05/06/2026
Подготовките за SPARK 2026 се во полн ек!
🌲 И ова лето ги собираме младите лидери за три дена исполнети со авантури, учење, предизвици, нови пријателства и незаборавни моменти во природа.
⛺ Преку лидерски активности, тимска работа, спорт и креативни работилници, учесниците ќе имаат можност да развијат нови вештини, да изградат самодоверба и да создадат спомени што ќе ги носат долго по завршувањето на летото.
Нè очекува уште едно незаборавно камперско искуство! 🔥