Еко-свест Вевчани

Call Directions Website Contact the organization

Еко-свест Вевчани Еко-свест локална канцеларија Вевчани
Eko-svest local office Vevcani

Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест
Center for environmental research and information Eko-svest

11/11/2026
🌿Младите еколози во акција: Меѓународна дружба и учење! 🌍Иако есента ни носи посвежи денови, нашата канцеларија беше исп...
09/11/2026

🌿Младите еколози во акција: Меѓународна дружба и учење! 🌍
Иако есента ни носи посвежи денови, нашата канцеларија беше исполнета со љубопитност и искрена желба за учење!
На 29-ти октомври имавме особена чест и задоволство да бидеме домаќини на прекрасни ученици од основните училишта од Лескоец (Македонија) 🇲🇰 и Корчула (Хрватска) 🇭🇷. Оваа посета се реализираше како дел од мобилноста „Лаб01 - биодиверзитет” во рамките на инспиративниот Еразмус+ проект „Сини лаборатории за училиштата” (Blue Labs for Schools).
Иако времето ни беше кратко, агендата ни беше исполнета со многу нови знаења и активности:
🏛️Запознавање со природата: Нашата дружба ја започнавме со посета на трајната поставка за природа. Максимално го искористивме времето за да разговараме за заштитените подрачја. Учениците научија кои се категориите на заштита, што значат зоните на заштита и одблизу се запознаа со богатата и уникатна флора и фауна која го прави Споменикот на природата „Вевчански Извори” толку посебен. 🌳🦋
💦Прошетка до срцето на Вевчани: Од теорија преминавме на пракса! Се упативме кон самите Вевчански Извори, каде низ разговорот ја истакнавме нивната непроценлива вредност – не само како извор на живот и идентитет за Вевчани, туку и како витално јадро за целокупната природа во регионот. Хукот на бистрата вода беше совршена позадина за оваа еко-лекција.
🐾Во светот на крупните месојади: За крај оставивме една од највозбудливите теми! Одржавме кратка, но многу интерактивна лекција за крупните месојади. Учениците имаа можност да дознаат како се прави стручен мониторинг над нив, како се следат нивните траги со помош на фото-замки и зошто овие животни се клучни за здравјето на екосистемот. 🐻🐺
Им благодариме на наставниците и учениците за нивната љубопитност, одличните прашања и прекрасната енергија. Ваквите средби ни даваат надеж дека иднината на природата е во сигурни раце! 🍀💚
Активностите се дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори - Фаза 2" спроведуван од Еко-свест, а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

🐻🐝 Градиме соживот помеѓу луѓето и дивиот свет!Периодов активно сме на терен и спроведуваме интервјуа со вредните пчелар...
04/11/2026

🐻🐝 Градиме соживот помеѓу луѓето и дивиот свет!
Периодов активно сме на терен и спроведуваме интервјуа со вредните пчелари од нашиот крај. За да го поддржиме нивниот труд и да ги заштитиме нивните пчелни кошници од штети од диви животни (како мечките), со задоволство најавуваме донација на електрични огради! 🍯
Во наредниот период, планираме да поставиме околу 20 електрични огради кај пчеларите во регионот на планините Јабланица и Караорман.
Нашата цел е јасна: заштита на локалните егзистенции и пчеларството, но истовремено и заштита на природата преку овозможување на безбеден и одржлив соживот со дивиот свет.🌳🌿
Следете нè за повеќе фотографии и новости од терен!

Активностите се дел од проектот "Јабланица-Караорман биолошки мост" спроведуван од Еко-свест, финансиран од ПОНТ Prespa Ohrid Nature Trust - PONT со финансиска поддршка од Францускиот Фонд за Глобален Биодиверзитет (FFEM).

🐻🐾 Од канадскиот Арктик до нашите планини — предизвикот за соживот со мечката е ист.На покана од FPWC, на 14-тиот фестив...
29/10/2026

🐻🐾 Од канадскиот Арктик до нашите планини — предизвикот за соживот со мечката е ист.

