Планинарски Клуб „Дипсакус“ - Вевчани

Планинарски Клуб „Дипсакус“ - Вевчани Официјална ФБ страна на ПК Дипсакус Вевчани.

Планинарскиот Клуб Дипсакус Вевчани е основан на 21.09.2023 година, од страна на Наум Баткоски, Стојковски Драган, Стојковски Леон, Радиноски Спасе, Кожески Косте, Лотески Томислав и Попески Крстан.
Седиштето на клубот е во Вевчани.

Овластен претставник на клубот е претседателот Наум Баткоски.
Секретар на клубот е Стојковски Драган.

Членови на основачко собрание покрај претседателот и секретарот

се:
Радиноски Спасе, Стојковски Леон, Лотески Томислав, Попески Крстан и Кожески Косте.

Љубовта кон планината и другарството и дадоа живот на идејата за формирање на клубот Дипсакус, чие име на латински е номенклатура за растението познато за Вевчани и вевчанци како василичарка, кое се наоѓа на грбот на општинското знаме.
Истото е симбол на непокорливиот и бунтовен вевчански дух, надалеку познат, слушнат, докажан и признат.

Од тука Дипсакус, може да се поистоветува со непокорливоста при искачувањето на планинарските врвови ширум Македонија, при тоа непотклекнувајќи пред предизвиците и препреките со кои се соочуваме.

Љубовта кон планината и другарството се нашиот мотив - успешен и среќен почеток без крај!!!

16/06/2026

!!!

Понизно пред грамадот на планината Кораб, акумулација на убавината и длабок восхит на грандиозноста на прекрасниот водоп...
14/06/2026

Понизно пред грамадот на планината Кораб, акумулација на убавината и длабок восхит на грандиозноста на прекрасниот водопад.
Петточлена експедиција на Дипсакус, во посета на една од најголемите и најзначајните природни реткости на Македонија.
Уживајте во дел од убавините пејсажи на водопадот и околината. Сите врвови околу водопадот, чиниш швајцарска гарда му стојат!

Бајковитата Јабланица доживеана во еден ден преку сите годишни времиња, акцентот беше ставен на хедонизам и длабок восхи...
12/05/2026

Бајковитата Јабланица доживеана во еден ден преку сите годишни времиња, акцентот беше ставен на хедонизам и длабок восхит на прекраснотиите извезени од исконот...уживајте во дел од магијата на Вевчанска Голина и Вевчанска Локва, сржта на Вевчанскиот крај!

12.05.2026

#природамк #дипсакус

Дипсакус…
09/05/2026

Дипсакус…

📍Јабланица, декември 2025 г.                     🌲
13/12/2025

📍Јабланица, декември 2025 г.
🌲

Ве покануваме на презентација на истражувањето за растението Pterocephalus perennis, спроведено од страна на студенти пр...
07/11/2025

Ве покануваме на презентација на истражувањето за растението Pterocephalus perennis, спроведено од страна на студенти преку програмата за поддршка на млади еколози "д-р Љупчо Меловски" во рамки на Македонското Еколошко Друштво-МЕД, во соработка со Планинарски клуб Дипсакус

Настанот ќе се одржи на
📅 8 ноември 2025 (сабота)
🕐 во 13:00 часот
📍 во Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ – Вевчани

Во рамки на презентацијата ќе бидат прикажани резултатите од истражувањето, методологијата на теренската работа и значењето на видот Pterocephalus perennis за локалната флора и природно наследство.

Настанот е отворен за јавноста и е одлична можност за сите кои сакаат да дознаат повеќе за биодиверзитетот во нашиот регион и тековните истражувачки активности.

Добредојдени се сите љубители на природата !🌿

11.10.2025Планинарска епопеја на Јабланица и искачување на највисокиот врв Црн Камен, во знак и чест на празникот 11-ти ...
12/10/2025

11.10.2025
Планинарска епопеја на Јабланица и искачување на највисокиот врв Црн Камен, во знак и чест на празникот 11-ти Октомври, денот кога слободарскиот македонскиот дух ја испукал првата пушка против злосторствата на фашизмот.

Овој пат мајката планина во боите на Македонијa, прекрасна и раскошна, со сите реткости создадени од некоја возвишена уметност!

📍Јабланица ❄️
04/10/2025

📍Јабланица
❄️

Јабланичка трансферзалаПатеката започнува од село Модрич, од каде преку сртовите над селото Јабланица се стигнува до Рад...
07/09/2025

Јабланичка трансферзала

Патеката започнува од село Модрич, од каде преку сртовите над селото Јабланица се стигнува до Радуч – првиот од високите врвови на планината Јабланица.

Од Радуч патеката се спушта кон село Лакајца, а потоа продолжува со искачување кон Стрижак, вториот највисок врв на планината. Од таму се наѕираат Голините: Лабунишката, Подгоречката и Вевчанската.

Првата и единствена точка за кампување и одмор е Подгоречка Голина, во близина на Подгоречкото Езеро. Понатаму следува искачување на највисокиот врв – Церн Камен. Од него, патеката води преку Керстец, а потоа продолжува до Чумин Врв.

Крајната точка на трансферзалата е крајбрежјето на Охридското Езеро, во село Радожда. До таму се стигнува преку врвот Три Шилки, над селото Вишни, а последниот дел од патеката претставува спуштање од Три Шилки кон граничниот премин Ќафасан, и понатаму до самата Радожда.

Вкупната должина на Јабланичката трансферзала е околу 70 километри. Должината и предизвикувачкиот терен ја прават оваа патека вистински спортски и планинарски предизвик. Планинарскиот клуб „Дипсакус“ и оваа година успешно го совлада овој подвиг.

Среќна и нескршлива љубовта, бериќетна и благословена заедничката иднина на Марија и Душан, вечни и сплотени како Јаблан...
02/08/2025

Среќна и нескршлива љубовта, бериќетна и благословена заедничката иднина на Марија и Душан, вечни и сплотени како Јабланица планина!
Искрени честитки од ПК Дипсакус!

Address

Vevcani
6335

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Планинарски Клуб „Дипсакус“ - Вевчани posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Планинарски Клуб „Дипсакус“ - Вевчани:

Share