Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово

  • Home
  • Macedonia
  • Kumanovo
  • Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово

Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово •Хуманост
•Непристрасност
•Неутралност
•Независност
• Доброволна служба
• Единство
• Универзалност

Црвениот крст на Македонија е формиран на 17 март 1945 година; Црвениот крст на Република Македонија е признат како национално друштво на Црвен крст од Меѓународниот комитет на Црвениот крст на 01.11.1995 а на 27 ноември 1995 година станува полноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина, како 169 членка на Меѓународното движење. Како б

итни услови за признавање на националното друштво Црвен крст на Република Македонија се:

1. Прифаќање на Женевските конвенции од 12 август 1949 и Дополнителни протоколи од 1977 Владата на Република Македонија на 25 август 1993 година ги ратификува наведените документи;
2. Собранието на Република Македонија на 26 јули 1994 година го донесе Законот за Црвениот крст на Република Македонија.
Црвениот крст на Република Македонија е единствена организација на територијата на Република Македонија, која ја сочинуваат организациите на Црвениот крст на општините и градот Скопје. Црвениот крст на РМ не претставува здружение на граѓани, но е доброволна, масовна, самостојна, невладина, непартиска и независна хуманитарна организација на граѓаните на Република Македонија. Положбата и задачите на Црвениот крст, употребата и заштитата на амблемот и името на Црвениот крст, како и начинот на финансирање на задачите на Црвениот крст се уредени во посебен закон Закон за Црвениот крст на Република Македонија (Сл. Весник бр.41/94). Со Статутот на Црвениот крст на РМ поблиску се уредени поставеноста и структурата на Организацијата како и основните цели и задачи и истиот е во согласност со Статутот на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

ВИЗИЈА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РМ

Нашето работење втемелено врз универзалните принципи, има моќ да го унапреди светот во кој живееме преку промовирање на мир и толеранција, ефикасна превенција, навремен одговор и соодветна поддршка за ранливото население.

МИСИЈА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РМ
“ Да го спречи и ублажи човековото страдање каде да е, да го заштити животот и здравјето, да обезбеди почит и достоинство за човековото битие, особено во време на вооружени конфликти, несреќи и катастрофи, да работи на превенција на болестите и унапредување на здравствената и социјалната добросостојба на луѓето, да поттикне доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

”ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Е ХУМАНИТАРНА, ВОЛОНТЕРСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА ДЕЛУВА СОГЛАСНО ОСНОВНИТЕ ПРИНЦИПИ НА МЕЃУНАРОДНОТО ДВИЖЕЊЕ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ И ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА, РАБОТЕЈЌИ НА ПЛАНОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПОМОШ И УСЛУГИ НА РАНЛИВОТО НАСЕЛЕНИЕ И ПРОМОВИРАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНОТО ХУМАНИТАРНО ПРАВО И ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ.”

30/05/2026
🩸🏫 Крводарителска акција на Карго Солутион Куманово.📅 На ден 27.05.2026 година, во периодот од 10:00 до 14:00 часот,Црве...
28/05/2026

🩸🏫 Крводарителска акција на Карго Солутион Куманово.
📅 На ден 27.05.2026 година, во периодот од 10:00 до 14:00 часот,
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово ❤️, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина 🏥, реализираше крводарителска акција во Карго Солутион Куманово.
👏 Благодарение на хуманоста и одговорноста на вработените, беа реализирани 8 крводарувања 🩸, со што се даде значаен придонес во обезбедување на потребните крвни резерви.
🙏 Голема благодарност до Карго Солутион за поддршката и успешната организација, како и до сите крводарители за нивната несебичност ❤️.
🩸 Дарувај крв – спаси живот! ❤️

🩸🏫 Крводарителска акција на ФК Биџо.📅 На ден 26.05.2026 година, во периодот од 10:00 до 14:00 часот,Црвен крст на Републ...
28/05/2026

🩸🏫 Крводарителска акција на ФК Биџо.
📅 На ден 26.05.2026 година, во периодот од 10:00 до 14:00 часот,
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово ❤️, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина 🏥, реализираше крводарителска акција во ФК Биџо.
👏 Благодарение на хуманоста и одговорноста на граѓаните и членовите на клубот беа реализирани 17 крводарувања 🩸, со што се даде значаен придонес во обезбедување на потребните крвни резерви.
🙏 Голема благодарност до Фудбалскиот Клуб Биџо за поддршката и успешната организација, како и до сите крводарители за нивната несебичност ❤️.
🩸 Дарувај крв – спаси живот! ❤️

🩸❤️ КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ❤️🩸Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка ...
21/05/2026

🩸❤️ КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ❤️🩸

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со ФК Биџо, Ве покануваат да бидете дел од хуманата мисија за спасување човечки животи.

📅 Датум: 26.05.2026 (вторник)
⏰ Време: 10:00 – 14:00 часот
📍 Локација: Простории на Црвен крст Куманово

Секоја дарувана единица крв може да помогне и да спаси повеќе животи. Со само неколку минути од Вашето време можете да направите огромна разлика за некого кому помошта му е најпотребна.

⚽ ФК Биџо и Црвен крст заедно испраќаат порака:
„Дарувај крв – биди дел од најважниот тим!“

Ве очекуваме да ја покажеме хуманоста на дело!

