12/11/2026
Имаш омилена маичка со дупка што сакаш да ја поправиш? Или долги фармерки што одамна планираш да ги скратиш? Можеби старо парче облека што чека нов изглед?
Тогаш ова е работилницата за тебе! ♻️🧵Младинскиот тим ReArt, во соработка со Младински центар Битола, организира креативна работилница на која ќе научиме како да поправаме, обновуваме и редизајнираме стара облека! 🪡
Што те очекува?
🧵 Основни техники на шиење и поправка на облека
✂️ Креативно крпење и редизајн
🎨 Трансформирање на стари парчиња облека во нешто ново
🌍 Учење за одржлива мода и намалување на текстилниот отпад
Со помош на искусен ментор, ќе имаш можност практично да научиш нови вештини и да ја претвориш својата стара облека во нешто уникатно! 💚
📅 Датум: 16 Ноември
🕒 Време: 18:00 часот
📍 Локација: Младински Центар Битола (Крушево 5)
💡 Понеси парче стара или оштетена облека, а ние ќе ти помогнеме да му дадеш нова приказна!
Оваа активност е дел од проектот Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развор преку циркуларна економија во Северна Македонија, финансиран од Европската Унија и имплементиран , АРНО, ЛЕАД и Ековита. Работилницата е дел од еко клубот на Младинскиот Центар Битола.