SVETI GERMAN

SVETI GERMAN "Село Герман Егејска Македонија" Свети Герман е Здружение на Македонците кои потекнуваат од селото кое се наоѓа во Преспа во егејскиот дел на Македонија

Добро утро Македонци! За многу години празникот Свети Илија! Честит Илинден 1903 година и  АСНОМ 1944 година! Овој празн...
08/02/2026

Добро утро Македонци! За многу години празникот Свети Илија! Честит Илинден 1903 година и АСНОМ 1944 година! Овој празник и сите настани поврзани со него се македонскиот идентитетски печат. Ние Македонците тешко сме опстоиле низ вековите, но еве сме тука сме и повторно ќе опстоиме и покрај се. Убав празничен ден Македонци каде и да сте. ❤🌞🇲🇰

‼️Ние, т.н. Егејци, потомци на Македонците од Северна Грција, односно Македонци по потекло, а не со грчко етничко потекл...
07/20/2026

‼️Ние, т.н. Егејци, потомци на Македонците од Северна Грција, односно Македонци по потекло, а не со грчко етничко потекло, потсетуваме дека можноста за репатријација постои уште од 1982 година, кога таа беше овозможена за лицата кои според тогашниот закон се сметаа за „Грци по род“. Оттука, она што денес се претставува како нешто ново, всушност не е новина, туку одамна постоечка можност, со нови конкретни законски усогласувања, која денес се промовира преку организирана државна кампања.

❗️Причините за ваквата кампања, според нашето мислење, се повеќеслојни. Од една страна, Грција се соочува со сериозен демографски пад и недостиг од население. Од друга страна, во однос на нас, потомците на Македонците од Егејска Македонија, сметаме дека се следи политика која има свои историски корени уште од крајот на XIX и почетокот на XX век, кога се водеше жестока борба за придобивање на „душите и телата“ на Македонците со цел нивно прикажување како дел од сопствениот етнички корпус. Денес, според нас, таа политика продолжува со поинакви средства. Бугарија започна порано, а Грција деновиве активно се вклучува со ваква кампања!

Тоа значи дека она што денес некои го прават од економски и други лукративни причини за стекнување бугарско државјанство, ние, т.н. Егејци, сме можеле да го направиме уште од 1982 година. Но, голем дел од нас останаа доследни на својата чест, гордост и достоинство. Затоа не е случајно што често се вели дека сржта на современиот македонизам се токму Егејците!

‼️Ги повикуваме сите наши сонародници добро да размислат пред да донесат вакви одлуки. Не дозволувајте да се гази достоинството на вашите предци, а подоцна, како што денес слушаме во многу други случаи, да следуваат оправдувања дека „не сме знаеле“ или „сме биле лошо информирани“!

❗️Конечно, сметаме дека и македонската држава треба да преземе конкретни мерки и да отвори сериозна дебата за прашањето на двојното државјанство со соседните држави, водејќи сметка за националните интереси и долгорочните последици.

Егејот е душата на Македонија 🇲🇰

За многу години Свети Герман -Германден на сите кои се родени или имаат потекло од село Герман Преспа Егејска Македонија...
05/25/2026

За многу години Свети Герман -Германден на сите кои се родени или имаат потекло од село Герман Преспа Егејска Македонија. ❤🇲🇰

