Одржливи иницијативи

Одржливи иницијативи Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи цели кон одржлив развој на заедницата.

Одржливи иницијативи цели кон одржлив развој на заедницата преку промоција на животната средина; општествена одговорност; активни граѓани; и иновативни технологии, при што велосипедот се истакнува како најсоодветна алатка за постигнување на целта.
Одржливи иницијативи е организацијата која стои позади:
- Столарски едукативен центар, 2022-
- Социјален велосипедски центар „Педала“, 2018-2020
- Култу

рното наследство низ Струмичкото Поле, 2015
- Културното наследство низ Прилепското Поле, 2014
- Креативен фестивал за велосипеди „ВелоФест“, 2010 и 2011
итн.

Благодарност до ARNO за споделувањето. 🌻🏵
06/03/2025

Благодарност до ARNO за споделувањето. 🌻🏵

Одберете си цвет кој ќе го подарите овој 8ми март. Ова не се обични цветови.Цветовите се дизајнирани од жена, за жените....
05/03/2025

Одберете си цвет кој ќе го подарите овој 8ми март.

Ова не се обични цветови.

Цветовите се дизајнирани од жена, за жените. Браво за Маја Вукадиновиќ.

За разлика од обичните цветови, овие цветови ќе траат долго време.

Изработени се од парче лесонит кој тврдоглаво се опираше и не сакаше да стане отпад, иако неговите близнаци станаа дел од плакар изработен од AKRON Vgradeni plakari, aма баш тоа парче не можеше да биде дел од плакар, бидејќи беше премногу мало, затоа тоа парче се реши да стане личен цвет кој краси нечие биро, соба или дом.

Доколку ти се допаѓа некој цвет, пиши ни во порака. Ќе израдувате најмалку две личности: оному кому ќе го подарите и младата дизајнерка која ќе се израдува дека ви се допаѓа нејзината креација. Додека вашата финансиска контрибуција кон трошоците за изработка на цветот ќе бидат дополнителен поттик за уште нови интересни креации.

Можеби токму овие цвеќиња ќе се разработат да станат успешна приказна од нашата екипа и менторот Игор Мишевски, во рамки на „Академијата за циркуларна економија, дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија. Лидер на проектот е People in Need, во партнерство со ARNO, LEAD- Leaders for Education, Activism and Development и Ekovita

#циркуларнаекономија

Нова програма во рамки на Столарскиот едукативен центар.Како ви се допаѓаат цветовите и кому би ги подариле? #8миМартAKR...
04/03/2025

Нова програма во рамки на Столарскиот едукативен центар.

Како ви се допаѓаат цветовите и кому би ги подариле?

#8миМарт
AKRON Vgradeni plakari

Одржливи иницијативи на настанот на Програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени“. Во 2023 годин...
29/01/2025

Одржливи иницијативи на настанот на Програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени“.

Во 2023 година, како дел од оваа програма беше поддржана иницијативата за избор на највело општина во Скопски плански регион.

https://www.facebook.com/share/p/15MDxJNVcP/

* Изборот на илустрацијата (точакот) на плакатот не делува соодветно, но можеби дизајнерот со право покажува дека со највисоки 49% бодови, движењето низ скопските општини е сеуште активност за планински велосипед.

Што мислите вие?

Чест ни беше да бидеме дел од панел дискусиите на Денот на регинот, организиран од Центар за развој на Скопски Плански Р...
29/12/2024

Чест ни беше да бидеме дел од панел дискусиите на Денот на регинот, организиран од Центар за развој на Скопски Плански Регион и да придонесеме со ставовите и гледиштата во областа на развојот на туризмот, особено велосипедскиот туризам.

Во пред новогодишниот дух, посакуваме успех во работата на ЦРСПР и да ја продолжиме и зголемиме соработката во 2025 година.

Во 2025 година, ќе работиме идеите кои ги имаат поранешните учесниците во Столарска едукативна работилница, со кои ќе се...
27/12/2024

Во 2025 година, ќе работиме идеите кои ги имаат поранешните учесниците во Столарска едукативна работилница, со кои ќе се намали создавањето на уште повеќе отпад, да се реализираат и да влезат во производство.

Пат и Мат, инспирација за секој хоби столар, радост за секое дете, особено со алат, лепак и можност да направат нешто со...
18/08/2024

Пат и Мат, инспирација за секој хоби столар, радост за секое дете, особено со алат, лепак и можност да направат нешто со своите раце.

Вчера, во склоп Програмата за деца и млади на 15тиот MakeDox во Младински Културен Центар, на нашата креативна работилница за деца "Ете така!" со Столарска едукативна работилница, децата учесници беа прави Пат и Матовци. Под водство на Горан Казанковски од Infini Art & Design Studio и Давор Пехчевски учесниците изработија предмети низ забава и со радост.

Погледнете ја радоста и креативноста во овие неколку слики.

Благодарност до Македокс за поканата и соработката.

Проекција на "...ете така!" (...а је то!) со легендарните Пат и Мат, инспирација за секој хоби столар, ќе биде на MakeDo...
15/08/2024

Проекција на "...ете така!" (...а је то!) со легендарните Пат и Мат, инспирација за секој хоби столар, ќе биде на MakeDox оваа сабота на 17 август од 11:00 во Младински Културен Центар . Со нив и ние со кратка креативна работилница за деца на Столарска едукативна работилница.
Дојдете со вашите деца да се посмееме на цртаните и да се забавуваме на работилницата после проекциите.

Проекција на "...ете така!" (...а је то!) со легендарните Пат и Мат, инспирација за секој хоби столар, ќе биде на MakeDox оваа сабота на 17 август од 11:00 во Младински Културен Центар. Со нив и ние со кратка креативна работилница за деца.
Дојдете со вашите деца да се посмееме на цртаните и да се забавуваме на работилницата после проекциите.

Нова столарска едукативна работилница
02/07/2024

Нова столарска едукативна работилница

Активни граѓани за подобро општество.

Address

Скопје

Opening Hours

Monday 09:00 - 16:00
Tuesday 09:00 - 16:00
Wednesday 09:00 - 16:00
Thursday 09:00 - 16:00
Friday 09:00 - 16:00

Telephone

+38977722294

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Одржливи иницијативи posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Одржливи иницијативи:

Share