14/08/2026
Мала ретроспектива: 20 години подоцна. 🌒
Пред точно две децении, вака изгледаше затемнувањето на Сонцето видено од Охрид. На најпознатиот светски медиум за астрономија и вселена (Space. com) беа објавени вкупно 19 фотографии од овој настан, кои потоа ги презедоа сите останати светски медиуми.
Од тие 19 фотографии дури 2 беа мои а светот веќе се запознаваше дека љубов кон Астрономијата постои и во Охрид
Ова беа Почетоците на Астрономско Друштво во Охрид
За да ве вратам малку назад во времето и контекстот: тогаш имав само 19 години. Првиот iPhone излезе дури една година подоцна (2007). Процесорот Intel Core 2 Duo штотуку се појави на пазарот, а Pentium 4 сè уште беше поим за моќен компјутер. Во Македонија, едвај 17% од домаќинствата имаа некаков интернет, и тоа со брзини од 256 до 768 Kbps (ниту 1 мегабит... освен ако не бевте голема корпорација).
Огромна благодарност до Радан од Скопско Астрономско Друштво за поддршката во тие моменти а и до ден денес.
Стојан Стојановски 2С