Училишен младински клуб ,,Драгана Минова" Кочани

  • Home
  • Macedonia
  • Kocani
  • Училишен младински клуб ,,Драгана Минова" Кочани
Directions Website

Училишен младински клуб ,,Драгана Минова" Кочани Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Училишен младински клуб ,,Драгана Минова" Кочани, Youth Organization, Улица Борис Трајковски бр. 42, Kocani.

Младинска организација-Училишен младински клуб ,,Драгана Минова"- ООУ ,, Раде Кратовче" Кочани

Училишниот младински клуб при ООУ „Раде Кратовче“ е основан во октомври 2022 по иницијатива на наставничките Сања Павлова Димитрова и Анита Стојанова.

💙💚❤️ ЧЕСТИТ ДЕН НА РОМСКИОТ ЈАЗИК!Училишниот младински клуб „Драгана Минова“ при ООУ „Раде Кратовче“ Кочани упатува искр...
05/11/2026

💙💚❤️ ЧЕСТИТ ДЕН НА РОМСКИОТ ЈАЗИК!

Училишниот младински клуб „Драгана Минова“ при ООУ „Раде Кратовче“ Кочани упатува искрени честитки по повод Денот на ромскиот јазик!

🤝 Заедно градиме училиште во кое секој јазик, секоја култура и секое дете се вреднувани и почитувани!

🟠 5 НОЕМВРИ – ДЕН ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТАПо повод одбележувањето на овој значаен ден, во нашето училишт...
05/11/2026

🟠 5 НОЕМВРИ – ДЕН ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА

По повод одбележувањето на овој значаен ден, во нашето училиште, ученичката Јана Михајлова од IX3 одд. реализираше работилница посветена на препознавањето, превенцијата и спречувањето на насилството.

💬 Преку разговор, размена на мислења и заеднички активности, учениците размислуваа за важноста на почитувањето, емпатијата, ненасилната комуникација и меѓусебната поддршка.

🏫 Заедно создаваме училишна средина во која секое дете се чувствува безбедно, прифатено и почитувано.

🤝 Заедно градиме училиште без насилство!

#училишенмладинскиклубдраганаминова
#ооурадекратовче

🗓️Утре, 05.11.2026, 13ч.📍Кабинет по природни науки🔉Заедно да создадеме училиште без булинг!
04/11/2026

🗓️Утре, 05.11.2026, 13ч.
📍Кабинет по природни науки
🔉Заедно да создадеме училиште без булинг!

ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани, заедно со Училишниот младински клуб „Драгана Минова“, денес учествуваше во акцијата за соб...
14/10/2026

ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани, заедно со Училишниот младински клуб „Драгана Минова“, денес учествуваше во акцијата за собирање текстилен отпад, иницирана од Општина Кочани.
Оваа активност е уште една потврда дека училиштето не е само место за стекнување знаења, туку и средина во која се градат вредности, се развива општествената одговорност и се воспитуваат млади луѓе кои знаат дека иднината зависи и од нивните постапки.
Преку учеството во акцијата, испративме јасна порака дека секоја промена започнува со личен пример, а секое добро дело добива поголема вредност кога е направено за заедничкото добро. Правилното постапување со текстилниот отпад и грижата за природните ресурси се важни чекори кон почиста и поздрава животна средина.
Училишниот младински клуб „Драгана Минова“, чиј претседател е проф. Сања Павлова Димитрова, продолжува да ги поттикнува младите на активизам, солидарност и општествена одговорност, покажувајќи дека младите не се само иднината на нашето општество, туку и важен двигател на позитивните промени денес.
Преку ваквите активности, кај учениците се развива свеста дека природата е богатство што треба да го чуваме, почитуваме и оставиме во наследство на генерациите што доаѓаат.
💚 Да оставиме зад себе добри дела, а пред себе – почиста иднина!
ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани и Училишниот младински клуб „Драгана Минова“ остануваат посветени на воспитувањето одговорни, хумани и активни млади луѓе, кои со своите постапки ја потврдуваат вербата во подобро утре.
🌱 Затоа што промените почнуваат од нас, а иднината ја градиме заедно!

13/10/2026
💚 10 ОКТОМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ 💚🧠💚 Твоите чувства се важни. Твојот глас заслужува да биде слушнат!По ...
10/10/2026

💚 10 ОКТОМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ 💚

🧠💚 Твоите чувства се важни. Твојот глас заслужува да биде слушнат!

По повод 10 Октомври – Светскиот ден на менталното здравје, Училишниот младински клуб „Драгана Минова“ при ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани потсетува дека грижата за менталното здравје е важна за секој од нас, особено за младите.

✨ Да зборуваме отворено за нашите чувства.
✨ Да се слушаме едни со други без осудување.
✨ Да бидеме поддршка кога некому му е тешко.
✨ Да ја шириме емпатијата, разбирањето и почитта.Понекогаш, едно искрено „Како си?“, внимателно слушање или мал знак на поддршка може да направи голема разлика. 💚

Не мора секогаш да бидеме силни. Важно е да знаеме дека не сме сами!

📢 Да ги слушнеме гласовите на младите, да ги почитуваме нивните искуства и заедно да создадеме училиште и општество во кое секој ќе се чувствува прифатен, разбран и поддржан.

💚 Зборувај. Слушај. Поддржи. Биди тука!

Со љубов и грижа,
УМК „Драгана Минова“
при ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани

#СветскиДенНаМенталнотоЗдравје #УМКДраганаМинова #МенталноЗдравје #МладитеСеВажни

🎉🎂 4 ГОДИНИ УМК „ДРАГАНА МИНОВА“! 💙✨Четири години исполнети со идеи, креативност, дружење, младинска енергија и многу уб...
07/10/2026

🎉🎂 4 ГОДИНИ УМК „ДРАГАНА МИНОВА“! 💙✨

Четири години исполнети со идеи, креативност, дружење, младинска енергија и многу убави спомени! 🥰🌟

Од првата идеја до денес – заедно создадовме простор каде што секој млад човек може да се изрази, да научи нешто ново, да помогне и да остави свој печат. 💫

💙 Благодариме на сите ученици, наставници, родители, партнери и пријатели кои беа дел од нашата приказна!

🎈 Продолжуваме уште посилно, покреативно и со уште повеќе убави предизвици!

🥳 Среќен 4. роденден, УМК „ДраганаМинова“!

#УМКДраганаМинова #4Години #МладинскаЕнергија #Креативност #ЗаедноСоздаваме

Дојдете сите заедно да го прославиме роденденот на нашиот УМК Драгана Минова🎉🎊🎂, ве очекуваме, сите членови на клубот.
06/10/2026

Дојдете сите заедно да го прославиме роденденот на нашиот УМК Драгана Минова🎉🎊🎂, ве очекуваме, сите членови на клубот.

 #ДеновиНаОризот  #УМКДраганаМинова  #УСКПетарИвановски  #ООУРадеКратовче  #Кочани  #Традиција  #Младост  #Креативност
03/10/2026

#ДеновиНаОризот #УМКДраганаМинова #УСКПетарИвановски #ООУРадеКратовче #Кочани #Традиција #Младост #Креативност

Address

Улица Борис Трајковски бр. 42
Kocani
2300

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Училишен младински клуб ,,Драгана Минова" Кочани posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Nearby non profit organizations