КАКО НАСТАНАЛО ИМЕТО НА СЕЛОТО ГЕРМАН ВО ПРЕСПА ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА
Потеклото на имињата, како на луѓето, така и на местата отсекогаш е интересна тема за истражување. Да се истражува за името на кое било место е предизвик, но секако највозбудливо е кога се работи за име на место во кое си роден самиот или некој близок. Секогаш ми беше интересно името на селото на мојата баба и до некои сознанија дојодв, преку архивската граѓа, литературата, како и преку раскажувањата нејзини, но и на други Германчани.
Имено, преданијата говорат дека за време на византиската власт во с. Герман живеел и починал некој патријарх Герман. Преданието уште вели дека тој е закопан во црквата која денес е датирана дека е од X век. Со оглед на тоа дека празник на селото е свети Герман и се слави на 12 мај по стар календар, веројатно се работи за Герман патријархот цариградски. Околу календарот да појаснам дека ние би го славеле на 25 мај. Разликата е поради тоа што Грчката православна црква го користи новиот (грегоријанскиот) календар, додека Македонската православна црква го користи стариот (јулијанскиот) календар. Герман бил син на првиот царски сенатор чиј татко бил убиен од страна на царот Константин Погонат. Истиот насила го отерал Герман во манастир. Како монах Герман имал живот исполнет со добрини. Поради тоа бил избран најпрвин за епископ на Кизик, а потоа во времето на Анастасиј II бил избран за цариградски патријарх. Како патријарх бил протеран од страна на царот Копроним кој го поддржувал иконоборството (христијанска ерес – позната како борба против иконите), го симнал од патријаршискиот престол и го протерал во манастир. Таму како свештеник живеел уште 10 (десет) години до 740 г. Православните Словени верувале дека светецот Герман господари со градот. Сепак за селаните од Герман тој е пред се нивен заштитник.
Да биде приказната уште повозбудлива се појавува уште еден Герман. Овој Герман, најверојатно бил архиепископ во време на владеењето на Царот Самуил ( 969 – 1014 г). Овој Герман е познат како Герман Гаврил кој бил архиепископ на црквата на Самуил. Во литературата неговото владеење е датирано од 970 до 1000 година.Веројатно бил прв архиепископ на црквата на Самуил. Герман Гаврил прво бил во Воден, а потоа седиштето на црквата била Преспа. Седиштето на црквата на Самуил било на островот свети Ахил. Таму била и престолнината на Самуил и седиштето на архиепископијата. Тогаш во Преспа имало 40 цркви. Герман Гаврил бил мошне близок со семејството на Самуил. Се претпоставува дека син му Гаврил Радомир, го добил името Гаврил токму по Герман Гаврил. За црквата во селото Герман која сега е датирана од X век се спомнува дека била задужбина на архиепископот Герман Гаврил. Оваа црква има свои особености. Имено црквата е типичен пример со впишан крст и е најстар пример на црква во овој стил. Значи црквата свети Герман веројатно имала постара градба од оваа која е последно датирана. Постои можност да се датира од VIII век.
Во 1888 година била градена новата црква свети Герман кога била најдена надгробната плоча на која се спомнуваат имињата на родителите на Самуил - Никола и Рипсимија, како и брат му Давид. Сепак палеографите (наука за писмата) имаат двојби околу толкувањата на плочата и околу веродостојноста на текстот. Претпоставка има дека гробот на Самуил се наоѓал на островот свети Ахил. Таму има месност Мрамор каде се најдени 3 (три) гробови, за едниот се претпоставува дека е на Самуил. Црквата свети Ахил на островот ја изградил Самуил. Грчките археолози истражувале во 1965 година.
Преспа со својата местоположба и историја секогаш била интересен простор и не попусто е што има толку многу историски белези и приказни. Селото Герман, кое непосредно пред Граѓанската војна во Грција имало безмалку 3000 жители, секогаш ќе поттикнува интерес за истражување и пишување. Колкав е бројот на потомците на тие 3000 жители можеме само да претпоставуваме.
Со ова ги повикувам сите некогашни жители на селото Герман, како и на останатите села од Преспа да ги запишат сите преданија и приказни кои ги знаат, за да остане како траен запис се она што е важно за Македонците од овој дел на Македонија.
И оваа година ќе го одбележуваме денот на светецот Герман, во Герман и секаде каде што има жители на Герман.

Ирена Борисовска

05/19/2026
На овој ден во 1903 година  загина нашиот Гоце Делчев, нашиот даскал, човекот според кој Македонците немаат пошироко пол...
05/04/2026

На овој ден во 1903 година загина нашиот Гоце Делчев, нашиот даскал, човекот според кој Македонците немаат пошироко поле за работа освен Македонија, за кој нема друг народ кој страдал повеќе од предавствата на сопствениот народ, за кој борбата за Македонија треба да е чиста македонска без мешање на други народи, но и човек за кој светот е поле за културен натпревар на народите.
На овој ден ја одбележуваме и смртта на Пере Тошев, член на Македонската револуционерна организација и докажан борец за македонската вистина.
Денес ја одбележуваме и смртта на големата Васка Илиева која остави неизбришлива трага во чувањето и негувањето на македонската изворна и особено патриотска песна.

Ние сме народ кој постојано мора одново да ја освојува слободата. Но сме се провлекувале низ вековите и еве сме постоиме.
Македонија била и ќе биде.
Слава му на македонскиот јунак Гоце Делчев!
Слава му на македонскиот јунак Пере Тошев!
Слава и на македонската легендарна пејачка Васка Илиева!

🇲🇰❤🌞

И оваа година Беломорски видувања! 🇲🇰Најголема средба на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија!17 Мај (н...
04/19/2026

И оваа година Беломорски видувања! 🇲🇰
Најголема средба на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија!

17 Мај (недела) Вила Касијана, почеток 12.00 часот. Цена 1000 ден.

Богата културно уметничка програма, гости од музичката естрада и преубава дружба со македонски песни и ора.
Кој бил знае ❤️💛
Жив е Егејот! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Address

Toronto, ON

Telephone

+14162970000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when SVETI GERMAN posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share