🏫Отворен ден организиран од ОСТУ „Наце Буѓони“ во Куманово.📍На ден 19.05.2026 година, претставници и волонтери од Црвен ...
20/05/2026

🏫Отворен ден организиран од ОСТУ „Наце Буѓони“ во Куманово.

📍На ден 19.05.2026 година, претставници и волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија – Куманово учествуваа на Отворениот ден организиран од ОСТУ „Наце Буѓони“ во Куманово.
✨Настанот претставуваше одлична можност за учениците и посетителите поблиску да се запознаат со активностите, програмите и можностите кои ги нуди училиштето, како и со работата и хуманитарната мисија на Црвениот крст. ⛑️Волонтерите на Црвен крст Куманово ги претставија своите активности од областа на првата помош, хуманитарното дејствување и младинските програми, при што ја истакнаа важноста на волонтерството, солидарноста и хуманоста кај младите.
📍Воедно, беше истакната и добрата соработка помеѓу ОСТУ „Наце Буѓони“ и Црвен крст Куманово, која придонесува за успешно реализирање на заеднички активности, едукации и настани во интерес на младите и локалната заедница.♥️

На ден 19.05.2026 година, во просториите на Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Куманово, се одржа конститутив...
19/05/2026

На ден 19.05.2026 година, во просториите на Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Куманово, се одржа конститутивно-изборното собрание за мандатниот период 2026–2030.
На седницата беа потврдени мандатите на 23 делегати, кои со своето активно учество придонесоа во работата и донесувањето одлуки, согласно статутарните одредби на организацијата.
Посебна чест за нашата организација претставуваше присуството на д-р Саит Саити, Генерален секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, чие присуство даде дополнителна важност на седницата.
Во рамките на седницата беа избрани: за претседател на организацијата Д-р Нухи Јусуфи, за потпретседател Ика Ѓорѓевиќ, членови на Раководниот одбор, претседател, потпретседател и членовите на Финансиската комисија, како и делегатите за Собранието на Црвениот крст на РСМ.
На сите избрани делегати им упатуваме искрени честитки и им посакуваме успешен и плоден мандат, исполнет со посветеност, одговорност и реализација на бројни хуманитарни активности во интерес на заедницата.

✨Свечено отварање на ,,Спортски игри за млади“ 📍На ден 15.05.2026 година (петок), Општинската организација на Црвен крст...
18/05/2026

✨Свечено отварање на ,,Спортски игри за млади“

📍На ден 15.05.2026 година (петок), Општинската организација на Црвен крст Куманово активно се вклучи во поддршката на свеченото отворање на „Спортски игри за млади“, кое се одржа во Спортската сала во Куманово, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, Владата, Министерството за спорт и Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово.

✨На настанот учествуваа околу 300 ученици – најдобрите училишни екипи од Општините Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце, Кратово и Крива Паланка, кои преку спорт, тимска игра и дружење ја промовираа важноста на здравиот живот и спортскиот дух.

⛑️Во рамки на активноста, волонтерите на Црвен крст Куманово беа ангажирани за делење на освежителни пијалоци на присутните учесници и гости, додека двајца волонтери беа ангажирани во областа на прва за време на натпреварите во мал фудбал.

📍Горди сме што повторно бевме дел од еден вака значаен спортски настан и благодарни за укажаната доверба и долгогодишната успешна соработка.

13/05/2026

Постојат луѓе кои оставаат трага не само со своите зборови, туку и со својата добрина, хуманост и човечност. Нашиот колега Гиго беше токму таков човек —

🩸Крводарителска акција во Модуларна болница Куманово📍На ден 12.05.2026 година, во периодот од 11:00 до 15:00 часот, Црве...
12/05/2026

🩸Крводарителска акција во Модуларна болница Куманово

📍На ден 12.05.2026 година, во периодот од 11:00 до 15:00 часот, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со 🩸Институтот за трансфузиона медицина, реализираше крводарителска акција во Модуларната болница во Куманово.
🆎Благодарение на хуманоста и одговорноста на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки од Куманово, беа реализирани 26 крводарувања, со што се даде значаен придонес во обезбедување на потребните крвни резерви.
🅰️Дарувај крв – спаси живот! 🅾️

Одржан јавен настап на кандидатот за Претседател на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација ...
12/05/2026

Одржан јавен настап на кандидатот за Претседател на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово

На 12.05.2026 година, во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, се одржа јавен настап на кандидатот за Претседател на организацијата за мандатниот период 2026–2030 година Д-р Нухи Јусуфи. На настанот присуствуваа претставници од Централната канцеларија, вработени, членови на Раководниот одбор и Собранието, лични асистенти и негуватели, млади волонтери и поддржувачи.

Во рамки на јавниот настап беше претставена биографијата на кандидатот д-р Нухи Јусуфи, неговото професионално и волонтерско искуство, како и четиригодишната програма за работа и развој на организацијата. По презентацијата, д-р Нухи Јусуфи одговараше на прашања поставени од присутните, при што се отвори конструктивна дискусија за идните активности, развојот на хуманитарните програми и унапредувањето на работата на организацијата. На крајот од настанот, Секретарот на Општинската организација Куманово како и присутните му посакаа успех во претстојниот изборен процес.

Address

11 Oktomvri 4
Kumanovo
1300

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово:

Share