оваа обука покрај едукативниот дел посебен акцент беше ставен и беа презентирани услугите кои се нудат во специјализираниот сервис за жртвите на родово базираното и семејното насилство, поточно Женскиот центар за поддршка во Битола и начинот на финансирање за негова одржливост кој е единствен од ваков вид во Пелагонискиот регион.

📌Сите учесници присутни од оваа обука беа едногласни за време на дискусијата од неопходноста за постоење на ваков специјализиран сервис за жртвите на родово базирано и семејно насилство. Исто така дел од учесниците укажаа и на потребата од организирње на слични вакви работилници и во останатите општини со членови од советите и општинската администрација како и пошироката јавност.

Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Застапување за обезбедување на пристапни сервиси за помош и поддршка на жртви на родово базирано насилство и семејно насилство во Битола – Пелагониски регион“ во склоп на проектот ,,На патот кон ЕУ: Спречување на насилство врз жените во Република Северна Македонија” спроведуван од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, а со финансиска поддршка од Фондацијата Kvina till Kvina (Kvina till Kvina Fondation).

📌„СЕМПЕР“ во текот на месец август продолжи со застапување за одржливост на Женскиот центар  за поддршка на жени и деца ...
28/08/2023

📌„СЕМПЕР“ во текот на месец август продолжи со застапување за одржливост на Женскиот центар за поддршка на жени и деца жртви на семејно и родово базирано насилство воспоставен и раководен од Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во соработка со НВО Одраз.

📌На 24 –ти август во просториите на НВО Баирска Светлина се оствари средба со претседателот на НВО г-дин Ремзи Садик.

📌На средбата беше промовиран Советувалишниот центар – Женски центар за поддршка Битола кој е единствен од ваков вид во во Пелагонискиот регион, доставен беше информативен број кој ќе им биде дистрибуиран на граѓаните од месноста „Баир“ со цел што поголем број на граѓани да се информирани за оваа специјализирана услуга за жртвите на семејно родово базирани насилство и истите ја користат кога за тоа имаат потреба.

📌Со ваквите средби се промовира Женскиот центар Битола но и се унапредува соработката со НВО секторот во Битола за следни заеднички активности.

Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Застапување за обезбедување на пристапни сервиси за помош и поддршка на жртви на родово базирано насилство и семејно насилство во Битола - Пелагониски регион“ во склоп на проектот „На патот кон ЕУ: Спречување на насилство врз жените во Република Северна Македонија” спроведуван од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, а со финансиска поддршка од Фондацијата Kvina till Kvina (Kvina till Kvina Fondation).

↘️„СЕМПЕР“ во текот на оваа недела реализира уште 2 работни средби со граѓански организации за застапување на специјализ...
31/07/2023

↘️„СЕМПЕР“ во текот на оваа недела реализира уште 2 работни средби со граѓански организации за застапување на специјализираните услуги во Женскиот центар за поддршка на жени и деца жртви на семејно и родово базирано насилство во Битола кој е воспоставен и раководен од Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во соработка со НВО Одраз.

↘️На 27-ми и 28-ми јули 2023, беа реализирани 2 (две) работни средби со граѓанските организации ЗУР Македонски ракотворби со м-р Гордана Лазаревска и COSV – Комитетот на организации за волонтерски услуги – Италијанска невладина организација од Милано со овластениот претставник за
Македонија г-дин Гоце Богоевски, со подружница во Прилеп.

↘️На средбите беа презентирани специјализираните услуги кои жртвите можат да ги добијат во Женскиот центар за поддршка во Битола и истакната беше потребата од информирање на што поголем број граѓани од Пелагонискиот регион кои можат да ги користат овие услуги . Посебно со претставниците од COSV беше посветено особено внимание со оглед на тоа што тие со своите активности преку реализација на проектот во Битола „ Баир - Здружена акција за вклучување на Ромите“, дирекно работат на терен во населбата Баир каде живее претежно живее ромско население и како ризична група неопходно е да ја имаат информацијата за функционирање на Женскиот центар за поддршка на жени и деца жртви на семејно и родово базирано насилство каде можат да добијат психосоцијална поддршка, психолошко советување, правна помош и поддршка како и кариерно советување, менторство и помош при вработување.

↘️Како и на претходните средби со други НВО беше дистрибуиран информативен материјал и истакната неопходноста и важноста од функционирање на ваков Советувалишен центар во Пелагонискиот регион.

↘️Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Застапување за обезбедување на пристапни сервиси за помош и поддршка на жртви на родово базирано насилство и семејно насилство во Битола - Пелагониски регион“ во склоп на проектот „На патот кон ЕУ: Спречување на насилство врз жените во Република Северна Македонија” спроведуван од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, а со финансиска поддршка од Фондацијата Kvina till Kvina (Kvina till Kvina Fondation).

↘️„СЕМПЕР“ ги интензивира активностите за застапување за одржливост на Женскиот центар  за поддршка на жени и деца жртви...
20/07/2023

↘️„СЕМПЕР“ ги интензивира активностите за застапување за одржливост на Женскиот центар за поддршка на жени и деца жртви на семејно и родово-базирано насилство воспоставен и раководен од Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во соработка со НВО Одраз.
↘️Активностите се реализираат преку индивидуални средби со претставници од надлежни институции, здравствени установи и НВО од општина Битола со единствена цел да се презентираат специјализираните услуги кои им се нудат во овој советувалишен центар и поддршката која ја добиваат жртвите.
↘️На 19 –ти и 20-ти јули беа реализирани 2 средби со НВО Сумнал со претседателката Фатма Бајрам Аземовска и Младинскиот културен центар од Битола со програмската директорка Мери Нашоку .
↘️Целта на овие средби е што поголем број професионалци и пошироката јавност да добијат информации за оваа специализирана услуга која им стои на располагање на жртвите од семејно и родовобазирано насилство од Пелагонискиот регион, но и да се унапреди соработката помеѓу граѓанските организци за иницирање на следни заеднички иницијативи и активности.
↘️Исто така овие средби треба да послужат за истакнување од неопходноста и важноста од функционирање на ваков Советувалишен центар во Пелагонискиот регион, и што поскоро да се изнајдат можности за негова финансиска одржливот во периодот кој следи со активно учество на општините од Пелагонискиот регион.
↘️На работните средби се дистрибуира и информативен материјал за Женскиот центар за поддршка Битола.

Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Застапување за обезбедување на пристапни сервиси за помош и поддршка на жртви на родово базирано насилство и семејно насилство во Битола - Пелагониски регион“ во склоп на проектот „На патот кон ЕУ: Спречување на насилство врз жените во Република Северна Македонија” спроведуван од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, а со финансиска поддршка од Фондацијата Kvina till Kvina (Kvina till Kvina Fondation).

Address

Sisak 23
Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when NGO Semper - Bitola posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share