На покана од FPWC, на 14-тиот фестивал „SunChild“ во Јереван, заедно со Јозе Кок (IUCN) и модераторката Цовинар Ховханисјан (FPWC), дискутиравме за предизвиците на соживотот меѓу луѓето и крупните ѕверови по проекцијата на филмот Nuisance Bear.

Иако филмот се фокусира на поларната мечка во Канада, ги пренесовме искуствата од терен и повлековме директна паралела со нашата кафеава мечка:

🔹 Заеднички предизвици: Несоодветното управување со отпадот и уништувањето на живеалиштата се главните причини за конфликт и во Канада, и во Ерменија, и кај нас.
🔹 Практични решенија: Како Еко-свест, веќе работиме на конкретни мерки — од реставрација на шумите и заштита на природните живеалишта на мечката, до поставување електрични огради за пчеларниците, мониторинг и едукација.

Голема благодарност до FPWC за гостопримството и можноста да ги споделиме нашите заложби за заштита на кафеавата мечка и нејзиниот дом! 🌿🌲

#ЕкоСвест #КафеаваМечка #РеставрацијаНаШуми

🌍 Малите грантови за локалните заедници носат најголеми и најодржливи промени за природата!На C*D COP17 во Ерменија, во ...
23/10/2026

🌍 Малите грантови за локалните заедници носат најголеми и најодржливи промени за природата!

На C*D COP17 во Ерменија, во склоп на Павилионот на Глобалниот еколошки фонд (GEF), нашиот претставник Дарко Ќитаноски учествуваше на панел дискусијата посветена на едно од клучните прашања за иднината на глобалното финансирање: Како финансиите од GEF побрзо и подиректно да стигнат до оние кои се на првата линија на одбрана на биодиверзитетот?

GEF-9 постави амбициозна цел — дури 20% од сите средства да бидат насочени кон локалните заедници и домородните народи. Но, додека целта постои, патоказот за нејзино остварување сè уште се дефинира.
На панелот, нашиот Дарко Ќитаноски заедно со Слободан Тадиќ и Сара Вајат, дебатираше за пречките и решенијата кои треба да стигнат до преговарачките маси.

Нашето искуство од терен го илустриравме преку приказната за Вевчански Извори: Заштитата на природата не се случува преку еден изолиран проект. Во Вевчани, Еко-свест веќе со години работи рамо до рамо со локалната заедница за подобрување на управувањето со Споменикот на природата „Вевчански Извори“. Преку оваа долгорочна соработка, реализиравме повеќе поврзани проекти и иницијативи поддржани од GEF, PONT итн. при што успеавме дополнително да ги мобилизираме и дуплираме расположливите ресурси заедно со локалните партнери. Овие проекти направија нешто суштинско — ја зајакнаа заедницата, ја вратија довербата и покажаа дека соодветната заштита на природата носи директна корист за сите.

Но, за да стигнеме до овие резултати, се соочивме и со јасни предизвици:
⏱️ Бирократијата го забавува дејствувањето на терен Од првичната идеја и консултациите со луѓето на терен, па сè до моментот кога средствата беа достапни за работа, поминаа меѓу 12 и 18 месеци. За една мала локална заедница или граѓанска организација, тоа е предолг период кој често го убива почетниот ентузијазам.
💡 Нашата главна порака на панелот: Заштитата на природата не смее и не може да се прави без луѓето кои живеат во тие средини. Локалните заедници мора искрено и навремено да се консултираат пред да се влезе во каков било проект за заштита. Тие не се само корисници на проекти — тие се со-креатори на решенијата.
За целта од 20% за локалните заедници во GEF-9 да стане реалност, GEF мора да ги поедностави процедурите, да го скрати времето на одобрување и да обезбеди флексибилен, директен пристап до средствата.

