14/01/2026
🎙️ Денеска гостувавме во подкастот Pulse of Democracy, каде се разговараше за нашиот активизам во граѓанскиот сектор, улогата на невладините организации во јакнењето на демократијата, како и за поврзувањето на институционалната работа со теренскиот и проектниот ангажман.
🤝 Во рамки на разговорот беа отворени теми поврзани со граѓанскиот активизам, почетоците на ангажманот во граѓанскиот сектор, како и значењето на младинските политики на локално ниво, со посебен осврт на состојбите и предизвиците во Општина Куманово и начинот на кој ДРОМ дејствува на локално ниво.
🛡️ Се дискутираше и за функционирањето на безбедносниот сектор, кризното управување и потребата од подобра институционална координација, вклучително и меѓу Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Министерството за внатрешни работи (МВР).
📊 Во подкастот беа презентирани и конкретни резултати од работата на нашиот партнер Institute for Research and Policy Analysis – Romalitico, каде преку параправен ангажман успешно се затворени 530 од вкупно 600 досиеја, а 30 лица без лични документи („фантом лица“) добија лична документација.
👥 Воедно, беше претставен проектите на ДРОМ „Младите во борба против корупција“, и ,,Мостови на разбирање" како и иницијативата за поставување 138 соларни светилки на критични локации, реализирана според методологијата Crime Prevention Through Environmental Design (CPTED), како пример за превенција од криминал преку унапредување на јавниот простор.
🌍 Учество во вакви јавни дискусии претставува важен дел од мисијата на ДРОМ за унапредување на човековите права, локалната демократија и безбедноста, преку активно граѓанско учество и институционална соработка.