27/04/2026
ДА ГО ОДБЕЛЕЖИМЕ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ - ПРВИ МАЈ
📍Сојуз на Синдикати на Македонија
📆 01.05 2026 година (петок)
🕐 11:00 часот
ПОВИКУВАМЕ НА ПРОТЕСТ НА 1 МАЈ ВО 11 ЧАСОТ ОД ПРЕД РАБОТНИЧКИОТ ДОМ
Почитувани работнички и работници,
Работничката борба не е само еден протест, еден штрајк, една блокада, тоа е континуирана борба на работниците и синдикатите за зачувување и унапредување на работничките права.
1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот е денот кога протестите и демонстрациите се должност кон работничката борба во минатото и обврска кон работничката борба во иднина.
Сојузот на синдикатите на Македонија од 2018 година, секоја година организира масовен работнички протест на 1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот.
8-ма година по ред на 1 Мај со почеток во 11 часот од пред Работничкиот дом во Скопје започнува ПРОТЕСТ, оваа година под мотото ,,ЗА ПЛАТА СЕ БОРИМЕ, НЕ СЕ МОЛИМЕ"
Повикуваме на солидарност и од работниците за кои синдикатите веќе се изборија за покачување на нивните работнички плати.
Работничката солидарност не смее да има граници, денес се бориме за оние со најниски плати, утре за сите нас.
Затоа, на 1 Мај да бидеме солидарни, гласни, обединети и одлучни!
Повикуваме на протест, повикуваме да застанме рамо до рамо со своите колешки и колеги и покажеме дека работничкиот глас не може да се игнорира.
Работниците во Македонија заслужуваат повисоки плати!
Македонија за повисоки плати !
За плата се бориме – не се молиме!
Синдикат на УПОЗ / Sindikat na UPOZ
Синдикат за градежништво - СГИП
Независен синдикат за образование и наука
Синдикат на културата на Република Македонија
Синдикат на работниците од трговијата - СРТ
Синдикат на Медиумски Информативни Агенции - СМИА
Македонски полициски синдикат
SIER Makedonija
Агро-Синдикат/ Agro-Sindikat
Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита
Синдикатот на хемија, неметали и метали на Македонија (СХНМ)
Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ)
Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ) Суткоз
Синдикатот на работниците од сообраќај и врски на РМ (СРСВМ)
Синдикатот на поштенските и телекомуникациските работници на Македонија (СПТРМ)
Синдикатот на финансиските дејности на Македонија (СФДМ)
Синдикат за слободно дејствување на Македонија (ССДМ)
Синдикат на Поштенски и Телекомуникациски оператори на Македонија (СПТОМ)
#1МАЈ #ПРОТЕСТ #ССМ #80ГОДИНИ #СИНДИКАТ #80ССМ