Здружение за младински активизам КРЕДА

  • Home
  • Macedonia
  • Bitola
  • Здружение за младински активизам КРЕДА

Здружение за младински активизам КРЕДА Здружение за младински активизам КРЕДА Битола

Здружението за младински активизам КРЕДА Битола е здружение - непрофитно и невладино, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување и усогласување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности со цел на промовирање на критичко мислење, поттикнување на толеранција и почит кон туѓите идеи и ставови, промовирање на позитивните вредности како и подобрување на условите

на граѓаните за квалитетен и здрав живот преку активности на неформално учење.

Цели и задачи на здружението заради остварување на поширок заеднички интерес се:
- младински активизам преку промовирање на идеи за изработка на идејни проекти од општествен интерес,
- подобрување на условите на граѓаните за квалитетен и здрав живот преку активности на неформално учење,
- организирање на семинари, предавања, обуки и слично,
- потикнување на соработка со други здруженија кои имаат слични цели и задачи,
- организира тренинзи и обуки за членовите на здружението со цел проширување на нивните знаења и професионално усовршување
- учествува и делува на домашни и меѓународни собири, семинари , обуки и слично кои се во врска со целите и делувањето на здружението.

Здруженито своите цели и задачи ќе ги остварува преку активностите кои ќе се реализираат во рамките на програми за неформално образование кои во себе опфаќаат обуки, јавни дебати, предавања, тренинзи и трибини од области на кои работи организацијата, преку креирање проекти и младинско учество во локалната заедница, граѓанска активност и регионална соработка меѓу младите


Член на Здружението може да стане секое лице граѓанин-државјанин на Република Македонија што доброволно ќе се вклучи и активно ќе учествува во активностите, формите и содржините што ги спроведува здружението, доколку ги прифати Статутот и другите услови што ги пропишува истото.Член на здружението се станува со потпишување на пристапна изјава, запишување во регистарот на членови и добивање на членска легитимација.

Добродојдени се сите кои сакаат да ни се придружат во нашето здружение и да стекнат нови искуства.

За зачленување или за било каква информација за нашата организација пишете порака на групата или на email: [email protected]


Основачи на организацијата се:

Владимир Талевски
Александар Георгиев
Димитар Јовановски
Коста Малковски
Кирил Димитровски
Стефан Мандовски
Владимир Дракалски

Address

Bitola
7000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение за младински активизам КРЕДА posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Здружение за младински активизам КРЕДА:

Share