17/07/2026
Поглед наназад кон едно инспиративно патување на ученичко лидерство и учество!
Во изминатите неколку месеци, Младински Совет Прилеп имаше можност да биде дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, обезбедувајќи менторска поддршка за ученичките заедници од три средни училишта во Прилеп.
Минатиот ноември, наш претставник од Младински Совет Прилеп - Марија Ташкоска обезбеди менторска поддршка на повеќе од 65 ученици преку 9 интерактивни работилници, помагајќи им да ги развијат своите комуникациски, тимски и лидерски вештини, додека истовремено ги обликуваа идеите за ученички иницијативи.
Во текот на март и април, тие идеи се претворија во реалност. Учениците организираа едукативни филмски проекции, работилници за ученици, наставници и родители, подкасти, видео кампањи, „Ѕид на добри зборови“, кутии за анонимни пораки и многу други активности, опфаќајќи речиси 300 учесници и промовирајќи побезбедни и поподдржувачки училишни средини.
Беше навистина инспиративно да ги гледаме овие млади луѓе како преземаат водечка улога и создаваат позитивни промени во своите училишта. Со завршувањето на оваа активност, горди сме што бевме дел од ова патување и благодарни на секој ученик, наставник и училиште кои придонесоа за неговата успешна реализација. Заедно покажавме дека кога на младите им се дава доверба и поддршка, тие можат да создадат значајни промени во своите заедници.
Оваа активност е дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина, поддржан од Детската фондација Песталоци. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ и СМАРТ АП – Лабораторија за Социјални Иновации.