17/08/2026
🇲🇰➡️🇷🇴 Од Битола до Кампина
42 млади, 7 држави и една идеја: да бидеме заедно.
Од 15 до 24 јули во Кампина, Романија, се одржа младинската размена Social Inclusion for New Generation 4.0 – S.I.N.G.
42 млади од 7 европски држави, преку музика, видеа, работилници, концерти и многу дружење, зборуваа за нешто што често го забораваме, секој човек сака да биде прифатен, слушнат и дел од заедницата.
Ама искрено, најважното не е само што сме научиле на работилниците. Најважното е што запознавме луѓе од различни земји,
седнавме на иста маса, разговаравме, свиревме, се смеевме, создававме нешто заедно и
сфативме дека разликите не се пречка, туку можност да научиш нешто ново.
Имавме и уличен концерт, креиравме 7 тематски видеа, а целото искуство го заокруживме со заедничкиот настап „The Voice of the Youth“. 🎶
И тука е поентата.
Не чекај некој да ти го промени животот. Биди активен. Биди храбар. Излези од дома. Поврзи се со луѓе. Патувај. Пробај нешто ново.
Од една мала идеја може да се роди проект,
од проект – пријателства,
од пријателства – нови можности,
а од сето тоа може да се направи нешто многу поголемо.
Битола има млади луѓе со многу потенцијал. Само треба да се поврземе и да почнеме да правиме работи заедно. ❤️
Професионалното искуство почнува од мали проекти, но се гради со текот на времето,
затоа секој од нас треба еден ден да биде иницијатор на нешто уште повредно.