20/11/2025
Денес во соработка со компанија Комфи Ангел имавме втор здравствено едукативен настан со вработените од компанијата по повод Мовембар месецот за машко здравје.
Голема благодарност за соработката до сопственик и менаџер г-ѓа Ирена Јакимовска и целиот менаџерски тим кои покажаа дека здравјето на вработените им е приоритет.
Мажи, животот е маратон – не спринт. Трчајте го мудро, со грижа за себе и за оние што ве сакаат. Одете на преглед, зборувајте за своето здравје и не се плашете да побарате помош. Нека секој ваш чекор биде чекор кон превенција, кон здравје и кон живот затоа што вистинските победници се оние што избираат да живеат.