24/05/2026
Нека е честит Денот на сесловенските просветители, учители Светите Кирил и Методиј !
Родени во Солун во IX век, светите браќа во православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“. Солунските браќа, се главни содавачи на глаголицата. Тие го создале, првото писмо, азбуката, ги поставиле правилата за пишување и станале мисионери на христијанството. Во 1880, папата Лав XIII ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква, додека во 1980, Јован Павле II ги прогласил за созаштитници на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски. Постигнале голем успех во ширењето на христијанството преку словенскиот јазик и новосоздаденото писмо, глаголица. Ги умножувале преведените свети книги во местата во кои престојувале и ги ширеле меѓу тамошните свештеници и народот. Светите браќа покрај големите успеси, се соочувале и со противници, често претрпувајќи тешки трауми со затворање и прогонство.
Со делумната либерализација на османлискиот систем кон средината на XIX век, изградбата на нови цркви и формирањето на црковно - училишните општини, во Македонија настапува нов бран на проширување. Преродбеничкото движење, со јасно искажани барања за обновување на Охридската архиепископија, за воведување на народниот јазик во училиштата и црковнословенскиот јазик во богослужбата, кое настапило кон средината на XIX век, во голема мера ќе придонесе ликовите на Солунските браќа св. Кирил и св. Методиј и нивните ученици да станат неизоставен дел на сликарската програма во храмовите на македонските црковно - училишни општини. Одбележувањето на празниците на св. Кирил и св. Методиј, на деновите на св. Климент и св. Наум, на Седмочислениците како единствена група, во преродбата се прогласуваат за сенародни празници на основоположинците на словенската писменост.
📍Светите Кирил и Методиј и Св. Кирил Александриски, црква Св. Ѓорѓи, Курбиново (1191г.)