Ова прашање го отворивме на самиот почеток на COP17, за одговорите да патуваат директно во преговарачките соби и до Советот на GEF! ✊🌿

*DCOP17

🌍 Дали знаевте дека граѓанската наука игра клучна улога во заштитата на биодиверзитетот?🌿 Според најновиот документ обја...
21/10/2026

🌍 Дали знаевте дека граѓанската наука игра клучна улога во заштитата на биодиверзитетот?

🌿 Според најновиот документ објавен од работната група за граѓанска наукa при IUCN (IUCN CEC Citizen Science Task Force) за 17-та Конференција на страните на Конвенцијата за биолошка разновидност (C*D COP17), вклучувањето на јавноста е од витално значење за исполнување на целите од Кунминг-Монтреалската глобална рамка за биодиверзитет (KM-GBF). Од мапирање на живеалишта и следење на реставрацијата на екосистемите, до пријавување на инвазивни видови – граѓаните можат да направат огромна разлика на терен! 📊💚

🤝 Особено сме горди што Еко-свест имаше свој активен удел и придонес во изработката на овој важен меѓународен документ! Ова е потврда дека нашиот глас и експертиза помагаат во обликувањето на глобалните политики за заштита на природата.

Преку граѓанската наука не само што се пополнуваат празнините во податоците, туку се гради и пошироко општествено учество во носењето одлуки.

👉 Прочитајте повеќе за тоа како секој од нас може да помогне во остварувањето на целите за 2030 година:https://iucn.org/sites/default/files/2026-10/IUCN%20CEC%20-%20Citizen%20Science%20and%20the%20KM-GBF%20C*D%20COP17.pdf

#ЕкоСвест #ЗаштитаНаПриродата

07/10/2026

Како изгледаше снимачкиот ден за документарното видео во рамки на ? 🎬🌿

Учениците од гимназиите ОСУ „Св. Климент Охридски“ - Охрид и СОУ "Д-р Ибрахим Темо" - Струга, заедно со менторите Бранко Ристовски и Раде Гогоски, поминаа еден прекрасен ден на терен во Вевчани, снимајќи ја приказната на пчеларот Крсте Баткоски. 🎥🐝

А што произлезе од целиот овој креативен процес – ќе споделиме наскоро! ✨

Но, пред да го видите финалниот резултат, сакам да ја искористам оваа прилика да потсетам колку е важно да им се даде поддршка на нашите пчелари на Јабланица. 🏔️🍯

Нивната работа е многу повеќе од обичен занает – тие се вистинските чувари на природата. Пчелите се клучни за одржувањето на биодиверзитетот и богатиот екосистем на Јабланица, а луѓето како Крсте неуморно работат за да ја зачуваат таа природна рамнотежа. Поддржувајќи ги локалните пчелари, ние директно ја заштитуваме нашата планина, природата и нашата иднина.

Да ги чуваме оние кои ја чуваат природата! 🙌💚

06/10/2026

Не мора секогаш да одиме далеку за да откриеме нешто ново во нашата околина. 👀

Овој викенд го искористивме за посета на Преливната пештера на Извори - природен феномен кој честопати ни бил пред очи, а сме го одминувале без да ја истражиме неговата темнина. Заедно со Spiridon Speleo имавме одлична едукативна тура каде дознавме повеќе за пештерите и карстниот релјеф, а потоа се впуштивме и во истражување на самата внатрешност. 🦇🔦

Огромно благодарам до сите што беа дел од оваа приказна! Бидејќи интересот и енергијата беа одлични, со задоволство најавуваме дека вакви едукативно-авантуристички настани ќе организираме многу почесто.

Останете во тек за нашите следни активности! 🌿⛰️

Изминатиов период работиме посветено на унапредување на искуството на секој посетител и заштита на природните вредности ...
04/10/2026

Изминатиов период работиме посветено на унапредување на искуството на секој посетител и заштита на природните вредности во нашето омилено заштитено подрачје! 🌿

Поставивме 10 нови информативни табли низ целото заштитено подрачје – Споменик на природата Вевчански извори.

Зошто ги поставуваме овие табли?

