13/05/2026
Сите се радуваме на пролетта, таа носи убаво време, прекрасни промени на природата и топлина во срцата на луѓето. Времето се затоплува, дрвјата цутат, се слуша песната на птиците, а ние твориме.
Вчера, се реализираше пролетна работилница на која тимот и најмалите од Инклузива-Inkluziva заедно со учениците од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово/ Gymnasium "Goce Delchev" - Kumanovo на иницијатива на професорката Lidija Tasevska, подготвија пролетни изработки со кои го украсија просторот на Центарот за индивидуална работа.
Ви благодариме на соработката, заедничката дружба и вниманието. Ве очекуваме наскоро🥰.