ОО Црвен Крст- Битола

ОО Црвен Крст- Битола Red Cross Local Branch Bitola

Идејата за хуманост се родила во 1859 год. од страна на швајцарскиот трговец Анри Динан, кој бил сведок на ужасите од битката кај Солферино, Италија. Тој со четворица угледни пријатели, во Женева, Швајцарија формирал Меѓународен Комитет на Црвен крст и го регистрирал со заштитен знак Црвен крст на бело поле (обратно од обележјата на државното знаме на Швајцарија). Тогаш била донесена Конвенција од

10 члена и била прокламирана мисијата на движењето.

Денес меѓународното движење на Црвен крст го сочинуваат три сегменти:
1. Меѓународен Комитет на Црвен крст е со основни задачи:
- Помош на жртвите во вооружени судири;
- Евакуација и медицинска помош.

2. Меѓународна Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина формирана во 1919 година од повеќе Национални друштва со основни задачи:
- Помош на жртвите во катастрофи;
- Грижа за бегалците во други земји;
- Помош на Националните друштва во исполнување на програмските активности во случај на катастрофа;
- Координација на активностите помеѓу Националните Друштва.

3. Национални друштва – Црвен Крст на Република Македонија со основни задачи наведени во членот 19 од Законот за Црвен крст на РМ.
- Црвен Крст на РМ е формиран 17 Март 1945 година, а како самостојно друштво делува од 21 Мај 1992 година;
- Црвен Крст на РМ од Меѓународниот Комитет на Црвен крст епризнат на 01 Ноември 1995 година, а во Меѓународната федераци ја на Црвениот крст и Црвената полумесечина е примен во 27 Ноември 1995 година како 169 членка;
- Помош на Националните друштва во исполнување на програмските активности во случај на катастрофа;
- Координација на активностите помеѓу Националните Друштва

👇🏻👇🏻 Извадок од гостувањето на В.Д Секретарот на ООЦК Битола на Утринска програма на ТВ Телма, за услугата Наменски Тран...
23/06/2026

👇🏻👇🏻 Извадок од гостувањето на В.Д Секретарот на ООЦК Битола на Утринска програма на ТВ Телма, за услугата Наменски Транспорт.

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

22/06/2026

🚑 НАМЕНСКИ ТРАНСПОРТ НА ЛИЦА НАДВОР ОД ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКА СОСТОЈБА

Нудиме професионален наменски транспорт на подвижни, полуподвижни и неподвижни лица со наменско возило за:

✔ Прегледи и контроли
✔ Терапии и рехабилитација
✔ Болнички прием и отпуст на лица вон животозагрозувачка состојба
✔ Транспорт помеѓу здравствени установи
✔ Патувања до здравствени центри низ државата
✔ Друга администрамивна услуга

Вршиме исклучиво наменски транспорт за пациенти кои не се во животозагрозувачка состојба и не претставуваме служба за итна медицинска помош.

📍 Битола, Новаци, Могила

📍 Транспорт низ цела Македонија

📞 Контакт: 075-323-400

Грижа, почит и професионален пристап кон секое лице. 🚑

19/06/2026
19/06/2026

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

Јавен настап на кандидат за Претседател на Црвен крст на Република Северна Македонија.На ден 15.06.2026 година во „Крист...
16/06/2026

Јавен настап на кандидат за Претседател на Црвен крст на Република Северна Македонија.

На ден 15.06.2026 година во „Кристалната сала“ при Офицерскиот дом во Битола, се одржа јавен настап за претставување на кандидатурата на Д-р Лилјана Ристевска за Претседател на Црвен крст на Република Северна Македонија.

На настанот присуствуваа волонтери и вработени во Црвениот крст како и поддржувачи, претставници на јавен и приватен сектор и пријатели на хуманата мисија на организацијата. Кандидатот Д-р Ристевска пред присутните ја сподели Програмата за мандатниот период 2026-2030.

Општинската организација на Црвениот крст Битола ја дава својата целосна поддршка на кандидатурата на Др. Лилјана Ристевска за Претседател на Црвен крст на Република Северна Македонија во мандатниот период 2026 – 2030 година, и сигурни сме дека под нејзино водство, националното друштво ќе продолжи да се развива како силна, современа и доверлива хуманитарна организација.

15/06/2026

Од 10.06.2026

🚑 Наменски транспорт - Поддршка што Ве носи безбедно до секоја дестинација.

Закажување секој работен ден ( Пон - Пет ) од 08:00 до 16:00 часот

Наменски транспорт
Безбедно - Сигурно - Со грижа
За вашето здравје

🚑Наменски транспорт - Поддршка што Ве носи безбедно до секоја дестинација. Црвениот крст на РСМ - Општинска организација...
09/06/2026

🚑Наменски транспорт - Поддршка што Ве носи безбедно до секоја дестинација.

Црвениот крст на РСМ - Општинска организација Битола, од 10.06.2026 започнува со нудење на услугата „Наменски транспорт“, транспорт од домот на корисникот до институција и обратно, наменет за стари лица, лица со попреченост, лица со тешкотии при самостојно движење или на кои им е потребен придружник поради здравствена состојба, во ситуации кои не се животозагрозувачки.

Услугата ќе биди спроведена преку стручно обучен кадар, кој успешно помина 4 обуки за самата услуга, вклучувајки и Обука за Прва Помош, практично ракување со транспортното возило, како и можни сценарија во домовите на корисниците. Општинската организација на Црвен крст Битола, изразува голема благодарност до Christian Diemt претставник на Австриски Црвен крст, како и претставниците од Нега Центарот на Црвен крст на Град Скопје за споделените искуства, како и пренесените знаења за самата услуга.

Наменски транспорт
Безбедно - Сигурно - Со грижа
За вашето здравје

Address

Филип Втори Македонски 54
Bitola
7106

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОО Црвен Крст- Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ОО Црвен Крст- Битола:

Share