Едукација и свест: Сакаме секој посетител одблиску да се запознае со исклучителниот биодиверзитет, ретките видови и уникатните природни карактеристики на овој регион.

Одговорно движење: Таблите нудат насоки за движење низ патеките, поттикнувајќи ги одговорното однесување во природата и зачувувањето на чистотата на изворите.

Почит кон екосистемот: Подобрата информираност значи директна заштита на живеалиштата на растенијата и животните кои го нарекуваат ова место свој дом.

Заедно да придонесеме за зачувување на овој природен бисер за нас и за идните генерации! 💧🌲

Активностите се дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори - Фаза 2“ спроведуван од Еко-свест, а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

#ВевчанскиИзвори #ЕкоСвест #Природа #ОдржливоУправување #ЗаштитеноПодрачје #Биодиверзитет

Светско, а наше! - Македонската кандилка и нејзиното место во светскиот хербариум во Лондон.Македонската кандилка (Friti...
16/09/2026

Светско, а наше! - Македонската кандилка и нејзиното место во светскиот хербариум во Лондон.

Македонската кандилка (Fritillaria macedonica Bornm.) е знак за уникатноста на македонската флора. Станува збор за балкански ендемит кој може да се сретне на малку локации во Македонија, Албанија, Косово и Грција. Во Македонија се среќава на планините Јабланица, Кораб и Дешат, на високопланински пасишта на височина од 1.300 до 2.300 метри. Таа е дел од семејството лилјани (Liliaceae), а луѓето ја нарекуваат или „диво лале“ (поради формата) или „кандилка“ (поради тоа што нејзиниот цвет потсетува на мало црковно кандило).
Нејзината препознатливост произлегува од специфичниот изглед кој е поразличен од повеќето претставници од родот Fritillaria, со темнобордо, речиси црнкаво-виолетов цвет и едвај забележлива мрежеста шара. Цветовите се во форма на камбана, поединечни и висечки. За да ја пронајдеш треба да си навистина брз и среќен- расте на високи планини каде што вегетациската сезона е кратка и цвета во многу тесен временски прозорец, веднаш по топењето на снегот. Ова се случува од крајот на мај до средината на јуни-информација вредна за сите трагатели по оваа убавина.

Од Јабланица до Лондон
Целата приказна за неа започнува во почетокот на 20ти век, кога германскиот ботаничар Карл Борнмилер (Karl Bornmüller) за првпат ја опишува во ботаничките публикации за флората на Југоисточна Европа. Нејзината вредност е препознаена и од Кралските ботанички градини во Кју (Kew Gardens) во Лондон, каде што нејзин примерок од 1935 година, собран од нејзиното класично наоѓалиште (locus classicus), Јабланица, е дел од нивниот хербариум (линк до колекцијата- https://powo.science.kew.org/taxon/urn:lsid:ipni.org:names:535205-1). Поради својата убавина и значење за националното природно наследство, во 2008 година уметникот Игор Стевковски изработи илустрација од кандилката која беше издадена како официјална поштенска марка- дел од серијата посветена
на автохтоната флора во државата.

Важно е да се напомене дека поради нејзината реткост, како и малите и фрагментирани популации, таа се наоѓа на светската Црвена листа на загрозени видови (IUCN). Како закани за нејзиниот опстанок се јавуваат неконтролираното пасење, климатските промени кои ги поместуваат височинските зони, како и евентуалното прекумерно собирање од страна на
посетителите.

Совети за сите планинари и љубители на природата:
- Оставете ги луковиците во почвата: Откорнувањето на цветот го спречува нејзиното семенско размножување, што директно води до исчезнување на локалната популација.
- Сликајте, не берете!
- Внимавајте каде чекорите: Движењето по обележани патеки помага да не се оштетат младите изданци под снегот.


Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

Address

Еко-свест Локална канцеларија Вевчани
Vevcani
6335

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38970225604

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Еко-свест Вевчани posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Еко-свест Вевчани:

Shortcuts

Share

Nearby non profit organizations