20/05/2026
Денес успешно се одржа официјалниот Launch Event на 2026, кој обедини над 40 учесници претставници на фитнес центри, спортски клубови, организации и ентузијасти посветени на создавање поактивна и поздрава заедница. 🇪🇺
Преку инспиративни презентации, интерактивни дискусии и размена на идеи, учесниците имаа можност да се запознаат со мисијата и вредностите на , иницијатива која ја промовира физичката активност, здравите животни навики и заедништвото преку спорт и рекреација низ цела Европа. 🌍
Особен акцент беше ставен на:
✔️ подигнување на свеста за важноста на физичката активност
✔️ создавање национално фитнес движење преку заеднички активности и партнерства
✔️ вклучување на пошироката заедница во спорт и рекреација
✔️ размена на искуства и идеи за идниот развој на 2026 во Македонија
Учесниците активно дискутираа за спортските навики, предизвиците и можностите за поттикнување на поздрав начин на живот, додека заеднички беа дефинирани и следните чекори за развој на иницијативата.
Благодарност до сите кои беа дел од денешниот вебинар и придонесоа со својата енергија, идеи и мотивација. Заедно продолжуваме да ја шириме важноста на движењето и активниот живот! 💪
📲 Следете нè, бидејќи во следниот период ќе објавуваме повеќе детали, промотивни материјали и информации поврзани со претстојната 2026 кампања!
2026