29/10/2026
Советот за женско претприемништво на Општина Охрид зеде активно учество во панел дискусијата организирана од Асицјацијата на Бизнис Жени и Фондацијата Конрад Аденауер под наслов "Килентелизам, Реципроцитет и Информални Политички Мрежи", која се одржа во рамки на ИнСЕАН Конференцијата "Социјалниот живот и неформалноста" и претставува платформа за размена на знаења, искуства и истражувачки наоди поврзани со различните форми на неформалност и нивното влијание врз општествените, политичките и економските процеси. Посебен акцент беше ставен на улогата на институциите, бизнис - заедницата, младите и жените претприемачи во унапредувањето на деловниот интегритет, отчетноста и создавањето фер и предвидлива бизнис средина. Преку отворена размена на искуства, знаење, ставови и препораки учесниците придонесоа кон идентигикување на конкретни мерки за намалување на корупциските ризици, зајакнување на транспарентноста и подобрување на условите за работа на компаниите во државата и пошироко.