30/11/2025
🌌📘✨ 30 ноември 2025: една година од издавањето на ИНСТРУМЕНТИ НА МЕЃУНАРОДНОТО КОСМИЧКО ПРАВО!
Денес, точно една година подоцна, го заокружуваме нашето еднонеделно одбележување на овој историски подвиг - денот кога Македонија се вброи меѓу земјите со пристап до меѓународното космичко право на свој мајчин јазик.
📅 30 ноември 2024 година е датумот кога:
• во Студентскиот културен центар при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беше промовирано делото United Nations/ United Nations Office for Outer Space Affairs (UNOOSA). International Space Law: United Nations Instruments. Превод Александар Ташковски и други. ИНСТРУМЕНТИ НА МЕЃУНАРОДНОТО КОСМИЧКО ПРАВО. Скопје: МК‒СИРК, 2024;
• Републиката доби пристап до ново знаење;
• светското знаење се збогати со уште еден јазик на кој е достапно меѓународното космичко право;
• се изгради нов мост кон вселенското право.
🌍 Денес, една година подоцна и по една недела исполнета со активности за одбележување на ова достигнување, со особена радост ја затвараме годишнината со нашиот актуелен претседавач, м-р Александар Ташковски, воедно и генерален секретар на нашиот патрон Меѓународното КОСМИЧКО ДВИЖЕЊЕ (МКД) – Битола Космичко Движење / Cosmic Movement, кој ги запозна студентите со дистрибуцијата на делото:
• Печатениот формат е целосно дистрибуиран во Гостивар и Пробиштип, а делумно дистрибуиран во: Битола, Кичево, Куманово, Охрид, Прилеп, Скопје, Струга, Тетово, и Штип.
• Читателите и заинтересираните граѓани може електронски да ја следат дистрибуцијата и достапноста на печатениот формат во своите градови преку системот КОБИС, но само за библиотеките кои се негови членки на веб-страницата: https://plus.cobiss.net/cobiss/mk/mk/data/cobib/64811013
• Во една година, електронскиот формат е преземен (анг. download) повеќе од 2,500 пати, со просек од 50 до 60 преземања неделно. Пристапот до е-книгата е постојано отворен, бесплатен и достапен на: https://www.seds.org.mk/книга.pdf;
• Аудиоформатот е преслушан повеќе од 1,400 пати, со просек од 29 преслушувања неделно, и е бесплатно достапен на: https://www.seds.org.mk/книга.html;
• Светската мапа на преземања и преслушувања опфаќа четири континенти (Австралија, Африка, Европа и Северна Америка) и 21 државa: Австрија, Австралија, Албанија, Бугарија, Данска, Германија, Ирска, Италија, Македонија, Малта, Нигерија, Обединетото Кралство, Португалија, Србија, Соединетите Американски Држави, Франција, Холандија, Шведска, Швајцарија и Шпанија.
📚 Финалето на годишнината и неделата за нејзино одбележување го заокруживме со завршното излагање на претседавачот кој ги презентираше податоците што како издавач ги следиме преку Гугл аналитика (анг. Google Analytics). А, ние не само што ја вративме библиотеката на СКЦ при УКИМ во првобитна состојба, туку и ја унапредивме, уредивме и исчистивме.
За крај на ова одбележување, потсетуваме: оваа книга не е само превод, таа е почеток.
Почеток на македонското учество во глобалната дискусија за космосот, за правото, за иднината; почеток на една генерација која го претвора интересот во иницијатива, а иницијативата во дело.
На сите студенти, професори, институции, установи, библиотеки, партнери, соработници, преведувачкиот тим, и поддржувачите: ВИ БЛАГОДАРИМЕ. 🙏🏻
Ова е заеднички успех, заснован врз упорност, страст и целосна верба дека Македонија има што да каже за вселената, а македонските студенти имаат што да придонесат кон заедничката надлежност на целото човештво во вселенските работи.
🚀 Ad Astra!