23/12/2025
По мене бабо, по мене,
како струпска ертица,
како прилепска ножница,
урааа сурва година.
Во Вевчани, за време на празникот Василица и Вевчанскиот карневал, се негува еден од најстарите и најубави народни обичаи – шетањето на децата од куќа до куќа со песната „По мене бабо, по мене како струпска ертица како прилепска ножница...“.
Со оваа песна децата ја најавуваат Новата година, ја повикуваат среќата, здравјето и бериќетот и симболично го продолжуваат вековниот духовен и културен континуитет на селото.
Домаќините ги пречекуваат децата со радост и ги најмногу со парични дарови, верувајќи дека така во домот ќе влезат благосостојба, радост и плодна година.
Овој обичај претставува значаен дел од нематеријалното културно наследство на Вевчани, кој со љубов и гордост се пренесува од генерација на генерација, зачувувајќи ја автентичноста и духот на Вевчанскиот карневал.